Дали бебето ви променило начин на движење од клоцање во само понежно вртење во стомакот ? Веќе цела недела од кога бев на дежурен е така. Завчера и матичниот ми рече дека е се во ред според ехо, ама сеуште го мислам. Претходно клоцаше нонстоп, сега само така нежно и значително помалце се движи. 30та недела сум.
Па кај мене кај што клоцаше претходно сега само се испакнува или движи и на ехо ми кажа дека уствари тоа му е главчето и затоа не ме клоца веќе. Карлично се свртело со нозете ваљда е надолу и не осеќам веќе никакви удари туку само поместувања и испакнувања од главчето инаку сум 35та недела едит: незнам што можам да направам да се намести со главата надоле
Оф и јас така долу ги осеќам движењата и цело време десно кај карлицата. А претходно румба правеше и насекаде го осеќав. Нонстоп го мислам. За позицијата никој ништо не ми кажа, можеби е до тоа. Имаше некои вежби за наводно да се сврти со главата, ама не знам колку стварно помагаат. Побарај на нет. Вака како тргнало треба секоја недела да се оди на дежурен од мисла...
Почнав да ги правам некои од нив, ќе пишам резултати дали има, за 2 недели треба да одам на преглед. До тогаш колку можам почесто ќе ги правам па ќе видиме
Како си? Те прегледа ли твојата докторка? Навистина ти е намален цервиксот за само еден ден? Баш те помислив сега, дека имаше вчера пишано дека те примиле во болница. Ако имаш пишано, а јас сум промашила се извинувам однапред.
Здравоо,фала ти што помисли на мене .. Да .. скратен е .. од 29за еден ден 19мм и мал фанелинг видоа .. Ме задржаа прво на патолошка потоа ме префрлија на интензивна, моментално примам инекции за зреење на плодот и плус венски терапија за смирување на контракциите .. од вчера до денес не е скратен цервиксот уште си стои исто,ама е прилично мал и наеднаш се скрати ..ќе си лежам овде,ќе бидам под надзор до кога незнам ништо не кажуваат.. болки немам барем не осеќам .. ЦТГ не покажува нешто посебно контракции денес но сепак ги има по малку .. засега е тоа, Па за понатаму ќе видиме .. само дедо Боже да не чува .. да издржиме барем уште некоја недела
Добро е штом си примила и инекции за зреење и дај Боже да издржите барем до 36та недела. Само позитивни мисли колку можеш повеќе, под надзор си и ќе биде се во ред! Те
Знае ли некоја членка што значи ознаката HC*? Знам дека е обем на главче, но забележувам дека има мерка за HC и HC со звездичка.
Како да испитам крвна слика на гладно кога се будам секое сабајле во 4 за во вц и мртва гладна сум, па морам да јадам?
А со урината што правиме На секој саат ипол точно , јас идам во тоалет. Нема прва урина, сите ми се први
Така минатиот месец идам кај матичната од сабајле беше и ми вика сестрата: Гладна си одма да идеш да те боцнат? Ауууу јас уште спијам и џвакам
Леле ќути, минатиот пат едвај сум издржала, 12 часа не бев јадена. Со влечење отидов во лабораторија мислев ќе се онесвестам. Среќа носев бадеми и суво овошје со мене и одма после боцкање земав од нив.
8 часа се доволни без храна , за да се провери крвта. Ако сте гладни вечерта пред анализа, јадете нешто лесно. Јас забегував и вода не пиев, додека 3 ца лекари во околина ми рекоа дека слободно можам да пијам вода. Јас дојдов до степен да бев дехидрирана и да неможат да ми извадат крв.
8 часа е малку за да се исчисти од шеќери телото. Мене ендокринлогот ме советуваше последен оброк да ми биде најдоцна до 20.00 часот. Така и направив. Утрото ми зимаа крв во 8 сабајле и ете 12 часа. Вода слободно си пиев, не ми нагласи ништо.
Добро утро, пред половина час имав јака болка во абдоменот и во исто време ми потече розевкаста крв како со вода. Дали тоа е водењакот и дали веднаш треба да одам на лекар?
Секако дека треба.. што и да е доктор најубаво да види за да бидип мирна..не треба да ја занемариме никоја болка
26+3 сум денес и пу, пу, се осеќам одлично. Од пред некој ден приметив само, особено после лежење, или долго седење, грч во левата нога, кај листот, под коленото. Денес станав за на работа, прво во левата кратко ме фати, после прв пат и во десната осетив. Нормално ли е? Што да се пие додатно? Магнезиум?