Јас од како сум бремена многу сум жедна посебно од сабајле кога ќе станам по 3/4 чаши вода пијам а плус потоа низ текот на денот, самиот организам ми бара, порано не пиев толку вода ама сега многу
И јас како тебе сум... слабо вода цел живот пијам. И сега не можам 2л да испијам. Дури аларми на смарт саат си ставив да ме потсеќа, пробав повеќе и пиев.. ама дури и ми се повраќаше Како до врв до грло со вода да сум полна... Дали и јас 1л пијам. Ама па пијам чајче навечер, какао, супи јадам чести.. се тешам дека и така внесувам течности А во водењакот вишак вода имам
Лепотици кажете ми за втор скрининг во Систина кој доктор би ми го препорачале... Час слушам позитивно час негативно за Димчев ... главата ролеркостер ми се направи ... докторот во Систина што ми правеше инсеминација сите доктори ми ги спомна само него не др Корнелија ми ја посочи како стручна и добра ... и за пораѓај кај нејзе да сум идела ... ве молам за помош
Јас дури бев дома од почетокот до сега 6л Изворска ќе ја купев и за два дена ја нема, многу пиев, сега месецов сум кај мајка ми се подлажав со газирани сокови ко мало дете морам да пијам секој ден па водата ја намалив ама пак дека не пијам од чешма шише од литро ипол во денот ми оди.. Да си одам дома и си се враќам на стариот режим овде се опуштив ептен..
Не е доволно литро вода. Направи напор повеќе да пиеш, убаво е и за телото, отоци, притисок, влијае и на количеството плодова вода. Јас цел живот пијам многу вода. Откако сум бремена, уште повеќе, сабајле пијам пола литро штом станам, на работа земам шише литро ипол цело го пијам и до вечер дома сигурни уште литро, литро ипол.
Не се напнувај. Знам како ти е. Пробај нешто алтернативно, за да ти олесни. Мене ми помагало 3-4 суви сливи,со лажица мед и вода наполни, да отстои некој саат или преку ноќ најубаво и испиј тоа, изеди сливите има те олесни без проблем.
Не е, јас си ги правам. Баш денес имам закажано. Планирам да ги правам до кај 7 ми месец. После ќе ги извадам зашто не е препорачливо нокти на пораѓај.
Ама не можам не ми собира стомаков веќе, дури не можам да јадам од што сум препиена.. цел живот така пијам помалку вода уфф. Еве од сабајле 500мл имам испиено ми се повраќа дури тешко ми е
Здраво, јас правев во Bio Save,тестот се вила qualifia 360,земавме понуда со матични клетки кои ќе стојат во банка 30год. Примерокот го праќаат во Шпаника, резултати за 5 работни дена. Во однос на цената има повеќе пакети препорачувам да се чуеш со нив постојано имаат промоции плус бидејќи после мене уште 2 мои другарки направија тест со различни цени и различни промоции. Секое добро
Имав дома ладно цедено масло од лен, земав една лажица така. После ќе купам и суви сливи. Почна да ме боли од вчера нешто позади од левата страна, кај бубрегот и како да ме штрека доле кај јајниците и на блезот на вагината. Сега филм си направив дека вчера сум напнала повеќе и да не ми е нешто Дали вие што сте 16, 17 недела така осеќате сега? На почетокот позади осеќав болка дека шири матката, но после се смири и сега ми е чудно дека долго време не ме подболувало.
Хахахаха да да ... и читав по форумов дека на некои не им обрнал внимание ... дека додека ги прегледувал зборел на тел вчера на преглед на др Лазаревски му викам може ли да го уклучите телевизорот да си го видам бебулето ...и он во принцип збореше доста на прегледите вчера молк и преку 5 пати го прашав дали е добро бебето луда мајка...
Сега си се шири матката така повеќе да кажам. Не ти е ништо ако си напнала еднаш. Мене и смути од сабајле што пијам ми помага доста. Ставам и чиа и лен, млеко и имам добар ефект. Палента како за доручек јади си и таа помага за прочистување.
На преглед ми се паѓале други ама за скрининг Гордана и Димчев со тоа што кај Димчев сум била почесто и фаворит ми е. Не ти треба некој муабет да ти прави, туку да прегледа убаво и детално а не се десило да ми брза, посебно ако сум загрижена за некој дел. @Dodo1 мораме што повеќе, еве во Чаир ми рекоа дека малку вода сум пиела и тоа им било очигледно. Подоцна за притисокот исто ми рекоа што повеќе вода. Се трудам со шише да контролирам и да се трудам најмалце литро ипол, ако се деси повеќе уште поубаво. Инаку сум човек што не пие вода, па и тоа ми е премија. За плодовата вода и др фактори влијаат ама и пиењето вода е добро.
Zdravo na site preporacajtemi dobra ginekoloska opremena ordinacija so 4D pa moze i 5D ultrazvuk eho .. I cena kolku kosta ? Blagodaram
Убаво те советуваше членка погоре. Ако неможеш вода пробај повеќе на течна храна да бидеш барем.. Комбинација сува храна и слабо вода некако не оди баш Јас на работа дека нон стоп чашата пред мене и многу пијам вода мислам дека повеќе од 2л внесувам само таму, а како фатија жештиниве да не претерам ама може и 3л ми се собираат Додека дома на викенди или боловања, само нешто правам имам занимација и некако немам време толку да се налевам Нека искочат више сочниве овошја како праски лубеница и слично, едвај ги чекам