Јас во Плодност. Си ставив нешто ситно, гелот за лице, кремчињата што си ги користам за лице и тело, стегачи за коса некои такви лични работи друго се има таму, документите си ги спремав во една папка и сетот за матични клетки близу до торбата да не заборавиме нешто ако сме во паника Во главно не сум многу исплашена бидејќи не знам што ме чека, но сум многу возбудена Не се ни распрашувам кој како поминал, ќе одам така на слепо.
Поздрав! 8ма недела сум. Во 6та ми е виден хематом од 19мм. И пијам прогестерон од 10мг 3×1. Се ок до денес, имам кафеав исцедок. Баш сум исплашена, претходно имав спонтан Поручек ќе видиме на ехо
Мила, ти праќам виртуелна поддршка, верувам дека ти е премногу тешко психички, не знам дали ме нервира нешто повеќе од милион прегледи и на крај да си без дијагноза... Не можам да разберам како не може да се види од каде доаѓа крварењето? Да не случајно има некој полип, миом, не знам... Ајде консултирај се и со Димчев и лежи, тоа е се што ти можеш да направиш, другото е на Господ. Те гушкам
Искрено не знам што испитување би ти правеле на трансфузиологија ако се е во ред со плодот (раст) и д димери се во граница на толеранција. Единствено мутации ало мислат да испиташ, што не е на одмет, мислам дека за трудници е и бесплатно, а бесплатно е и торч да испиташ веќе на едно идење. И друго нема што.. се чудам како ни под спекулум не гледаат од каде е крварењето, па и хематом да беше, до сега ваљда ќе се повлечеше крварењето...
Такви крварења како што опишуваш другарка од хематом имаше до крај на бременоста. Течење по нозе, правење лом и крвети, многу многу крвареше... да не е некој хематом што не е на некое видно место...? Димчев е супер, дај боже он да установи што е работата..
Можно е да е од хематомот, тој или ќе се апсорбира или ќе протече. Вечер прашај и побарај плус да те боцнат со инекција прогестерон депо или пролутекс да примаш во стомак по една на ден, некое време додека да се смири исцедокот. Секако мирувај периодов. Со лесно
Само лежи,одмарај најмногу што можеш .. јас на почеток на бременоста имав хематом.Крварења и кафени и исцедоци имав до почетокот на 4ти месец и тоа ми се јавуваа на некои си 7-8 дена .. таман ке помислам готово е се смири,пак ќе се појавеше..,примав терапија прво Дабростон уште од самиот почеток пошто сум со ин витро,па продолжив со утрогестан вагинално поради тоа што многу повраќав и дабростонот џабе го пиев,и боцкав прогестерон депо на секои 3 дена. Немој да се плашиш,јас искрено одев на лекар штом видев дека крварам..од страв бидејќи бременоста 5 години ја чекав ..сакав само да слушнам дека срценцето чука само така се смирував. Хематомот се исуши благодарение на терапијата и на лежењето,бев на строго мирување. Денес тераме 28+ недела.. Само консултација со доктор,па и на прегледи оди ако треба на секоја промена што ќе ја видиш,се ќе биде добро! Со лесно!
