А нели прво на гладно, па после 1 саат, па повторно за 1 саат, мене така ми кажаа во Биотек. Баш и ендокринологот ми пиша така, за 0.60, па за 120.
Мислам дека ти е мала дозата, слободно ставај повеќе (2х200 или 3х200). А и некоја инекција да примиш не е лошо.
Јас во 8 септ правев, д димери, хемостаза, крвна група, рх и не платив ништо со упат + мислам упатот трае само неколку дена, не е цел месец.
Не не за на трансфузиологија важи само 5 дена. Така ми кажа матичната и мене коа бев да проверувам и морав да проверам тие 5 дена.
Приватно ако правиш со 3 боцкања е, за 1ч, па за 2ч. А со упат од матичен е со две боцкања, на гладно и само по 2ч.
Во болница за пораѓај ќе ни бараат крвна група официјален документ задолжително или може да им покажам возачка дозвола на пример дека пишува таму?
Мора да го имаш и документот мислам. Јас извадив за првото (ми стои картончето во книшка пикнато на прва страна), па истото и за второто го носев и за третово ќе си го носам. Им треба валиден документ од трансфузиолог..
Па еве @angel4444 има се комплетно направено со упат од општ мислам. Чим може за димери и хемостаза, сигурно може и за тоа. Јас за димери и хемостаза од општ земав сега, не платив ништо. @marama свиткај го на 4 дела и пикни го во книшка
Да и мене лист ми дадоја.. со првото ко се пораѓав пред 4 год гак носев картон ама тој го добов како крводарител на времето и си го чував .. викам доказ е па ми правеја проб.. сега викам че идам да извадам што треба и само лист ми дадоја а очекував картон
Девојки, да ми каже некоја искуство со два крвни садови во папчаник, една артерија и една вена е, наместо две артерии да има. Во Систина мислењето им беше дека не е ништо страшно, дека сосема нормална ќе си биде бременоста, ама ептен ми дојде страв, па ме интересира некој од искуство да ми каже дали било се во ред со бебето?
Со првото кога се породив имав документ каде што пишува дека сум 0+ ама сега не знам ни каде ми е документот, дали ќе морам пак да испитам сега пред да се породам да не се маткам сега без документ ако стварно треба пак...
Мора да имаш доказ за која крвна група си. Недај боже да дојде ситуација да се прима крв, мора да знаат која крвна група сме... Во приватниве ако немаш, прават пред пораѓај обавезно. И тоа го бараат уште 36,37ма тој документ. За државно не ми текнува како беше, ама најдобро да си имаш..