да мила уште му постои тој проблем на бебето, но лекарите сметаат дека кога ке се роди тој проблем можел да се реше веднаш, и не бил фатален и не оставал последици, искрено ногу и не разбрав оти ептен сртучно ми објаснуваа, но разбрав дека нема оштетување на бубрезите само празненњето му е побавно, но не било страшно. Јас не сакав да дискутирам тука многу за тоа оти секој ден мислам на него сепак јас сум му мајка и многу ми е битно да знам како напредува моето бебе и дали е се во ред со него и ако почнам секоа ден да ве замарам со леле што му е на бебето, до кога вака ке биде и јас kе се оболам и вас ке ве истепам со глупави и не офоцијални муабети, среќа сите други органи му се во ред, си напредува и со тежината,има доволно плодова вода и се друго, па кога ке се роди ке видиме што ке се случи со бубрежињата, се надевам дека е минлива работа како што викаат лекарите.
senjorita.lombardi, само верба во себе. Ќе ти речам дека сестра ми го имаше истиот проблем-празнењето и беше побавно поради стеснети канали, само што на мајка ми тоа не и го утврдиле на време во текот на бременоста и веднаш да реагираат по породувањето. Туку неколку години подоцна. Иако било закаснето, се си беше средено и еве ја сестра ми жива и здрава....така да уживај.
ејј навистина сноу??? Јас колку и се правам силна многу тешко ми паѓа кога мислам на тоа, ама се обидувам да не мислам оти така се нервирам и му штетам на бебето. До сега никој не знаеше да ми каже дека му се случило на некој друг вакво нешто или дека имало среќен крај, сите се водат по теорија дека кога ке се роди ке биде средено, оти вака преку мене неможат. Фала ти многу на примерот за сестра ти поздрави ја од мене меу ако ја видиш пак да ја поздравиш
Мешенца само да ве поздравам , уживајте си во бременоста , уште повеќе ке уживате кога ке се олесните добро на почетокот е малку тешко додека фатите ритам со бебушко ама послем е многу убаво.. Ние сме супер си раснеме, некој ми побара слика, денес немав време ама утре-задутре ке ви постирам во соодветна тема.. Ве поздравувам и ве гушкам и јас и Ана и се најубаво на сите Уживајте и само опуштено без нервози едит: мора да признаам дека по малку ми фали темава (малку повеќе)
senjorita.lombardi, фала на поздравите. Значи ова се случуваше 2002 Инаку да,успешно беше се.Она имаше 4 годинки. Пример денес полни 4, а утре дента прави операција. Само што ние долго време се влечкавме по лекари, година дена само на тоа изгубивме. Она некаде околу својата 3та година почна да се жали на болки. И наши доктори нормално не ја пронајдоа вистинската причина.Ама како за бења тоа повремено се смируваше.И ти си мислиш точна била дијагнозата и лекарствата на докторот.А никој ни приближно не помислуваше на десниот бубрег. Е кога тоа веќе стана страшно болно за неа. И кога докторите се штрекнаа и почнаа со испитувања.На крај констатираа што е. И тоа на толку "убав" начин ни го соопштиа,(им се обраќа намоите)докторот: Знаете,ќерка ви боледува од тоа и тоа Моите: а може ли и како се лечи Докторот: не не се лечи, џабе ќе си ги фрлате парите,детето ви нема живот уште 2/3 месеци максимум,затоа наместо по доктори искористете си го тоа време да си го поминете со неа... Немате поим каков удар стрес беше тоа за нас и нашата блиска фамилија. и сега ми одат солзи кога ќе се сетам. А што е уште потрагично, кога бараш после мислење од др.доктор сите го поддржуваат претходното,никој не се нафаќа да завземе нов процес на испитувања. Ама господ е голем, па тетка ми од србија стапи во контакт со еден доктор од белград што има таму своја приватна болница но работи во америка, на закажувања доаѓа во белград. На докторот му пративме слики,дијагнози....и докторот ни рече дека детето не само што ќе остане живо,туку и ќе остане со сопствениот бубрег за кој он ќе го врати во нормала. И алал нека му се парите, навистина бидна така. Сестра ми е денес покрај нас жива и здрава, веќе без тој проблем и со 2 функционални бубрези.
