Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    1.382
    Пол:
    Женски
    Не не ми кажаа ништо .. може да било од вознемиреност која искрено јас не ја осеќам, можело од многу раздвижено бебо (дента кига имав толку стврднувања беше доста активно), од промена на време кај некој реагирало. Повеќе одмор (каде што јас стварно мнигу лежам одмарам), мг како што пишав по потреба 3 наместо 2 и ништо друго.
     
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    10.606
    Пол:
    Женски
    Во 31ва, пред 1 недела ми беше 3.7.
    Имам лажни контракции и јас цело врме, докторката ми рече чим не се скратува грло ок. Инаку да можат да влијаат да се скрати грлото. Ми рече да пијам дијазепам 2.5 мг по потреба. 3мм во таа недела не е баш сјајно. Утрогестан не ти дадоа?
     
  3. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Женски
    Девојчиња, имам болка како бодеж од лева страна доле, не е баш кај препонот туку малце погоре, на моменти викам јајникот да не е, ама нели јајниците не се активни во бременост... Да не има некоја вакво искуство?
    Инаку сум 29+ и немам никакви други симптоми, се чувствувам одлично.
     
  4. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    1.382
    Пол:
    Женски
    Не ништо не ми дадоа .. само тоа ми кажаа ништо друго.
     
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    10.606
    Пол:
    Женски
    Лежи пиј магнезиум 800мг и консултирај се дали да ставаш утрогестан.
     
    На _budaletinka* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    1.382
    Пол:
    Женски
    По цел ден лежам .. за утрогестан тек после празнициве да се консултирам .. фала многу
     
  7. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    4.168
    Пол:
    Женски
    Девојки сега кога отидов во вц имав на гаќите лигаво густо ама кафеаво беше, не е бело. Не знам дали е можно да е мукозниот чеп или последица од вчерашниот преглед со рака (после прегледот имав крварење, свежа црвена крв). Дали мукозниот чеп е секогаш бел?
     
  8. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    2.744
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу често менструални болки... Све си викам од времево е топло ладно дека варира и сигурно сум преладила...
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.155
    Јас како што имам читано тука не е секогаш бел, туку така лигав со кафеаво или црвени конци.
    Како што те прочитав некаде дека си и 2 прста отворена ако не сум грешка.
    :)
    Со лесно и со убаво, уште малку ќе се гушкате со бебе секако:inlove:
     
    На WhiteCat33 и Bella.alleB им се допаѓа ова.
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    9.201
    Пол:
    Женски
    Аман луѓе не ја плашете жената.
    Мене ми беше кажано дека се што е над 2.5 грло е во ред .
     
    На TanyaClover, Ive13, honey95 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    4.168
    Пол:
    Женски
    Благодарам мила:hug: само нека ни е со лесно на сите, да слушаме позитивни искуства(fingers).
     
    На Bella Nella, merriel0, Marsi* и 2 други им се допаѓа ова.
  12. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    ако добиеш болки ќе одиш одма..чепот паѓа и неколку часа ама и неколку денови пред ппраѓај.. :inlove:
     
    На Bella.alleB му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    4.168
    Пол:
    Женски
    Од сабајле на бришење пак имав нешто такво, само беше посветло. Ќе следам што ќе се дешава :inlove:
     
  14. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Чепот е..иако со првото менр директ водењак ми пукна и не видов такво нешто.... а сега следам еве и јас овие денови ама освен менс болка не псеќам друго... и имам нагони за вп вц ама цела бременост имам запек и сега ми е хаос ем ме пртииска на цревата бебето ем нагони ем не бива..нз шо да праам
     
    На Bella.alleB му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    10.606
    Пол:
    Женски
    Епа супер чим ти кажале така ама тоа не е точно. За грло на матка 2.5 во 30та недела се лежи строго дур да се влезе во поголема, безбедна недела за пораѓај.
    Мене во првата бременост на грло 3.2 во 8ми месец ми забранија односи и ми дадоа утрогестан.
    И не ја плашам, и кажувам реалност да си се консултира дополнително.
     

