Инхалатор ако имаш со 3 мл физиолошки раствор. Ако не земи крупна морска сол три лажици големи и во жешка вода. Така ингалирај се сега пред спиење. Плус лимон чист земи две лажици. Исто пробај прегорен шеќер, со путер една лажица и млеко. До утре како нова. И ова ми текна сега, свари два кромиди со се лушпа, цел лимон убаво измиен и мед. Во 1 л вода, да изврие до пола и така чајот пиј си го
Незнам стварно секој ден што минува и доаѓа сум во страв со овие д димери и хемостаза Прво ми препиша 50 па ме погледна рече а како е ехото реков ок е, вика од 1 април беше, стопирај 15 дена па пак ќе видиме и така помина бев 15ти април ехо гин. И 16ти утредента Јани извадив крв и овој извештај ми го даде и толку А јас гледам дека се скратени 2 времиња и високи д димери за мојата недела
Јани еднаш вака еднаш така, во моментот изгледа како ќе го фатиш, ова од што читам мислења тука, јас не сум била никогаш кај него.
Јас имав многу болки во грло и ме држеше сигурно 10тина денс во 34 недела. Прво се лечев само со чаеви супи лимон мед ама тоа само моментално ми помагаше, на пола сат пиев од тоа колку ме болеше. После земав и пантенол и прополис. Искрено тој пантенол не го ни осеќав повише ми помагаше негро бомбона. На крај пошто не ме попушташе бев на специјслист за грло и ми даде оспен сабајле и вечер плус да лижам бонбонки едни на А, ги заборавив како беа и тоа 5-6 на ден. 4 дена така плус чаеви и се смири. Тоа е моето искуство веќе во 8ми месец можеби за порано не е дозволено. Види си со општ матичен и со својот гинеколог.
Мене почнува возбуда да ме фаќа.. Прво бебе ќе ми е и не знам баш што да очекувам од пораѓај не се плашам сега за сега. Само многу сум емотивна уште не ми е верно дека за толку кратко време ќе стигне мал бебко во мојот живот. Кога одам на цтг одма се разнежнувам, како ли му е во стомакот. Бев малку во паника претходните денови зошто уште ми немаа стигнато количката ни креветчето, немав ништо испеглано, а на цтг болки. Кога удрив една работна акција сега се е спремно чисто испеглано. Земав и козметика цуцли шише се по ред, сега може да одмарам и да го чекам бебко.
Упатот обично трае 1 месец, значи контроли до 1м можеш со истиот упат да правиш до 04.04. Мада и после тоа мислам не би требало... дека јас и со првото пред 9г уште од 36та почнав да одам во Чаир, а се породив 40+8. Нов упат не земав, си формираат и они сами таму...
Возбуда, страв, паника од се имам.... не се секирај за креветче и количка баш првоте денлви можи и нема ни да ти треба сакам да кажам се се постигнува .. Јас ко се породив со првото и ко си дојдов мислам од лревет не можев да станам со денови и бебе спиеше на спална до мене после клга зарасна раната почнав во креветче
Извинете што се мешам, само количката мислам дека ќе е поважна поради транспортерот,друго и ништо да не е спремно мислам дека ќе се снајдеме сите Јас сега за сега немам никаков страв, дури од што неможам да дочекам скоро се ми е спремно а уште сум 33та недела
Јас терам 36... ауште вп 33 фатив исправ, испеглав, спремив работи за мене и за бебе и сега гледам дека арно што тогаш се колу колки оправив сега немам сила како маратон да трчам се осеќам.... немам сила ич...едвај чекам да дојди денот кога ќе си го видам синчето другото се ќе истрпеме
И јас сум превозбудена, не се знае дали за два дена или за две недели ќе си ги запознаеме бебенцата и животот ќе ни се смени скроз. Кога ти беше термин? Јас и ти сме разлика мислам само 2 дена.
Keti pominat nese sekiraj,epten dobro reagira magneziumot,neznam koj tigo dale ama jas ovoj na solgar epten mie dobar
Devojki osecam tapa bolka na levata strana koga stanuvam da se razdvizam A i go osekjam bebus na taa strana 26 nedela sum
@Konstrakta Еве апдејт и од мене. Очајна станувам 33 дена крварење имам. Бев Гак, Чаир, матична и Систина. Во Чаир лежев три дена на патолошка, ми се јави крварење огромно, цела куќа беше со крв, шприцаше од мене, цело ќебе наполнив, пешкири и памперси не помагаа. До сега ме имаат видено над 10 доктори се вкупно, некои по повеќе пати, значи прегледи во последниов месец имам над 15. Никој не ми кажа причина за крварење, сите ми кажаа бебето е супер, расте добро, вода и постелка добри. Никој не гледа преку ехо, вагинална сонда и спеклум причина за крварење. Испитување на крвта, ддимери и хемостаза се во ред. Во ред пишувам, но: ддимери ми се малку покачени (од сите само еден ми напомена клексани но со крварење дали е тоа паметно да се разрњди уште толку?), имав покачено црп 7,5 но го симнаа, хемоглобинот ми е низок и ќе почнам со тотхема, до сега друго не даде резултат. Единствен проблем што сите ми го кажуваат е намалениот цервикс и бактерија. Што е ок, претходната бременост исто имав скратен, исто бев склона на бактерии па издржав до 40 недела. Примам сега Сумамед за да се исчисти што и да е. Во Чаир освен ехата и крвна слика ништо не ми правеа, ми дадоа Цефалексин кој ми го прекинаа и ми рекоа за 3 дена оди направи брисеви, ако се чисти ќе ставиме серклаж. Не ми дадоа ни инфузија, а 3 пати се онесвестував плус изгубив многу крв. Цервиксот ми се движи од 2-3цм. Ми го прекинаа антибиотикот што они ми го дадоа и ме ставија свесно во проблем. Ем сум почнала антибиотик па прекинат, ем брисевите ќе се покажеа чисти (најмалце 7-10 дена треба по антибиотик да се направат) и ќе ме заебеа со ставање на серклаж зошто реално може да не сум чиста долу и ќе се случи сигурен спонтан. Сега, со Сумамед и чекање од 10 дена најмалку, после тоа ќе биде касно за серклаж, односно ризикот е се поголем, може да се стави и во 30 недела, не негирам ама е преризично. Утре сум кај Димчев во Систина, имам закажано регуларен втор скрининг, уште неговото мислење ми остана и веќе не барам, што биде нека биде, може ќе си крварам до крај. А за цервиксот знам, прогестеронска терапија и инекции и апчиња пијам, мирување и чистење на инфекции, тоа е тоа. Можно е да барам упат за на трансфузиолог, но еве денес матичната ми вика димери и хемостаза крвна слика испитани, тоа е најбитно и не ми даде. А во Чаир ми спомнаа некои испитувања ама не можев да ги запамтам им реков да ми ги напишат, ми пишале само консултација со трансфузиолог. Ако знаете некои пишете ми ги. Утре сум 21 недела има уште многу, цело лето
Каде ќе се пораѓаш? Јас одлучив во Систина, како што сфатив ништо не треба да носам од дома па не сум ни спремала.