епа леле значи овие докторите кај нас се ужаснииииииии и мене после 2 месеци од кога ми го открија проблемот со бубрезите на бебето, па го умреа, па требаше да го вадат наводно откажале и бубрези и се абе лелелееее а тој мрда ли мрда.... И вас ве плашеле така неможам да поверувам. ц ц ц
^ај што не плашеа...ама на мајка ми прво што и рекоа кога и ја утврдија дијагнозата на сестра ми, беше следново: Ти мајко знаеш за ЕХО? Бог да чува и да брани....туку мајка ми е таква во тие моменти не знаела кај се наоѓа па сега ли да се кара за кривицата на тој гинеколог што ја прегледувал и на време не и утврдил навистина не и било до тоа. Исто,нема да ги заборавам зборовите на сестра ми, посшто она цело време знаеше дека оди само на контроли,никој операција не спомнуваше. И моментот кога треба да ја однесат да ја заспијат и да продолжи процесот девојченце мало кое штотуку наполнило 4 годинки вчера и вели на мајка ми: мамо зошто плачеш,немој,знаеш дека морам да одам на операција,се ќе биде добро. Да не ти се верува,прво од каде сватила, второ колку е цврста....навистина неможам повеќе да зборам на оваа тема. Се расплакав.... senjorita.lombardi , како и да е само сакав да знаеш дека сестра ми е пример кој е успешен-а бил подоцна дознаен. Затоа верувај во себе во бебето и во бога. Штом на време е се откриено се ќе биде во ред.
фала многу сноу, бог е со нас трудниците цело време, и на сите ни помага на некој начин, и на нашите бебиња додека ни се во мешињата, и после тоа. Имајте пријатна вечер и добар сон се читкаме утре
Добро утро мешиња. Како што гледам јас сум прва ранобудница денес ајде станувајте, што е ова спиење? Или ви се погодило времето, надвор ладно мислиш секој момент снег ќе падне ептен брза промена на ова смотано време туууу Јас си направив свежо исцеден сок од лимон и портокал па покрај тв и нет спремна да ве читкам вас. Ве поздравувам и ви посакувам нај убав ден
Aма ранобудник во 10 саат Јас сум станата во 6 и 30, уште темно додека беше и повеќе од 2 часа како ми е почнато работното време. Инаку синоќа си го видов јуначето на мама, добро се развива, има околу 850 гр и докторката рече дека според долзината на бутната коска, најверојатно ќе биде височко
Здраво мешенца,денов и не е баш сјаен...ама сепак вас нека ви биде исполнет со насмевки Зарем има и ваква проценка, ај некој ако знае нешто повеќе нека пише? интересно звучи.
