Мислам дека секоја една трудница треба да биде свесна и без доктор да и каже дека треба да се припазува во смисла да не крева мн тешки работи, да не прави ептен нагли покрети, и се да биде умерено, ама тоа според мене не е одмарање, туку тоа е нормален тек на животот на една бремена жена.
Ја викам бремени сме не сме болни.... се си рабптам и изметам, спружам алишта, јадење..но умрено со паузи пазење.. изметам до пола ако не можам застанам седнам одморам па после продолжам...господ нека не чува само
Devojki,normalno li e odkako ostanav bremena unazad ovie 2 nedeli sega sum 8+3 nedela sve mise jade nezdrava hrana sto sum jadela ednas vo nekolku meseci.Samo mise jadat sendvici,pizza,blago,king burger sto nepamtam koga sum jadela ima nekolku godiniKe kasnam 2 zalcinja i tolku nemozam,ama samo mise vrti u glava.Strasno
Нормално е, нормално е и нешто што си обожавала сеа да не можеш во уста да ставиш. Јас обожавам италијанска кујна, епа сеа тестенини не можам да помирисам, одма ги повраќам. Обожавам помфрит, сеа у никаква варијанта не можам да го јадам, одма го повраќам и тоа мислиш тровање имам, цревава ми горат.
Нормално е, се е изместено во бременост. Јас се давев во авокадо, сега во бременост ќе повратев од него и тоа неколку обиди имав да му дадам шанса. Али затоа доритос, го купив и додека не го изедов не се смирив Затоа прекинав да купувам, за да не јадам нездрави работи. После трети месец ќе ти се стабилизираат овие нагони.
Не правиш разлика баш меѓу одмарање и лежење и нормалниот тек на живот во прва и втора бременост. Јас во првата бременост одев на работа до една недела пред пораѓај, вечерта пред пораѓај пешачев 10км и правев чучњеви демек побрзо да се породам. Guess what пак на царски завршив. Имав гестациски дијабет, прележав корона во 5ти месец, се боцкав со 2 фрахипарина дневно и апсолутно никој не ми рече одмарај. Немав стврднувања, немав менструални болки. Е ама докторката знаеше дека ми е прво и дека кога ќе дојдам дома после работа си одмарам 2 3 саати, па си искачам да се прошетам. Имав малце намалено грло на матка, па ми забрани односи. Со вторава бременост, немам гестациски дијабет и немав корона ама имам 2 ипол годишно дете. И кога ќе си дојдам од работа, не одмарам, туку искачам со нејзе и седам на игралиште до 8 вечер, па ја спремам за градинка и кога ќе заспие во 9, тек тогаш седнувам, а сум станата од 6 ипол сабајле. Имам и менструални болки и стврднувања и попуштени вени на нозе. И кога истата докторка ми рече одмарај повеќе сега сигурно дека ќе ја послушам. А да, не е матичен доктор, туку е професорка на Медицински факултет со специјализација за ризични бремености, вработена на ГАК, на оддел ПИН. Не знам зошто имате перцепција дека докторите се полуписмени и ги сметаат за болни трудниците. Ваљда ако даваат совет е за добро на трудницата, а не онака од ракав муабет дека си прават. Секој доктор си ја следи пациентката и знае како треба во секоја ситуација. На крај краева секоја бременост е различна и секоја трудница е различна и најдобриот совет може да ни го даде докторот кој ни ја води бременост, а не одма да им ги преиспитуваме одлуките и да се правиме паметни дека повеќе знаеме од некој кој што тоа му е професија.
Не ја разбираш целта на муабетот. Едно е да седиш дома на патолошка (ако не се лажам како да сум те прочитала дека си на патолошка) и да им рипаш тука на сите зошто да лежите не сте болни туку сте трудни, а друго е да имаш апсолутно различен живот од тоа и да даваш совет од слично искуство. Здравје боже кога ќе имаш детенце, па ќе бидеш бремена со второ ќе видиме како ќе постапуваш дали ќе одмараш и колку ќе седиш на игралиште .
