За проверка на скриен шеќер мене матичниот општ лекар ми даде упат за во Синлаб, ама правеле аамо во Кисела Вода, не во Аеродром. Платив 30 денари нешто ситно колку за плочката шеќер што ми ја дадоа. И мене ме пуштија дома да си одам, зошто болни иделе во чекална па да не им седам таму, па маж ми ме зема со колата и после 2 часа ме врати. Иначе ми рекоа само вода можам да пијам. Дискот шеќер не беше растворен целосно во водата, се зезнав па земав ја грицкав цела зошто мораше да се конзумира во рок од 5 минути.
Значи еднаш боцнаат на гладно, па после со шеќерот и после 2 часа е последното боцкање? Јас мислев на еден час да не боцкаат.
Така го прават во Синлаб, на гладно боцкаат, после ти даваат шеќер, и забележуваат во колку часот си го конзумирал шеќерот и ти кажуваат после 2 часа точно до минутка дека мора да те боцнат, па да си порано таму. На други места не знам како е процедурата.
Можеби не е прашањево за оваа тема, но не знаев каде да го сместам, се однесува на тие што примаат клексани и рефундираат. За колку време ви ги рефундираат средствата? Имам поснесено точно пред 1 месец и сеуште не ми исплатиле ништо.
.мајки да ве прашам има ли некоја искуство со болки во препоните и колковите. Цечо време како истегнати ги осекам. Мн ми е страв имам закажано на преглед. И а ли некпја искуство.
Јас во првата бременост така, ама то беше пред 10 години и не ми правеа некои испитувања. Туку се потпривме на претпоставката дека имам цистит ако не се лажам, затоа ме болеле ципите при одење/станување/седнување.
За две недели максимум ми ги враќаат средствата. Провери дали ти е се комплетни документите и дали точна трансакциска имаш оставено. Ако се ок значи до нив е нешто. Нели и имаа штрајк минатата недела од фонд, може затоа доцнат.
Пред два дена ти било крварењето, не е нешто одамна, во рана бременост си подобро одмарај и слушај доктори. Има време за шетање. Обично после таква ситуација препорачуваат две недели терапија и мирување па на контрола. Инаку дабростонот може и да ти го продолжат, зависи од состојбата. Еве јас сум уште на утрогестани кој е за иста намена како дабростонот и прогестерон депо. Така да не се замарај, не се штетни апчињата за твое добро се и нема да се здебелиш без гајле
Posle 20 dena mi isplatile .Samo neznam od koja pricina za 106 kleksani samo 110 denari refundacija.Sega prasuvam vo fond im pisav mejl cekam odgovor
Како само 110 денари не сфаќам? Колку вкупно имаш поврат на сметка? Исплаќаат за секој клексан по набавна цена, тоа е отприлика 170 денари по клексан. Значи би требало да ти исплатат околу 18.000 денари, отприлика.
За клексан од 250 ден, одбиваат ддв, партиципација, и ги рачунаат по набавна цена од околу 170 ден. Значи треба да ти исплатат по 170 ден од клексан. Некоја грешка направиле.
Дали сега ти исплатиле? Се јавив ми кажаа само колку ќе ми исплатат и не знаеше вработената зошто сеуште не е исплатено, не стоело никаква забелешка.
Девојки кога ви се стврднува стомакот каде го осеќате тоа..Мене овие денови мн често ми се стврднува и го осеќам високо горе над папакот мислам тука кожата ќе ми се распукне. Утре имам закажано преглед кај Кочовски. По менструација терминот ми е сега од 24 до 28 Мај, но уште од почеток матичната ми рече 10дена плус бидејќи покасно сум останала.
leleeee ako e tocno ova ke ve castam....vika deka nosam masko,jas sum 8nedela i uste ne go znam polot
И мене ми е термин 28 мај..стврднување повеќе деснп кај папоко тој дел се испакне како јајце тврдо..и држи..не е болно ана непријатно многу
Не би требало една смока мн да смени. Инаку ништо страшно не е што си отишла дома, јас кога правев скриен шеќер имаше настинки, вируси, што ти не и самите сестри од Синлаб ми рекоа оди дома и мирувај, кај нас може да закачиш нешто па да се разболиш. Имав одличен резз за скриен шеќер.
Луѓее дајте ми листа што треба за новороденче во летно време. Усвари се шо ми треба хаха. Не знам дали на долги да купувам или и на кратки..
Денеска бев на втор скрининг си ја видов бебушка Докторката рече дека било се добро. Ме гледаше некои 45 минути, ама дека имам сало повеќе на стомакот леле ама ме стискаше дури и со две раце на моменти. Едвај издржав ич не ми беше пријатно, ама битно бебка да биде добро друго не е битно. Е сега од последна контрола јас сметам 20+1 ден дека сум, а тогаш скоро 2 недели назад ме измери. Сега уште кога влегов на екранот пишуваше мои податоци и дека сум 21+3. Си помислив кога ќе почне да мери ќе види дека е за 20та недела. Ама таа си викаше добро си одговара, јас видов дека за бутната коска измери 20+3, за главчето мислам 21. И на крај ја прашав која недела сум, па вели како што си пишува на екранот 21+3. Јас знам дека може да отстапува, ама за некои испитувања нели треба точна недела да си. Пример за скриен шеќер и за инекцијата што се прима за негативна крвна група. А, ја немам појма кога ќе имам следно ехо, до сега ова ми е второ за овие 2 месеци. Прашав дали ќе ми мери цервикс, рече тука ние не мериме. Здравје само нека биде се добро нека не чува Господ, ама некогаш сум ви љубоморна на вас во Мк. Кога сакаш можеш да одиш на ехо, ти кажуваат детално за се. Можеш и второ мислење да си одиш. Скроза поразлично од мојата прва бременост, секоја втора недела си бев на контрола со некоја паника
За навечер секако ќе ти треба долги памучни шпикознички. Мене 12 август термин, план ми е да имам памучни долги шпикозни неколку пара. Бодиња на кратки ракавчиња, неколку пара долни посебни имам од првото (и со затворени и отворени стапалца)... ромпери ќе купам од Tiny baby shop (шпикозни по кратки, за преку ден). https://www.facebook.com/share/p/24SjdgiNqeGCQPMq/?mibextid=qi2Omg Друго.. памучно кебенце тенко имам, сакам и тетра шаренки да купам (тоа видов убави има во Hello baby).