Во архива. Таму идеш и ги дава по години сите резултати што ти се со упат. Али ако уште го дава упатот немаш уште резултати.
Истите движења на истото место ги осеќам и јас, а бебето ми е завртено со главата надолу. А јас се мислев под градите му е главата а тоа дупето му било еве 3 прегледи по ред главата му е се надоле, а како се врти и клоца на секоја страна.
Готови се резултатите уште вчера. Имале проблем со мој термин. Ако ти е итно иди директно таму, ќе ти ги дадат.
Пример ако одам утре само за крвна група да испитам бидејќи сум 0+ ( ми треба документи при пораѓај ) , кога би биле готови резултатите?
На апликацијата уште утре има, а резултати само во петок издават. Пишува и на вратата таму. Јас се боцнав четврток и следната недела петок ги земав.
Со каков шампон ги бањате бебињата , се мислам дали да земам на Бекутан или некои на Weleda или други искрено не знам.. а и не знам ни со кое млеко да го намачкам после туширање, на лице и на тело.. препорачајте
Јас на Еуцерин земав маслена купка, со неа планирам цело да го бањам и да не му ставам млеко за тело зашто таа била маслена и доволно било тоа
Од Weleda планирам и јас козметика да купам. Два во еден шампон и гел за тело, лосион, масло од бадем, крема за пеленска регија. Мислам не заборавив нешто. Главно дека најприродна, за неа се одлучив и според прочитани искуства.
Јас Мустела користев и за првото и сега купив се од такви работи од истиот бренд, имаше акција на овие производи низ скоро сите аптеки, не знам дали сеуште има, исплатливи се со оглед на количината што ја имаат и количината што ја трошиме, и мене убави ми се.
Нема печат на него, не знам дали ќе ти го признаат без печат. Матичната ми потенцираше да го земам резултатот зашто без печат не признавале.
Мој совет не почнувај одма со медицинска козметика. Еуцерин маслената е за атопичен дерматит и нема потреба да се користи ако бебе нема проблем. Јас ќерка ми ја бањам ама е со егземи. За новороденче ок се Мустела, Веледа, од поекономичните Бејбилав и Хип.
А мене ми го дадоа таму без печат.. И по препорака на форумов сега треба да одам дополнително само за да ми стават. Ама имам време може и на цтг кога ќе одам да прашам за секој случај дали би го признале дека пишува електронски валиден..Сепак од кај нив е резултатот незнам што толку..
Јас рипав од кревет мислиш не носам 4кила бебе во стомак. Не е правило. И не се мисли многу јас и инфекција фатив и дете наместено и пак царски пошто имаше голема глава а јас сум ситна. Не му ја мисли толку. Јас цела бременост викав само да не сум царски па џабе од тоа што се плашиш те снаоѓа. Биди лабава убав период е бременоста. Поубавиот допрва доаѓа
Не знам и мене иако знаев која сум ме тераше пак да идам да проверам за да е од трансфузиологија… и бев специјално да ми дадат резултат со печат. Ама не печат која крвна група си, туку печат од институтот.
Не ја сфатив последнава реченица. Од каде сега печат треба за крвна група? Јас денес бев да земам и со резултатот ми даде и крвна група и рекоа печат нема потреба електронски е валидизиран и плус и докторкава моја трансфузиолог ми рече што ќе ти е печат, само ние сме валидни за тоа плус електронски е валидизиран.