‘нормален тек на животот на една бремена жена’ е баш релативна работа и зависи од самата бременост, затоа и одиме на преглед да ни дадат насоки за кои тие учеле и имаат искуство за да кажат што и како да се однесуваме во одреден период од бременоста.
Па гледам овде сите што се на патолошка имаат "реална" причина да бидат. Лежев драга цели 6 недели не мрднав од кревет, кога идев во тоалет ми се тресеа коските, се бањав еднаш на 10 дена од страв. А зошто го правев тоа? Заради совети од квази доктори дека треба строго да мирувам. И знаеш кои беа последиците од тој страв на подолг рок? Мојата психа! Самата кажа дека треба да ги слушаме докторите што не водат, па ете ти не ја слушаш твојата.
Па ако сметаш докторите дека не ти чинат и се квази доктори, смени ги или општо за сите доктори ти е тоа мислење?! И друг пат кога ќе пише некоја мајка дека и рекле да одмара зашто имала цервикс 2.9 или имала стрднувања или поради било која причина, нека ти текне дека можда станала сабајле дете да однесе во градинка, па отишла на работа, па земала дете од градинка, го анимирала цело попладне, а ти си станала сабајле си пиела кафе, си читнала книга, си гледала серија, си се прошетала, си била на шопинг, па види дали е во ред да и се пуштиш дека не е болна да лежи и дека докторите и се неписмени. Зашто гледам дека си запнала со прашањето зошто не сум ја слушала јас мојата докторка, прво да ти кажам дека ти е лошо поставено и е неточно. Ја слушам јас мојата докторка и одмарам кога е можно, како на пример дур ќерка ми си игра на игралиште, а јас седам на клупа, зашто кога имаш друго дете таа е опцијата за одмор.
Ај ма жено, олабави малце. Од кај па ти знаеш јас што правам и со што се занимавам во текот на денот? Верувај не би сакала да си на мое место. Гледам дека воопшто не се разбираме и нема потреба од дискусија. Далеку од тоа дека сите доктори се квази доктори, никој не рече такво нешто. Баш напротив, моето мислење е дека треба да се има доверба во докторот што те следи и толку, крај на муабетот. Јас ги коментирам излагањата на докторите од типот, лежи дома, а не кажува зошто, прими зреење, а не кажува зошто, не знам ти каде виде дека јас ги советувам членките при некаков проблем да се однесуваат како ништо да не е. Го споделив само моето искуство дека се заковав за кревет и си ја активирав анксиозноста и стравот од слушање на совети за мирување за кои немаше реална причина за тоа. Ја завршувам дискусијата тука. Кој што сака нека прави и кого сака нека слуша. Некои членки можеби сфатија што ми беше целта на муабетот, ти очигледно не разбра апсолутно ништо што сакав да кажам.
Дали се препорачуваат протеински шејкови во бременост? Конкретно овие без лактоза и шеќери..ги пробав и се опседнав едно испив, а ми оди секој ден да пијам
Смееш. Јас до сега 3 или 4 пати бев затоа што и онака си имав проблем со непцата, сега во бременост и чистењето неколку дена ми помага само.. пак ми се воспалени и ми крварат..
Не ми крварат ама ми се мн натечени од едната страна. Јадев кикирики и мислам така ги воспалив и сега со секоја храна уште толку ги воспалувам. Да си закажам и јас чистење нема да згрешам. Фала ти мила
Леле многу се вкусни, јас ги пиев пред бременост кога вежбав. Но многу ми беа благи, изгледа имаат некои други засладувачи. Од време на време не би требало да штетат но гледај да не е тоа секој ден, сепак се протеини во прав.
Нормално не, поготово не оние кои се наменети за бодибилдинг, имаат многу хемија. Протеини во прав може кои се наменети само за трудници и кои се безбедни, како и 100 проценти козја или кравја сурутка во прав. Овој колку што знам е дозволен во бременост. Секако консултација со доктор пред било што да се земе на своја рака.
Баш тоа ми дадоа да пијам, сурутка во прав, дека протеините ми беа на долна граница, затоа прашувам. Некако ми е шубе и тоа да го пијам, двапати се напив само, а и гадно ми е А ова на сликава каде го има?