Да, кога имам лажни контракции ме облива топлина и како да губам воздух, од 31ва до кај 35та ми беа поизразени тие симптоми.
И мене ми е канцелариска, ама под притисок, стресна, незнам денот како тера. И јас седам претежно сама. Мм оди на работа во три смени. Ама си наоѓам занимации, слушалки на уши и ќе свртам круг или по кеј малце ќе прошетам. Ќе си потфатам нешто полека низ дома, ручек, алишта, ќе си читам нешто, филмчиња. И опушти се малце. Те читам постојано си под некој стрес, па што е дозволено што не е, па храна, па креми… Опушти се. Па и воздухот ни е најгнасен па го дишеме секој ден. Ништо не е забрането во бременост во умерени количини. И паштета да намачкаш и три парчиња печеница или чајна и во ресторан да седнеш да јадеш. Прихата што може да направи, неможе никој.
И јас сум во изолација ама некако посигурно се осеќам вака, а и не ми фали муабет искрено, кога и да се чујам со некој ми пренесува негативна енергија, една другарка само нешто ми "коби", нејзиното се роди предвремено и сега само тоа ми го збори и прекинав да ѝ се јавувам. Минатиот пат јас ѝ викам бремена сум, она чекај не си бремена додека не чуеш срцева акција... И стварно не чув. Така да овојпат реков никој не ми треба и не ми е лошо ич. Ми се шета и мене ама не во ваква состојба, а баш би отишла на шопинг на пример, ама и за тоа немам сила.
А зошто во изолација, така ви е кажано или вие за поголема безбедност тоа го правите? И јас сум најголемиот дел од денот дома, ама малце и се раздвижувам надвор, заради циркулација. Иначе да, психички е ужасно седењето дома, на долг рок лошо се одразува на психата. Господ да не чува на сите.
Ауууу вакви особи како другарка ти , ме вадат од кожа. И јас имам/в , некои такви особи што само лошо лошо зборат, па како е најтешко да имаш дете, па ќе видиш ова ќе видиш она. Дистанца ставив и раат глава.
Има жени што се со строго лежење. Јас функционирам скроз нормално. На патилошка сум поради психички тортури , што ги имав на работа. Ме третираа како најголемо ѓубре. Ама бременоста ми е книга и правам се како и предходно.
Здраво девојки, 19+3 сум бремена и денес периодичо чувствувам како некоја тапа болка не можам ни болка да го наречам повише како непријатност, два прста испод папок. Читав дека е нормално да се чувствуваат такви слаби грчеви во овој период, ама сакав да слушнам искуства дали и вас ви се случувало исто
Не ми е кажано да мирувам, немам некој проблем, ама осеќам дека не сум способна да се движам многу, имам вишок килажа (над 100) и не ми се ризикува, излегувам само кога морам. Прв семестар немав гајле, пешачев, ама со грижа на совест, сега и да сакам не можам, кондури не можам да облечам сама... Стомакот ми е огромен и дури и од седење дома се замарам, па затоа лежам повеќе сега.
Да, најбитно е како се осеќаш. Јас искрено периодов имам повеќе енергија од тоа што имав пред 2 месеци. А кога лежам ич не ми е убаво, се ме боли, не знам зошто. Кога ќе дојде време за спиење ми се плаче.
Мешиња здраво. Имав малку бурен период, хаотично.. па и прегледиве што ги имав беа така закажани без размислување. Последниот ми беше 24+4, минатата недела во петок. Наредно кога да одам? Имам испитано скриен шеќер, димери. Немам нешто посебно за проверување веќе, освен тироидната што си ја следам. Која недела сега да закажам ехо?
Мислам дека е повеќе симптом на бременост него поврзано со железото, зашто јас цел живот имам превисоко железо, ај да кажам сеа во бременост ми се регулира... xD онака баш ми мириса крвта на метал и носот коа ќе ми потече крв морам да го измијам зашто ми смрдеше xD
Јас лично, требаше 24та да појдам но поради грчевите отидов 23та, т.е. 27ми март. И тука веќе нели на 4 недели закажуваат... И сеа башка дека фатија празниците тек на 8ми мај имам закажано...
Девојки, ве молам за совет, 24 недела сум ама бебе уназадува со раст 1 месец. Направен нифти за сите биогенези, се е во ред. Д димери добри. На ехо сите органи во ред, постелка добра, конзилијарно ме гледаа не можат да најдат причина зошто е помало. Сега следиме развој ама јас сакам да пробам нешто сама да помогнам со исхрана со витамини или дополнително нешто да испитам. Дали има некој со слично искуство?