Го пијам овој магнезиум и во прва и сега во оваа бременост.Знаат и докторите кај што одам на прегледи. Пред некој ден кога купував,аптекарката мн.лошо изреагира,кој ти го препорача баш овој? Не смеат трудници овој... Така на мисла ме стави. Е сега смее или не смее да се пие,мада јас сум при крај со бременоста,ама пак...
Како да не оти па да несмееш? Претходната бременост ги пиев истите до крај, сега таблети земам по евтини ми се. Остај ако ти е одобрено од доктор ич не слушај коментари од аптекарки, ако знаела ке била доктор
Така е да.Ниеден док.не ми е реагирал да не пијам,како таа,а и немам некои проблеми од него. А кои таблети ги пиеш ти? Пушти ми слика ако не ти е проблем.
Овие ги земам од Дм 150 ден се, мене ми се таман. Е последно ко ги испив немаше во Дм и зедов од Еурофарм од 250 мг на Џејмисон ама џабе имав грчеви во нозете и по две пиев дневно, сега пак си ги зедов.
Mozebi zosto tuka magneziumot e vo forma na oksid, a neli doktorive poveke preplracuvaat citrat bidejki ima podobra i pocelosna apsorpcija…
Среќен празник на сите што слават Вчера вечерот многу се изнервирав. На бришење видов малку како конец розево, онака и не приметно многу ама дека јас од страв нонстоп се анализирам. После уште два пати имав, не сум бричена за да сум исечена или да се имам изгребено Ќе ставам слика во спојлер. Незнам дали да паничам и да звонам по доктор додека ми најдат тука термин. За недела-две треба на втор скрининг да одам, 19та недела сум. Пијам Дабростон за поддршка, многу ме фати страв сега. Спојлер
Среќен празник на сите По втор пат се приклучувам во темата се надевам до крај овој пат Моментално сум 4+4 што е многу рано, на ултразвучниот преглед се виде нешто налик на излив односно пишува суспектен хематом 34х22 мм, десно од него се гледа и мала точка саксус со дијаметар 2,9 мм.. Да бидам искрена премногу се исплашив, се прочитав низ форумот зошто со мојава ситуација со ретка аномалија на матка се ми е дополнителен стрес Од симптоми градите ми беа потечени/зголемени сега денес и не толку па и тоа плус на мисла сега Од терапии примам утрогестан 2 пати, магнезиум 2 пати, витамин Ц.. Дали имате некој совет плус или предлог доктор плус за уште некое мислење? Имајте убав ден сите
Ти посакувам многу среќа и се да биде во ред. Во врска со градите скроз нормално е, барем и мене ми беше така, болни гради и поспаност ми беа единствените симптоми до 12та недела па кога ќе престанеше болката во гради шизев низ дома. Немој да си ствараш стресови, позитивна мисла само и се ќе биде добро.
Ништо не е ова искрено, јас цел слус кафеаво црвен имав. Докторката ми рече се додека нема крварење нема простор за паника. Мирување, вит ц 1000 и магнезиум појачана доза. Претпоставувам прогестеронска терапија веќе примаш. Смири се, одмори и се додека не се појачува црвено и немаш болки нема простор за паника. Што и да е причината за малку крв, било постелка, било нешто локално од вагина, било хематомот терапијата е таа погоре како што ти ја пишав евентуално само може плус со прог. депо да те боцнат.
Леле колку се секирам уште ова ми фалеше Мислам долу ме боли и иритирано ми е од што бришам убаво да видам дали имам нешто, од сабајле немам ама ќе видиме во текот на денот. Да Дабростонот е прогестерон и цело време го пијам, е едноставно едно 10тина дена сум без магензиум бидејќи во аптека му рекле на маж ми дека не ми треба бидејќи во витаимите што ги пијам имало, а таму се само 90мг. Сега ќе ми земе некои апчиња магнезиум и имало само од 200мг, дали да пијам по 2 апчиња?
Исто си ја изиритирав вагината од што идев во тоалет на 15 мин и се бришев за да видам дали се појачува. Како бе аптекарката дава дози и дијагноза. Малку ти се две по 200 мг. Јас моментално пијам два пати на ден по 350 мг и плус што има во премама нешто ситно околу 80 мг. Слободно можеш во ваква ситуација по 800 мг на ден да земаш.
Сакам да прашам, знам дека има посебна тема за тоа ама тука повеќето читаат па повеќе одговори ќе добијам. Колку од вас се соочиле со кафено крвав исцедок ( само на едно бришење беше крв) после цело време кафено и после 1 ден го снема. Ме интересира колку од вас се соочиле со тоа, а потоа нормално функционирале во бременоста? Под нормално мислам да не се опседнувате со тоа, да шетате нормално да се раздвижувате, да си одите нормално на работа и слично. Ја мислам се парализирав од кога ми се деси и сеа се плашам до продавница да отидам, на работа да одам.. да напоменам контактирана е матичната ми рече се е тоа нормално ако не е обилно и ако е без болки ама психата ми влијае премногу.
За ниедно не ми покажа точно, а го отворив од љубопитност. 50/50 се шансите, нема правила и календари, што дал Господ тоа, сите бремености ми беа со машки а сум зачнувала и пред и на овулација, пробај, разлистај на нет, имам читано и јас и за витамини и исхрана,ама не знам колку ќе ти помогне
Девојки разгледувам колички, па ме интересира мислење од тие што веќе имате искуство. Се мислам измеѓу оваа https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-zelia-s-trio-dark-gray-3-во-1/ и https://www.encimenci.com.mk/kolichka-duo-versatrax-shale-joie-s1803easha022 Дилемата ми е дека овие со корпа се по гломазни, но дали е попрактична таа корпа (за во зимски период) или е доволно 2 во 1.
Веќе пишував тука, јас се соочувам на неколку пати. Првиот пат во прво тромесечие, функционирав нормално, без некои големи оптоварувања, и кратки прошетки, имав хематом, најверојатно имплантациски и не ни читав дали е опасно или не и полесно го поминав психички. После кога ми се деси пак во второ тромесечие веќе подруго реагирав, читав искуства и глупости кои само психички ме пореметија, немаше хематом или не го виде, мирував неколку дена, после си терав како порано со пазење и без напори. Е сега кога ми случи веќе сум врзана за кревет, едвај прееска собрав сила да измијам коса, од страв ја оставив немиена неколку дена. Од дома не сум излезена, станувам само до тоалет и за јадење. Едвај чекам наредна контрола да ја прашам дали е нормално ова и дали вака треба и изгледа мирување. Од што лежам сум цела укочена и мала активност ме преморува. А имам уште доста од бременоста. Едноставно е посилно од мене да не го мислам, на боледување сум и немам ни на што друго реално да мислам и да ми ги трга мислите. Се трудам да мислам позитивно и дека не сум единствена и дека кога нешто мора ќе издржам.