Јас од тука испаничена и викам на матичната , а цервиксот? А ова, а она? И она вика, ако има нешто јас ќе кажам. Опушти се и уживај. Пред месец дена беше 4 цм. Следно сум вторник. Јас повеќе мислам на тоа дека ќе видам бебе.
Ако добро ве следев, дали ви се матични од Ложанковски? Мене чисто ме интересира кога почнуваат со работа, зошто за четвртокот поштено ме изиграа дека ќе работат а уствари не работеа.
Види ,незнам кај кои доктори одиш. Јас одев кај едни од најдобрите. Со грло 3.3 имав и односи и вежбав . Кажав веќе ,се што е над 2.5 е сосема во ред. Не смее да е под 2.5. Под 2 веќе ставаат серклаж. Истото го кажува и Дракулевски и Котларова и ред други.
Wow еј од муабет дека жената имала контракции и дали тие влијаат на кратење на цервикс, да инаку се дешава да влијаат, до муабет дека 2.5 цервикс е нормален во 7ми месец и да си свирка да не се замара. Сите параметри во бременост (должина на цервикс, количество на плодова вода, големина на плод и сл.) кои се сметаат за "нормални" се земени на база на долгогодишни испитувања и огромен број на податоци и се дадени како водач на сите акушери кои водат бременост. Ако за 29та недела имаш опсег на цервикс од 3.5 до 3.9 и имаш пациентка која е вон тој опсег не и викаш ништо не е иди у теретана, туку ја викаш на повторно мерење за одредено време и даваш прогестерон, магнезиум дупла доза и дијазепам/ бедиксин за болките. Членката што пишала дека има цервикс од 2.5см како што и кажале отстапува од опсегот и и споредиле со како што пиша сама со крив нос, кој го имаат некои луѓе, а не е стандард за повеќето. Чудна комбинација е форум и трудни жени, од една страна се прават паники дали туна и јагоди да се јадат, а од друга страна пишува некој со контракции дека бил на ургентно и измериле цервикс вон стандардни мерки и сите као уживај си ништо не е, не ја плашете жената. Не другарки тоа не е добар совет ако речете ништо не е, совет е да си бара уште едно мислење членката, затоа постојат доктори. Да оди да и измери уште еднаш, два пати, да споредат со претходни мерки дали се скратува, а не ништо не е. Добар совет е кога ќе пише некој дали ќе биде нешто со бебето ако изеде едно парче печеница, да пишеш, ништо нема да биде, зашто таа е реалноста ама за мерки на цервикс да се праиш доктор на форум не бива.
Никој не се прави доктор. Секој споделува искуства. Повеќето еве видовме кои се. Апсолутно секој има право и треба да побара и второ и трето мислење. Ама за тој цервикс да кажеш на пациентка дека треба болна да легне сметам дека стварно нема потреба.
Не и реков болна да легне, туку да пие магнезиум, да полежи и да бара второ мислење ама секако ако на некој му е досадно може да си шета по теми да си превртува муабети и да си праи интересни дискусии.
Воопшто никој не сака да си игра со вакви теми. При здрава права бременост сам да си задаваш проблеми и филмови ич не е океј . Членката повеќе пати ја читам и имам приметено дека е паничарка. Повеќе време лежи ,не работи ништо а секогаш пишува дека на секој преглед се е во ред . И тоа е океј. Ако некој решил така да ја помине бременоста. Ама дополнително паника не и треба.
