Јас и ти сме тука со термините, 32+2сум Исто и јас сум сега на боледување неколку дена од матичен гинеколог, па после празникот ќе земам стар одмор и од општ матичен боледување колку ќе можам па да видам што покасно да го отворам породилното.. и мене ми се смачи од работа па сме заслужиле малку одмор пред бебушите
Алал да ви е како издржувате со работа до крај. Јас 24-та сум, па смачено ми е од работа, а не дека нешто многу работам. Ем скратено, ем не ми е тешка работата. До 31-ва здравје ќе одам, после тоа почнува тука трудничката заштита. Па, здравје мислам година ипол да земам породилно откако ќе се породам.
Јас планирам до 36та да одам на работа. Седам цел ден и нема смисла да седам дома кога не ми е напорно. Плус сега добив покачување, па нема поента да седам дома После 36та здравје одмор ќе земам па ќе отворам породилно. Само да сме живи и здрави.
Добро освен од Белина, може ли да предложиш некои други креми кои смее да ги користиме, што ги има по аптеките поголеми. Фала однапред
Луѓе се лизнав во вц и паднав сега, коленото и бутот ги удрив. Ќе се испокршам во 36 недела се исплашив за бебчето да не му е нешто и се јавив на матичната ми рече ништо дека не е. Некој со вакво искуство?
Менструација имав на 31.03 ама само 2 дена и 3 ден само малку имав. Незаштитени односи цело време бидејќи се обидуваме за бебе. Нестрплива сум дали утре ако се тестирам со лабоквик ќе покажи точно? Од симптоми градиве ме болат, изострено сетило за мирис и после 6 дена од менструација имав како грчеви и болка во јајниците Искуства некој да ми каже
Јас исто пред два месеци се лизнав кога се капев со главата во плочки и коленото го удрив. Главата два дена ме болеше. Се исплашив малку. После неколку дена бев на преглед се си беше во ред.
Јас кога забременив исто така имав "добиено" 2-3 дена и така малце, како што кажуваш...после 2 недели имав исто така чудни симптоми, направив тест, испадна позитивен, и еве сум 35та недела, при крај. Дај боже да е позитивен тестот !
Ах грешка имам направено кога добив ме болеше главата и се напијав аналгин.... ако сум бремена што ќе правам.....
Ништо страшно не е тоа, и јас се имав напиено кафетин и ибупрофен, бидејќи незнаев дека сум бремена, и све си беше океј, ништо неможе да биде од 1 апче. Направи си тест, и пиши добри вести, чувај се
Осеќам движења, се надевам дека се е во ред чим докторката рече дека си е убаво заштитено.. Утре кој знае со какви модрици ќе се разбудам
26 недела сум, бебето го осеќам во препони буквално (кај ластикот на гаќите), дали со нозе или со раце буквално ме чепка. Не е премногу ниско?
Јас сум 19+3 исто го осеќам доле кај бешиката, кога бев последно на преглед рече дека со нозете е доле, мислев да не ми се спуштил стомакот ниско
Кога стојам или седам подолго вака ми се случува, како да ми натежнува многу стомакот, а и после јадење исто мислам дека притиска надоле и храната и морам да легнам. Не знам дали е нормално или се секирам за глупости? Јас сега едвај се движам со стомаков и го држам цело време, а до 36 имам уште 10 недели...
Ми препиша доктор вагиналетки , прв пат ставам. Сега се ми е на мисла ако имам некој исцедок како ќе приметам дали е од вагиналетка или е плодова вода пукнат водењак и слично. 35+6 денес.