Тајни беби ги земаат од примарк, ако има некој шо може да ти купе од некој примарк низ европа ке ти е супер оти буквално на пола цена се.. Инаку се мислев за краткички оти сите ми викаат бебенце р мора по долги ама јас сум средина на јули и ептен ке е жештина..
Абе иако лето, навечер знае некогаш да е така посвежичко... па некој пар долги тенки памучни шпикозни ќе ти требаат, не којзнае колку ама 3 пара имај ги 0-3м. А преку ден секако на кратки, на прерамки, во маичка... овие ромперите и шпикознички на кратко се супер. Има секаде такви, јас за месец дена ќе си прошетам и ќе купам (од Ваикики, Цивил, Зара, маалски продавнички). Имам алишта од второто (девојчето), ама родена Ноември и ништо не ми одговара
Дали има некоја со поголем диоптер што има позитивно искуство со природно породување? Само што направив детален преглед и офтамологот смета дека нема индикација за царски и покрај диоптер -5 и -6. Ми рече дека гинекологот треба да одлучи. Во Ремедика планирам да се пораѓам и би одела на природно спонтано ако се друго се погоди како треба, само ова со диоптерот ми е дилема сега за сега.
Да, алишта во болница не треба. А за дома, треба по повеќе пара бодиња, шпикознички... бљуцкаат, со доењето се прави лом на почетокот све.. па неколку пати пресоблекување дневно има Јас од али си порачав едни широчки убави тенки лигавчиња (како тетра материјал), па да поштедам некое пресоблекување со нив
Mene po 158denari mi gi isplakaat za eden kleksan... Mi kazaa deka od nabavnata cena odbivaat ne se sekavam kolku procenti ... Barem kaj mene e taka
Јас се боцкав во авицена 550денари со 3 боцкања, се боцкаш мерат шеќер ти даваат глукозен раствор пиеш за 1час се боцкаш пак и после уште 1час повторно боцкање. Седиш во чекална несмееш дс искачаш шеташ и трошиш енергија. Јас се на се многи убаво поминав
Девојки пошо никаде нема утрогестан најдов од 100ка само. Пошо пак имам кафен исцедок, можам ли барем да ставам два пати по 100 место еднаш од 200? Става ли некоја вака? Додека не ми даде друго матичнава. Пошо иако бев на преглед денес и ми кажаа дека нема ништо и дека е нормално, не ми се остава вака вечерва, таа на скрининг денес ми кажа да ги земам тие замената од 400, ама и од тие не најдов, па додека не најдам да ставам барем едно од 100ка вечерва? Пошо не ми е сеедно со кафен исцедок, иако е намален од сабајле драстично пак, ми прави стрес.
Јас порано ставав два пати по 200 навечер. Така да не би требало да е проблем да ставиш два пати по 100. Само навечер ставаш?
Јас мислам дека смееш, две од 100 исто како едно од 200. Кажи ми нели ти предложиа да те боцнат со инекција прогестерон или ти да им спомнеш? И јас имав на почетокот и знам колку е само стресен тој кафеав исцедок. Примав 3 инекции и се среди, после првата веднаш приметив разлика.
Јас сум со диоптер -5... Планирав наредниве недели да отидам на контрола за да ме посоветуваат како треба... Имам познаничка со мој диоптер што роди две дечиња но имаше ласерска операција пред све тоа. И имаше доста компликации после пораѓајот последен...
Не, немам ништо, според нив исцедокот е старо нешто. Немам ни хематом ни крварење никаде во матка. Ми помина претходната недела за два дена и сеа наеднаш сабајле пак… пак се беше океј, бев и на скрининг зашто баш денес ми беше терминот, докторката ми рече нормално е, се чисти матката, и ми рече да ги земам тие другите заменета на Ц беа нешто. Ама не најдов денес а дома имам од 100 ка па да ставам барем вечерва зашто иако ми викаат дека не е ништо, не ми е сеедно. Имам онака цело време на бришење по малку од време на време и на секојдневната знае малку да има. Веќе не е ни кафенко повеќе избледува, ама пак ќе кажам ми прави неубаво.
Upat od opšt matičen, javi se vo Avicena ili Biotek, kje si kažeš so upat, otprilika denovi za da odgovaraat na nedelite i kje ti zakažat oni koga imaat, a upatot važi mesec dena i so toj si odiš na nego nema da pišuva termin samo mesto
Дада те верувам и мене многу ме нервираше, кај мене беше така бледо кафеаво ама го имаше. Некој ден не, па одеднаш ќе протечеше и на гаќите и на бришење. Јас спомнував на Докторката таа ми велеше додека не е црвена крв не е страшно. Исто и кај мене немаше ни хематом и кога ќе прашав од што може да биде. Велеше со бебе е се добро, нема што да бараме причина. Ама јас бев упорна за инекциите и таа после ми дозволи да ги примам и се смири. Верувам дека и кај тебе се чисти таа стара крв, ама на психата ептен влијае. Кога ќе прочиташ на форумот секој втор е со таков исцедок.
Јас направив преглед на периферна ретина (очно дно) и дебелина на рожница. Имам правено ласерска во 2019. Пред операција имав -4 и -5. Едно време бев на 0 постепено се зголеми на -1 и последниве 1-2 години ми е стабилна. Офтамологот вели дека нема врска што сум правела ласер, состојбата на очното дно одговара на стара + нова диоптрија но според него тоа не треба да е индикација за царски бидејќи изгледа здраво без дегенеративни промени и дефекти. Не знам зошто ама некако повеќе ми е страв од сечење отколку од природно породување.
Женски да пишам, 30+4 денес бев кај матичната се беше во ред 34мм ми измери цервикс, брисеви ми зема како што кажаа на дежурен и ми рече 1х1 да пијам ферона зарњди тоа што покажа контракции на 2мај на Гак. Сега ќе чекаме резултати од брисеви па ако има нешто да ми даде терапија иако јас веќе немам никаков бел исцедок. Е сега може те треба овде да пишам ама да прашам.. за мрежести гаќи од кој зимате? И вир влошки нема нигде .. од кој зимате ? Бони или? Видов едни на белина дали некој ги има користено дали се добри? Да знам полека полека што да купувам.. фала ви многу