Девојки. Најбитното од се е да веруваме во докторот што ни ја води бременоста. Друга најбитна работа е да не паничиме за секоја една работа. Паниката и стресот, може да го направат најлошото. Факт е дека на тројца различни доктори да отидеме, дека ќе добиеме три различни мислења. Секоја од нас е различна. Па и на еден пораѓај некоја е отворена 10 цм како од песна, ама бебе позиционирано стои горе. Има и бебиња спремни доле во канал, а отварање никако не иде. Низ форумов има доста кои паника креваат за секоја една ситница. Од тоа која крема на лице ја ставаат, до вода која ја пијат, до храна која ја бираат, а им се јаде од истата. Па каде е воздухот и почвата во која се одгледуваат зеленчукот или тревата која ја пасе животното, кое месо го јадеме. На страна жени кои мораат да лежат, со сериозни дијагнози. Бремена жена со нормална бременост, не е болна и саката. Се си правите и јадете, доколку можете и телото ви дава. Чистев цел спрат за неполн ден, како на норма бев. Ама сега телото вика застани и седни. Сега идам дел по дел. Опуштете се, уживајте во овој момент. Не си правете стресови за се нешто.
Јас со првото немав мерење ниту еднаш Со второто сама побарав околу 20 и некоја, дека прочитав и дознав што е цервиркс на фемина. А со третово ради крварење ми измерија рано. Во 17та нели мерено 3, во 22ра 3.8, од тогаш не ми ни мерат Се мислев сама да барам, ама ај викам ќути си.. нека не чепкаат доле
Е да знаеш дека и паника, стрес, плачења, страв влијаат на бременоста. Минатата бременост 4 месеци лежев, така да не е само овој форум прочитан и не е само еден доктор консултиран. Отвори книги дека по НОВИ сознанија, истражувања и статии лежењето не влијае врз цервиксот. Што правиме ако имаш таков (заборавив стручен назив) цервикс (склон на кратење), што правиме роден си со краток цервикс, што правиме имаш бактерии инфекции слаџови што уште не, имаш полип на цервикс, имаш нагризување на цервикс, лежењето ќе спречи нешто??? А кратењето се јавува поради некоја причина, дури и ако тежината на бебето е причина има начини појаси да го држат стомакот, ако тежината е проблем да го поттиснува пак значи жената има некаков вид на проблем со тој цервикс во моментот. Отвори и на англиски, читај преведувај доколку не знаеш на официјални статии дека лежењето не е терапија не е третман, може само да ПОТПОМОГНЕ доколку е тежината проблем, а сите други наведени причини ако сакаш на облаци лежи, тоа ќе си се крати или отвара ичи што и да му е бутурот. Ана Марија Шпишиќ ми ги кажа зборовиве, ако инфекција те отвара ти каде сакаш лежи, џабе ќе е ако не се третира. Јас имав крварење од ненирмални размери, по се изгледа хематоми (на крај членка од форумов ме посочи на дијагнозата да си ја откријам), па не минкажаа строго мирување. Лежењето кое не е неопходно може да направи проблеми со крвта, гојазност, после тоа на 100метри ќе се уморуваш, а за психата….ден денес имам трауми останати
Искрено се запрепастив како си се даваат совети овде да се пие со цел памет дијазепам и магнезиум по 800мг и не знам колку.. Мислам сите имаме лекар што одредува кој што ќе пие. За дијазепамот не би да коментирам, а големи дози магнезиум може само дијареа да ви направат, дехидрација страшна и контракции. Логички. Да не зборам за калцификати на постелка што се појавуваат од на своја рака пиење коњски дози витамини. Во врска со лежењето, жени што немаат индикации за покачени д димери, боцкање клексани и скриен шеќер им се појавиле од лежење. И да, се ова е кажано од докторИ. ДОКТОРИ - уште еднаш
Бременоста не е болест ! Секое лежење "на своја рака " ,за кое нема потврда од доктор дека мора и така треба за мене е смешно. А па дека за цервикс над 3 треба да лежиш ,боже сачувај.
Јас со 31мм до сега требаше да скапам у кревет со недели Можеби еден да ми кажеше ќе се размислев..ама 4 доктори ме видоа и ми кажаа апсолутно немаш простор за грижа се додека е затворен. И еве ниту се скратува, нити ништо. Дури матичната ми кажа постои опција и претешко да се отвараш иако е "краток". Нема никакво правило.