Супер. таман ќе си спремаш пополека за доаѓање на бебушот јас си го чувам одморот за после пораѓај да ја носам на адаптација
Јас вчера гледав реприза Survivor, и еден го имаше каснато оса и толку ми беше смешен што се утепав од смеење солзи почнаа да ми течат и наеднаш на сред смеење почнав да рикам од плачење… маж ми ми вика што ти е, не знам дали плачеш дали се смееш. Не знам што ми стана… не знам ни зашто плачев.
На мојата апликација од денес сум 23 и сум 6ти месец, според твојата веќе сум во 6ти од пред една недела, секаде различно ги рачунаат. Туку кога стигнавме до 6ти летна времето
Девојчиња, какви ви се мешињата воглавно, тврди или меки. Мене како да ми беше некако потврд, сега последниве 2 дена како мн помек да ми е, а не знам каков би требало да биде, некако се мислев дека така потврд е нормално. Не знам дали има простор за грижа.
Хахаха ме изнасмеа за кафаните, и ние цело време сме нешто слично кај и да треба за враќање јас возам Одморот од оваа година некако не ми се троши сега,повеќе сакам да ми остане за после тоа кога ќе треба да се вратам, со бебче ќе бидам, а лански имам само 1недела..незнам како и дали ќе можам со боледување да се искомбинирам или сепак да си одам до кога можам повеќе на работа со надеж дека нема да фатат ептен јаки жештини во мај месец дека термин средина јуни ми е
Јас со првото едвај чекав да се вратам на работа, се збеснав дома. Од тоа искуство, сега зрмав одмпр сега, за стварно да се одморам, зашто кога ќе се роди бебе, со бебе и тодлер, одмор нема.
Сте пиеле ли нешто за смирување,на природна база на пр Ашваганда,многу сум нервозна особено одсабајле,ќе имам и прваче и бебе,па целата таа ситуација...
Женски во 34 недела матичната ми го измери бебчето 2700гр, сега бев кај докторката што ќе ме пораѓа 35+6 пак 2700. Јас се испаничив дека не напредува. Знам секој доктор различно мери, но што е следно ако бебето не напредува? Докторката сега ми рече дека ништо не може да каже бидејќи не го мерела она претходниот пат, дека одговара килажата на неделата и ќе видиме на следната контрола како ќе биде. Во 33та недела на третиот скрининг доплерите беа ок.
Нема лоша килажа, зошто паничиш. Ако било за паника и ќе ти кажеле. Плус не го мерат на вага, туку компјутерски, што не е секогаш релевантен резултат. Имаш време до пораѓај. Да не биде мало мало, па 4 кила да се роди
Ништо чудно и тоа, се почесто се дешава тоа рече и докторката, до следна контрола да не носиме заклучоци..паничам дека цело време од старт го мереа 2 недели по напред, а сега 2 недели иста килажа и се израмнило со неделата
Незнам дали е соодветно прашањето тука, ама тука сите сте поактивни па си викам да пробам Да не знае некоја каде може да најдам држач за телефони на количките? На twistake е поминат попустот на тие држачи, закаснив јас некако..