Фала ви женски за мислењето и советите Најмал проблем ми се прегледите зато шо работам кај гинеколог овде во Хрватска. Таман се вработив, дознав дека сум бремена. Ни угоре ни удолу. Бидејќи хематомот е мал, докторот сметаше дека не е заканувачки, освен ако не почнам да крварам, ми препиша терапија и си одам на работа. Не кревам тешко, дома мирувам колку што можам, ми помагаат сите. Чекам резултати за тромбофилија, ама то за 2 недели Ќе видиме сега прегледот шо ќе кажи. @A.a.gj знам како е кога чекаш и силно посакуваш бебенце, потполно те разбирам. Ти посакувам до крај да биде се ок. Со оглед на мојата возраст, не би сакала сега да е втор спонтан во 5 месеци без разлика што без проблем забременив. И не знам зошто само негативни помисли имам. Среќно на сите до крај Се читаме покасно
Фала ви за поддршката, не знам дали сум феномен некој или некој нешто не гледа, не прегледува убаво. Не може никој да не е запознаен со вакво нешто, на првиот преглед ми рекоа имам полип, сега никој не гледа не спомнува, ми правеа Пап и нема валидни резултати треба да се повторат, никој не спомнува ни дали тоа може да е причина. Чим се пронајде и ќе се реши. Се е во ред со бебето, а што ако го изгубам живо и здраво право заради не реагирање на време, каде да ја барам вината кога сегде отидов, сегде прашав, врски и што све не, уште ништо, пијам се што треба, се боцкам, лежам и првото дете не добива ни третина од тоа што го добиваше од мене, веќе и ме трга на страна не сака да е до мене и бега Имав мал полип што првата матична го виде во 7-8 недела, надворешно и ми рече не е ризик за бременоста, од тогаш никој не го видел ни спомнал, а ме имаат гледано под спеклум и новата матична и Чаир и Гак. Мутации? И какво е тоа за тромофилија, мада мене не ми е згрутчена туку напротив. А како мала имав проблеми, со тромбофилија два пати еднаш не памтам од зборови на мајка ми и вториот пат пред 8 години имав крварење од нос па ми пишале дека имам хиперкоагулабилна состојба. Нешто до ова да испитам? Сепак утре ќе земам упат и до трансфузиолог, уште тоа остана и скринингот кај Димчев. Се надевам, ако не бар да ме препрати на право место, он бар е таков искрен. За ехо и скрининг експерт ама штом во нешто е несигурен тогаш препраќа.
Дај Боже утре Димчев да ти каже што точно се случува, претпоставувам дека е агонија се ова низ што минеш. Стварно не можам да сфатам како може да не се гледа од каде е крварењето, како што објаснуваш станува збор за обилно крварење, па сукрвица да е треба да се види од каде е, а не па вака. Се се сведува на верба во Бога и позитивна мисла, пробај барем тоа да го задржиш колку што можеш највеќе.
Ме држи тоа што бебето е добро, да имаше некој проблем може и сама ќе се откажев, не можам да опишам колку е психички тешко. Знам какво е нашето здравство, замислете кој импакт го има ова врз нас како фамилија што сакаме да заминеме од овде, а претходно се противевме.
Мешиња да ве поздравам само. Со првата бременост поактивна бев и дека работа од дома. Сега ем на работа, ем дома со тодлер можете да замислите колку време имам...ич. А ве читам чат пат. 23та недела терам и да ви кажам умов само на благо ми оди хаха.
Јака ти душа, се надевам утре ќе се најде причината и ќе олабавиш. Ти праќам пуно сила и позитивни мисли
Уф! Еве ме! Ме прегледа докторот, се' е ок со бебето, ФАЛА НА БОГА се развива, слушнав срцева акција, хематомот се намали од 19 на 7 мм. И сега следува мирување додека не помини овај период. Фала на сите за поддршката!
И се случило на некоја да и се разора желудникот од течноста за скриен шеќер? Бев во понеделникот, и од тогаш наваму се истурам по неколку пати у ден дури банана повраќам. Буквално ич храна неам задржано, се мислам дури на инфузија да одам... Неам грам енергија...
Лајкот на постот е за поддршка Не ни можам да замислам низ што поминуваш, се надевам утре Димчев ќе ја види причината. Бебето е борец исто како и мама
Мајки некаде 16та недела почнав да ја осеќам бебка, тие неколку денови дали ќе седев или легав ја осеќав доста често. Не премногу јако, ама како пеперутка ме скокоткаше. Овие 4 дена мислам секој ден послабо, дури овие два дена не сум ни сигурна дали е бебе Кај вас како е? Или како е било? Да ме утешите. Во Понеделник на Доктор го слушнаа само срцето беше добро. Сега сум 17+4.