Добра сум сега,ме пуштија после 4 дена со препорака за строго мирување,само лежење, ми зголемија магнезиум и на отпусното нагласија при секоја промена да се јавам на ГАК. Јас имав болки во кичмата и стомакот наеднаш ме фатија и тоа траеше 2-3 часа но стегање и попуштање,баш контракции .. отидов на ГАК и дежурните таму видоа и фанелинг ама другиот ден никој не виде и на наредните прегледи немаше фанелинг, само си продолжија контракциите на нередовни интервали но ЦТГ ги детектираше. . Никој незнае зошто и како .. нема слаџ,не сум правела ништо нарочито за да речеш ете од тоа е .. баш имав опуштени денови .. Ете едноставно можеби е до самиот организам.. Ама јас,паталец .. не оставам на случајност ништо се што осетам прашувам,одам на доктор .. нека ми простат ама за тоа се докторите. Сега имам по неколку пати стврднување и болки во кичмата на моменти и напред во стомакот ама не се силни,Др рече тие игнорирај ги и да се обидеме да се соочуваме најмногу што можеме секој ден сега ни е плус
Мислам дека ќе ти треба печат бидејќи инсистираа баш на печатот кога ме хоспитализираа мене.. кога ќе одиш на клиника замоли на трансфузија нека ти стават само печат,најдобро така ..
Ајде со лесно јас сум 28 мај... второ ми е а чеп ни со првпто видов фа ми падна нит па сега а еве следам гледам па че видиме како ке оди... вчера бев цтг ехп се во ред нема знаци....контракции имам и јас стврднувања коои не де болни ама се непријатни.. чат пат менс болки ама ги имам веќе 2 недели.... кичмага ниско ме боли и мене овие два три дена ..ама ја ск мислам па некој нерв да не протиска па зато ме боли ... когаббев на цтг минатата недеча како станав ме сецна нешто баш ниското и си викам од што лежев на грб неш мош некој нерв се притисна...
Здраво.Сакам да ве прашам кои се тие брисеви во 30 недела ? Истите се како пап тест ? Незгодни беа тие во 13 недела затоа малку ми е страв ...
Одмарај мила, се ќе биде добро. Само позитивна мисла нека те следи. Грлото колку ти го измерија последно? Такви стврднувања имаме речиси сите, јас ги имам по многу пати во денот, ги прифатив како нормални. Ќе си тераш до крај, таква мисла нека те води цело време. Те гушкам
Земи си Антиметил таблети пиј си два пати по едно во денот и ке ти се смири гадењето, мене само тие ме накренаа инаку многу лошо ми беше.
Па би требало да важи, ако си е на документ кој е издаден од здравствена установа би требало да си важи. Од возачка само мислам не прифаќаат...
Кажете лек за подуеност ? Ретко одам во вц, само ако јадам чиа пудинг ама пак не е тоа тоа. Дури и водата што ја пијам ме дуе, се осеќам како да имам качено 5 кила и стомаков ми е како 6ти месец да сум. 7+5 сум.
Фала ти за поддршката драга, точно не се сеќавам ама пред да си одам кога ме гледаше докторката ми измери грло над 20 и 3/4 мм .. значи 4 дена откако ги добив болките и ми измерија 19.. ама ајде си прашувам на тоа дека е различен апарат и различни доктори ме гледаа.. последно ме гледаше таа што ми ја води цела бременост на ГАК и ми ја знае целата ситуација нели и организмот и знае на секој преглед како било и што гледала па пак по мое тука некаде околу 20мм се движи .. ќе си лежам и ќе се надевам само на позитивно, поддршка имам од сите околу мене,верувам ќе биде добро .. Мојов дечко знае дека е многу години чекан па си вика ај ќе излезам порано,ама неее ќе го задржиме уште некоја недела во меше па после ќе се гушкаме
Кај мене беше така во првата бременост, се беше во најдобар ред, бебе супер тежина, во супер недела се роди, никаква апсолутно разлика немаше во текот на целата бременост, доколку нешто плус те интересира пиши ми порака слободно.
Ми треба совет од ваше искуство кој се соочил со ешерихија коли и ентерококус во рана бременост (скоро 6 недела).. Матичниот гинеколог ми вика само нифуран смеам, општ матичен не е баш за тој антибиотик и пиење во првите 3 месеци било каков антибиотик, друг гинеколог специјалист од клиника ми вика само Д Мануро и искрено не знам што е паметно, главата хаос.. Никогаш не сум имала бактерија во животов сега и ова ме најде покрај хематомот кој го имам исто од старт Има ли некој искуство со ова и што терапија сте земале? фала ви
Ништо посебно... Ова е нормално за трудници, можеш уринокултура да направиш заради тие стапчести бактерии (може да се и лактобацили, во тој случај ќе ти одговорат дека не се најдени уропатогени бактерии).
Јас еве ќе ти кажам дека мака мачам со Ешерихија коли во урина, се надевам ти побргу ќе си ја средиш! Многу досадна буба уфф... Појавена ми е мене уште пред 6-7 години. Пиев и антибиотици, сок, чај од брусница, користев Д-маноза и пак и пак си е тука. Првата бременост цело време ја имав, од симптоми имам печење кај вагината некогаш е неподносливо. Правев тогаш незнам колку уринокултури и кога ќе испаднеше негативен резултат се нервирав, а знам дека ја имам. Дури пред пораѓај во Ремедика оставив урина и тогаш покажа Ешерихија и уште една бактерија. Еве сега и во оваа бременост иста песна, пред првиот скрининг оставив исто урина во Ремедика и беше околу 100.000 Докторката вели не е многу и ми препиша пиев Амоксиклав. Ама сепак не беше со прва урина, како што е највалидно. Сега сум надвор од Мк и два пати до сега испитував и ми излегува чист резултат, а јас си имам печење.... Антибиотик немам пиено пред 12та недела, ама еве има некои што пијат препишани од Доктор. Најубаво слушај Доктор и совети што ќе ти даде. Мене ми рече многу вода, брусница и увин чај( кој што го немам пиено во бременост).
Фала ти многу на одговорот Се надевам ќе ја излечам некако, навистина ми се направи стрес и со ова, како ништо да не ми оди во прилог од старт ама ве читам сите со секакви искуство и се било добро па се надевам и кај мене ќе биде така