Книшка прв пат во осми месец ми отвори замената на мојот матичен, тој и никој во приватните каде што одам не ми беше спомнал претходно, за првото не паметам дали имав ама штом не паметам сум немала, а книшката остана кај сестрата да ја дополни матичниот, значи пак ја немам кај мене …
На сите мила и за прво и за второ дете,плус и некои општини даваат пари. Секако треба и соодветни документи за се достави. Има и посебна тема за тоа на форумот. За прво дете 5000 ден беше,сега не знам колку е,а за второ е 26 000 и нешто.
Таблетата е микс од витамини. Нема начин да ја поделам. Ако збориме за витамин по витамин да пиеме, цел ден ќе треба да ги мислам и запишувам кое кога требало.
За првото никој не ми ја побара тогаш а за надоместок маж ни поднесуваше ама знам мајчина не ми барал
Имам редовна столица. Но денес едвај отидов. Да ве прашам може глупо е но сепак, смеам ли да напнувам за полесно да отидам? Се изнамачив од што ми беше страв посилно да се напрегам.
Да не напнуваш. Најди алтернативи, консултирај се за пробиотик, повеќе течности или нешто на природна база што протерува, но не напнувај.
Супер е докторката, мене ми ја водеше бременоста и ме породи. Само пофални зборови имам за неа. Ако рекла дека се е во ред со бебето сигурно е така, не му се секирај.
Моментално сум 28ма недела. Уште од 5та недела ме следи гастро специјалист, имам корозивен гастритис целиот желудник ми е воспален. Башка имам локална нодуларна хиперплазија, асимптоматски бенинген тумор на црниот дроб - кој е преголем за операционен зафат. Ми препишаа терапија фамосан 1х40 дневно уште на почетокот. До сега со строга исхрана и премногу повраќање истрпив некако без нив. На интернет читав и дека смее и дека не смее фамосан... Ама ситуацијата ми е скроз влошена и завчера сабајлето со многу туфкање се напив еден фамосан за првпат и дента конечно живнав! Искусна докторка ми кажа, ,,А што мислиш ние како се соочувавме на времето со тегобиите? Напиј се слободно." Значи ем ми се препишани од специјалист ем потврдено од друга искусна. Ама мене ми е шубе. Секако никој не ја сносува одговорноста. Некој со искуство фамосан во бременост?
Колку вода пиете? Никогаш не сум пиела многу вода едноставно не ми бара организмот и се осеќам тешко и прејадено и подуено ако пијам многу. Матичната ми рече да пијам по минимум 2 литри дневно ама не можам никако да внесам толку. Едвај по 1 литро на работа успевам и тоа ставам лимон внатре за да ме освежи повеќе. И многу мочам од што не ми ја собира телово веќе и срам ми е на работа по 15 пати дневно одам сите ме гледаат.. совет? Доволно ли е по литро, литро ипол?
Јас пиев Нолпаза од 8ми месец заради камења во жолчка и премногу киселина. Препишани од доктор специјалист одобрени од гинеколог. Ништо не е. Пиј ги штом ти ги дале. Со тоа нејадење и повраќање правиш поголема штета.
Со првото имав отечени нозе заради жешкото, ама сега со второто вчера приметив дека едната нога т.е кај зглобот ми е отечено само а на другата немам ништо.. од што може да е , заради жешково или ?
Со првото ми пукна водењако и дури вечерта ми почнаа болки со слаби менст. Кои подоцна се зголемуваа нели... Сега еве второ ама цела нед чат пат осеќам менс болки а не аум ги осеќале со првото или пак не се сеќавам нз кои се знаци може да ги имаме кои ни покажуваат дека во скоро ќе е денот.. еве од искуство signs before labor ... Друго имам и млечен секрет не е мнпгу а не е ни малку