Девојки јас денес слушнав срценце Според мерењето сум 7+3, се е во ред. Гледам зборите за пренатални, мене ми рече матичната ако правам ваков тогаш нема да правиме прв скрининг бидејќи ќе немало потреба. Ми го препорача Qualified Genoma, бидејќи сум блиску до 35 години. Ама јас си мислам да си направам прво скрининг, па ако има потреба тогаш да направам пренатален. Друго, за киселини ми препорача Waya кесички. Добри се? Сте користеле вакви?
Немав индикации за пренатален, со мм бевме решени дека сигурно ќе го правиме за да сме спокојни затоа го направив прво пренаталниот во 10та па потоа и скрининг во 12та. Не е грешка и прво скрининг па ако треба и пренатален, мислам дека пренаталниот се прави до 20 и некоја недела. За киселини од лекови ми помогна Гастрогард, друг лек не ни пробав.
Баш ми е мило и со лесно А, зошто да не правиш прв скрининг? Јас иако правев пренатални, прво правев скрининг па потоа ми земаа крв за пренатален. Сепак пак ќе го гледа убаво на ехото ќе мери, главчето мозочето и сите други делови. Знам повеќе од 20 минути ме гледаше Докторката и ми објаснуваше се
Прашај матичен за замена. Нема да има некој период, најверојатно прават некоја измена. Цела Мк нема, а и Србија е во дефицит. Најблиску Црна Гора има.
Така ми рече, ако правиме пренатален бидејќи бил прецизен ќе немало потреба од скрининг. Затоа и мислам да си направам скрининг, па за пренатален ќе одлучиме секако со мм.
Да, јас дека со првото не користев ништо и страшно испукав и доста стрии имав, овој пат штом дознав дека сум бремена одма почнав да го користам.
NT e нухална транслуценца односно просветлувањето што се мери позади вратниот набор..се мери бидејќи ако е над одредена дебелина е ризик фактор за Даун. А CRL е мерка од глава до опашка (задник) за да се одреди гестациска старост според мерките која можи да е различна од гестациска старост според последна менструација
Да јас ги користам за киселини и многу помагаат. Топло ги препорачувам.. п. с. Со лесно да си ја носиш бременоста
Пренатален и скриниг се различни, во однос дека со скринингот се мерат глава, врат, носе, бутче, а со пренаталниот тоа не се гледа, туку е повеќе генетски аномалии.
И на скринингот му е иста намената..да се земат мерки и да се процени ризик од генетска аномалија (првиот скрининг)..се мери нухална транслуценца која е задебелување позади вратниот набор и се бара носна коска (доколку ја нема е исто ризик за Даун) и мерките,заедно со 2 хормони од крвта на мајката (bHCG и PAPPA),како и други фактори (возраст,тежина, цигари...) се внесуваат во компјутерска програма која статистички го проценува ризикот од 3 те најчести генетски абнормалности (Даун,Едвардс,Патау) (ова е ПРИСКА) и сето ова со точност од 80%. Додека со пренатален тест се зема крв од мајката во која е присутна ДНК од фетусот која се изолира и се прави директен увид во хромозомите (бидејќи сите овие заболувања се поврзани со абнормалност на хромозоми) и точноста е 99%..Така што кој може да си дозволи,и кој има ризик фактор пред се (случај во фамилија или возраст над 35) треба да направи пренатален тест.
Јас прокрварев денес. Отидов во државна и изгледа само јас сум задоволна од државна ме прегледаа, имам хематом 2,8 см, постелката ми е одлепена и имам на неа лакуни. Строго мирување барем две недели и после пак на контрола. Толку што бев испаничена кога отидов една специјализант изгледа беше ме прегледа на оние апаратите за цтг, за да ми каже дека има срцева реакција, да ме смири малку дур да дојде доктор. Сега ќе одам и кај матичната, да видам и она што ќе каже. Многу ми е страв, единствено ме теши беба што е активен.
Точно. Знам кое што е. Муабетот ми беше дека со зимање крв за пренатален, неможат да се измерат димензиите што се потребни, а со пренаталниот се испитуваат хромозомите. Исти се, ама не се исти. Пренаталниот е супер за секој кој што може да си го дозволи и реално треба да е бесплатен за секоја трудница, макар и само за тие над 35 години.
Сакав да кажам намената на скринингот е иста..а за мерки на глава,глава-задник итн. не мора да плаќа дополнително за скрининг може и на обичен преглед на приватно мене барем во плодност и на обичните прегледи ми мерат
Само смирено колку можеш повеќе иако знам колку е стресно, сепак се видело од кај оди крварењето. Ќе си одмараш строго како што ти е кажано додека да се повлече хематомот и ќе си примаш терапија која ти е дадена. Ќе биде се во ред Пиши ни пак
Првиот скрининг е за параметрите на даунов синдром, на вториот детално ги гледаат органите, рбетот, ребренцата, а на секој преглед мерат обем на глава, стомаче и бутна коска и врз основа на тие мерки преку формула ја пресметуваат килажата на плодот.
Jas screeneng obavezno kaj Lazarevski kesi napravam,i prenatalen ke vidam koj test ke kaze dago napravam.I kego prasam za Prisca ako kaze da napravam i toa ke napravam ako kaze ne nema da napravan.