Здраво и од мене, јас сум исто од 8 станата и денес бев конечно со мм во Сити мол поточно во керфур да видам што има и како бидејки фрижидерот за продажба ни стана, ама искрено не е ништо поразлично од тинекс веро и останативе а и со цените се тука некаде со исклучок на овие извиканиве работи (шеќер и каталошките производи кои нажалост ги нема сите ) Што се однесува некоја од вас спомна за мрдање на бебушот веројатно тоа е нормално некој ден да го чувствуваме повеќе некој ден помалку па и тоа е живо суштество и има расположени и не расположени денови. Еве на пример вчера и денес послабо го чувствувам ама го има тук тамо а има денови кога само клоца,(може деновиве го изнервираа овие кретени од трансфузиологија ) ... Нажалост кај нас нашиве доктори не ја гледаат хуманата страна на професијата туку само финансиската (ако се сеќавате коментираа на телевизија дека со 30-40.000 илјади денари не се живеело и биле доведени на просјачки стап , а забораваат дека пола и повеќе држава живее на раб на егзистенција) тогаш што може да очекуваме од нивното понашење со нас ... Да не се распишувам многу ... поздравче имајте убав ден Сињорита знаеш како Господ е со сите нас и знам дека на крај ќе искочи се супер и дека тогаш во некоја друга тема ќе ги пцуеме овие доктори кретенски и дека ќе пишуваме за нашите супер бебушки .... Сноу поздрав до меу нека издржи уште некој ден ... Уник гушки до малата и поздрав до сите Феминки што не ги напишав тука (извинете ме ако не ве пишувам сите ама на сите мислам ) УБАВО ДЕНЧЕ ДЕНЕС И НЕ Е ТОЛКУ ЛАДНО :::::::::
Како што кажа ljubicicaa не сте сами мене едно лошо што ме има фатено ама успевам некако да се контролирам ме имаа фатено неколку дена јајниците со променава на времето неможев ни да спијам ме болеше а кога седнував исто така, а осеќам дека болката е долу а не горе во стомакот кај што е бебушко ама ај што да ми правиш тоа ти е трудничка работа изгледа прво на бебуш помислуваш да не му е нешто ( не толку страшно за да одам на доктор, плус дека дури на 23 сум на контрола значи месец и пол ке помини откако сум била неможам да изджам мислата ме јаде да не е нешто тука ли е здраво ли е се е во ред, а немам некоја посебна потреба освен да го видам бебуш и не ми се оди кај друг доктор мојот е на одмор не сум таков тип да менувам освен ако немам некоја страшна потреба а и се на се досега сум задоволна од него ) Како што спомнаа некој феминки за нас трудните едно ехо дома и цел ден лежи и гледај се со бебушко
е јас заради тоа што нели вчера се жалев цело време дека ми е згрчен стомакот, дека ме боли, се мислев дека не дај боже му е нешто на бебето, денес бев на лекар, го гледа докторката и ми вика се е е во ред, а јас пресрекна ми даде магнезиум да пијам по две на ден, а и таа ми кажа дека секој ден различно ке го осекаме бебето, да не не плаши тоа е сега кај мене излезе друго, ме боли желудникот,се мислам шо да се напијам затоа што болките ми се од него, неможам дури ни да се исправам матичната ми рече можам еден ранитал, па ке си крцнам едно , се надевам ке ми помини
Мене докторот одкако ми утврди бременост ми даде арсенал витамини и минерали да пијам, меѓу кои и Магнезиум оние кесичките што се растопуваат во уста
јас од почеток пијам колострум витамини, б- комплекс а дури денес ми даде магнезиум, обични таблети се од хелти америка, па се надевам ке ми биде подобро ме интересира дали некоја имала мака со желудникот во бременоста и што пиела за да и е поарно??
Аууу, мене баш вчера ме искина мислам желудникот. ПОследниве две недели ме тишти константно ама вчера..ццц....Мажулево ми прави чај- еден грст свежо нане и помалку камилица со еден цел лимон во него. Отстојува 15 минутки и после една голема шоља во мешокот. ПОмага и тоа како.
и јас сега си сварив нане па ке си испијам со мед, барем да ми се намали болката се напив еден ранитал, ама незнам колку смеам да пијам???? исто матичната ми рече да лижам и рупурут, и тоа пробав...
Zdravo meshenca,ja se izvinuvam za latinicava ama od mob pisuvam. Pred saat vreme se vrativ od kaj meU od mekici,i da vi kazam deka meU utre ke si se vrati doma so svojata creshichka.
Zdravo idni mamicki!podolgo vreme me nemade no eve me povtorno. Otkako mi ja utvrdija bremenosta mi dadoja da pijam tifol. A za kiselinite sto gi imam vo zeludnikot doktorot mi dade edni tableti za dzvakanje RUPURUT. Sega zasega mi pomagaat.imam pomalku macnini.pozdrav