Јас сувомеснато и онака не обожавам нешто многу, до сега не ме фатило нит стрв нит потреба да каснам нешто, ама пример туна со марула, пченка и кубети претходно јадев многу и сега кога ќе ме фати стрв знам да си направам, а викаат туна да се избегава ради живата. На прсти се брои колку пати јадев, ама кога ми беше во мисла си правев, ставав помалку туна. Аргета исто можеби два пати јадев до сега, фала богу се е во ред.
Како да знам дека не е во ред. Јас стварно со гадењево и повраќање, тост многу ми прија ама само на сабајле со две парчиња. Ама сеа вака ми падна шубе, ваљда немало ништо. Среќна сум дека можам да јадам некад.
Мене матичната ми кажа уште на почеток што ти се јаде тоа ќе јадеш од ништо да не се пазиш. Јас што читам по интернет гледам што не се препорачува ама особено сувомеснати и паштети, банички буреци јадам скоро секој ден освен кога ќе ми се јави проблем со столицата па да направам нешто овес или понормална храна додека се среди после пак исто Не викам дека е ок и треба сите така ама до толку пазење мислам не е потребно освен ако нема некои здравствени проблеми. Можам да кажам дека дури пред бременост повеќе пазев што јадам отколку сега..
Јас на почеток кога ја прашав др нешто да не не смеам да јадам, ми рече јади си од се умерено, гледај да е поздраво. Не ми посочи ова не она не, јас сама што читав нон стоп некои работи ги исклучив/намалив од исхраната од пусти страв. Она не ме ограничи со ништо.
Јас дека не ми рече скроз не, за морско ми рече скроз не, а сувомеснато рече помалку. И не е дека се удавив јадејќи ама ете знаев за доручек некад секој ден по две парчиња така на рати да ги јадам. И пошо сум ограничена заради гадењево коа нешто ми прија, среќна сум и го јадам. Ама не е дека по цел ден го јадам. Само доручек, и не секогаш.
Јас па морско се отепав јадејќи на почеток, не знаев дека не смее освен некои видови на риби ајкула, сабјарка што во живот не сум ги ни пробала.
Точно до кога не знам, ама што побрзо тоа подобро. Спомни и ти на нареден преглед кога ќе одиш, мене сама ми рече бидејќи знае дека имам мачор.
Женички, кај мене има многу рана бременост 4+3. Вчера сабајле бев кај докторката да видиме дали е во матка и видовме дека има нешто во матката 1.6 мм што импонира на плод-гестациски сакус или како и да се вика. Ееее сега, од синоќа после полноќ имам по малку светло кафеав исцедок само на бришење (дури како ептен ситни грутчиња да има). Докторката вика дека било нормално особено вака рано бидејќи плодот се зацврстувал и ми даде утрогестан од денес 2х1, магнезиум веќе примав ама сега зголемена доза и мирување во кревет. Дали мислите дека е нормално? Јас малку се вадам од памет и око немам склопено од 1 ноќеска… дали е можно да е застарена крв од матката и излегува поради прегледот? Или нешто друго? Што мислите и слични искуства? Едит: немам болки и грчеви, да не бев во вц немаше ни да осетам дека има исцедок.
Можно е да е имплантациско крварење, па се чисти или некој хематом формиран. Ако не е обилно и нема болки не е страшно. Мирување и ќе се повлече. Исто имав и јас, имав хематом. Но после ми се повлече хематомот, а пак ми се појави кафево-црвен исцедок. На преглед не знаеше од кај е ок се беше. Еве утрово на бришење пак ми се појави абе раат да не човек. Стварно не знам што да правам, мирувам колку што можам, многу малку кратко прошетувам и јадење што ќе си направам толку. Примам утрогестан се што треба. Нека не чува господ само нас и бебињата.
Сите гинеколози имаат различен став за храната некои даваат препораки што да не се јаде други не. Храната што е забранета најчесто е за да се заштити мајката од можно тровање или да се заштити бебето од штетни состојки како живата што ја има во туната. Исто така јас колку што читав освен умерено пиење чај од камилица и нане после прво тромесечие не се препорачува ниеден друг чај. Треба да се внимава тие што пијат чај од брусница да не е комбинација со хибискус кој не е препорачлив. Заради можно труење со храна не се препорачуваат морски плодови, сурова риба, непастеризирани млечни производи, сувомеснато- заради листерија. Не треба да се конзумираат десерти и сосови со живо или термички необработено јајце. Внимателно треба со ѓумбир, урми само после 36 недела, ананас не. Месото треба да биде добро термички обработено, овошјето и зеленчукот убаво измиени и најдобро сезонски. Кафе и пијалоци со кофеин да се сведат на минимум.
И мене се ме боли навечер цела сум укочена. Вртењето од една на друга страна ми е екстремен спорт. На тема храна, јас се си јадев. Нема сигурно цел месец само паштети да се јадат, ама една во две недели ако имам желба ќе си јадам. За зеленчукот нормално ќе го измијам, киснење во сода за секое јадење ми е too much. Цела бременост сум си со позитивна мисла, не ми паднало на памет без никакви индикации да правам испитувања или да мислам дека кој знае каков проблем ќе направам ако изедам нешто. Имав предизвици и јас во бременоста што не ги очекував - покачен притисок и многу големи болки во грло. За грлото тогаш ми препорачаа многу чаеви, така да пример иако треба да се избегават има ситуации и кога се корисни.
Жени од како станав имам јака болка доле на стомакот, десно. 34та недела сум ме фаќа страв, што би можело да биде? Ја барав матичната не крева..
Zdravo.Dali vise ima sluceno davi se pusti krv na nos.Mene i vcera i denes mise pusti krv na nos ama onaka saglam tecenje i kako sukrvica na kraj.Neznam dali ima prostor za panika damu pisam na doktorot poraka.Mie strav za bebinjata
Да ми се има случено да ми протече, ако силно го издувам. Ако примаш аспирин или клексан од тоа е. Ништо страшно.
Да те удрило бебе некако лошо или си истегнала стомак во спиење... Секако ако не се истрпува болка појди на дежурен.
Напиј се магнезиум и легни одмори, би требало да помине. При крај на бременоста почнува секој дел од телото да боли, мислам дека не е ништо страшно ама ако не поминува оди на дежурен.
Нормална работа течење крв од нос, сепак измери притисок.. Независно од лековите. Јас цела бременост секој ден вадам парче засирена крв од нос, а притисок 90 со 50 сум.