    Прикачени фајлови:

  16. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Не би сакала да се мешам, ама мора да ја поддржам @Misskirova :) Од почеток до сега 26+1, мене цервиксот ми е 31-32мм. Консултирани повеќе доктори - Котларова, Самарџиски, прегледи мерења во Чаир и на матичен. Ми рекоа дека вроден ми е цервиксот со таа должина и се додека нема отварање, нема никаква опасност. Имало трудници со 4цм, но со фанелинг ( отварање ). Најнормално одам на работа, пешачам, качувам скали до 4 спрат, си вршам обврски по дома, односи имаме со мм и немам никаков проблем нити ми е препишана било каква терапија. Секое мерење цервиксот е ист и ми рекоа 100% до крај вака ќе истераш. И јас се преплашив кога читав дека требало да е 40мм и дека ќе ми се случи нешто, но едноставно немаме сите иста градба. Ми го споредија ова со крив нос или клемпави уши, бидејќи јас расплакана дојдов на премерувањата. Најсмешно од се ми рекоа во Чаир е тоа што сум 185цм висока, а имам вроден пократок цервикс :D да ме утешат.
    Нема потреба да се плашиме меѓу себе, сигурно докторите кои не прегледуваат знаат многу повеќе од нас и дали има потреба од загриженост или од превземање нешто. Ми кажаа се додека не оди под 25мм дека е одлично :)
    Решение е само одење на редовни прегледи и опуштено :l:
     
    На EK2022, mariz, _budaletinka* и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    9.201
    Пол:
    Женски
    Па затоа кажувам. Јас идев кај една од најдобрите. Котларова. Никаква паника не ми створи. И односи имав и све нормално правев. Се над 2.5 е во ред.
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    9.201
    Пол:
    Женски
    Еве ова е мислење од Дракулевски.
    @_budaletinka* не се плаши се е во ред.
    Screenshot_20240504_114120_Facebook.jpg
     
    На _budaletinka* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Еве да се јави паталец од тој цервикс во две бремености. Првата во 30 недела ми беше 3,3-3.0 и ме ставија на строго мирување. Одпосле од Гак, Чаир и Димчев Систина да ми речат тоа е будалштина, ако ги легнуваме сите жени со 3цм кај ќе е крајот (и залегнување не е толку добро). Вторава од 2-3цм ми мерат сите, ме легнаа нормално дури и серклаж се мислеа, за на крај Димчев со глава да ми гарантира дека ми е над 3,5 и нема потреба од ништо. Како одминува бременоста нормално е да се крати. Лани од 4 наеднаш ми се скрати на 3. Толку паники стресови и плачења, после тоа почнав да функционирам нормално и скали, чистења, пешачења мислам дека 34 недела беше и на крај 40 недела се породив и тоа со провокации, да не беше водењакот може и до 42 ќе терав со цервиксот, БЕЗ терапија бев. (Поранешната матична ме легна а не примав никаков вид на прогестерон ниту пак поголема доза магнезиум(facepalm)).
    МНОГУ ама многу е важно како, кога и кој мери! Во Гак ми рекоа отворен, тече постелката уште пред два месеци:D
    Димчев ми објасни, пишав и тука, не е само пикни ја сондата и мери со маусот. Треба празна бешика (за ова во Чаир ме тераа два пати мочав пред преглед ме враќаа), прав агол и да не се пика сондата, не треба да има допир со грлото.
    Ова другиве трудници не се замарајте многу, паталец со цервикси пишува и во нормална бременост некогаш не ни мерат, нема потреба.
     
    На EK2022, plava.90, _budaletinka* и 3 други им се допаѓа ова.
  20. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Женски
    И јас сакав да пишам ама ајде реков да не се мешам.
    Прво не е доволно едно мерење за да се каже дека е скратен, тоа со сигурност. Мојот цело време варира. Бил и 3,5 бил и 4,5. Дури еден доктор ми го измери и 2,5 и ми рече строго да мирувам, тоа беше уште во 18 недела, и да, не станав од кревет 5 недели и покрај тоа што докторот кој ме води, а тоа е Димчев ми рече дека цервиксот е добар и нема потреба од лежење, посебно не строго, ама јас од страв не го послушав. Тоа нестанување од кревет ми ја упропасти психата искрено да ти кажам, за да после тоа на сите прегледи и мерења цервиксот беше над 4цм, затворен, на поседното мерење беше дури 4,6. Сега веќе не ми го ни мерат, не ни настојувам, јас функционирам најнормално, ич не лежам преку ден од причина што не ми е убаво да лежам, едноставно поубаво се осеќам кога седам или се раздвижувам. Решив да не си се правам со сила болна, се додека докторот на кој му верувам не ми рече дека има потреба за тоа. Јас лично сфатив дека во овој процес најважно е да имаш еден доктор на кој му веруваш, од многу доктори и глава боли.
    Мислам дека и ние малце претеруваме со идење по дежурни доктори за секое едно штрекање...
     
    На EK2022, plava.90, Laura7 и 7 други им се допаѓа ова.