Гадно е првиот половина час, после ок си. Јас на гладно не трпам благо ама еве уште пола саат, а веќе се кренав. @mariz либето ми прави друштво, па поминува времето. Мајка ми ме спреми да не одам сама
Чај ќе си правиш од сува брусница. Имаш и на природна база капсули од брусница. Само не претерувај многу со брусницата.
Јас не можев да најдам никаде чиста брусница ни во билна ни по маркетиве, па си купував од пазар и ја варев чај. За вагиналните пробиотици мене матичната тогаш кога требаше да примам ми рече не заедно со утрогестан. Ги пиев орално. Прашај си го докторот за секој случај.
@Laura7 а да ја земеш таа што е 60% и само плодот од брусница да го двоиш и вариш? Баш во Дм бев, гледав.. сите мешани се. Инаку мн добра работа за бешика, а сигурно дозволено и за трудници е семки од лубеница. Јас мн мака мачев со ешерихија и фала богу ја нема 2 год (инаку се мачев преку 10год). Прв пат кога испив тоа чудо, јас парталчиња мочав. 20тина семки од лубеница, сецкани на крупно се варат 2,3мин во 1л вода. Одма се процедува (дека пуштаат ко лига ако стојат) и после кога ќе се олади, вкус како вода.. никаков буквално. Уште се скапи лубенициве ама сечено парче гледам продаваат, па пробај ако сакаш...
Сега баш ги двоев, од таа 60 проценти купив. Ќе се снаоѓаме некако. Инаку урината ми стигна, се изместено, со леукоцити, еритроцити, бактерии, крв во урина, катастрофа Инфекција, дај боже да пројде со лесно, веќе немам енергија од секирации
Дека првата бременост ми беше лани и колку толку ме држи сеќавање, а имам и мали белешки пишувано за симптоми и килажа. Имав даалеку повеќе движења на бебето, и многу посилни. Може ова да е по флегма или има некоја мака? Некогаш и со тресење не реагира и тоа убаво асално тресење како гинеколозите што прават за на ехо да смени положба. И благо, луто и газирано не ја предизвикува да мрда. Во денот 10 пати ако осетам некое движење и тоа ептен на блиц а некогаш ни толку.. Тек за 20 дена сум на преглед, не змам дали да кревам паники. Мм ми вика се научи да одиш по лекари сега кога е се ок измислуваш нешто… 24+3 сум
Каде ти е постелката? Јас иако носев големи бебчиња, дури и 30,35та јас не осеќав мрдања опасни со првото и второто. Напред постелката, незнам дали имаше врска... Здрави, прави дечиња се. Третово назад постелката, има денови каде екстремно ја осеќам... оно се гледа како прошетува дел од телото по стомак, па и неколку пати и ме заболело (јас ова го немав искусено, па се грижев дали е ова нормално). Некогаш кога мрда многу, си викам да не нешто смета и затоа волку прета А па има денови, каде слабо си претка. Фаќаат разни позиции... Се случуваше и каде воопшто не осеќам, а на ехо лудуваше Затоа си мислам зависи како е наместено...
Го преживеав шеќерот, уште резултатите да стигнат. 3 дена нема благо да каснам Моево е со постелка напред и многу се чувствува. Ако повеќе се чувствува со назад, среќа што е напред @gothchick опушти се малце. Дека имаше мака, паметот сигурно таму ти е цело време. Ќе бидете добро
@marama @mariz е и тоа е разликата, со првото напред ми беше а ја осеќав многу повеќе, сега е назад и горе и мнпгу слабо. Ќе видам нареден период како ќе е, сепак е тука дава знак некој. Протоци ок, си расте таман за неделата, малце лакуни и малку покачени ддимери ама да не си раат нешто излегува
Мене стомакот почна да ми се познаа крај на 5 ти почеток на 6 ти месец . Иначе исто имав проблем со гасови и надуеност, Сигурно ти е од тоа.
Оди на болница, јас скоро имав болки од жолчаката и ми дадоа систем физиолошки со спазмекс ако не се лажам. За дома ми препорача фамосан+парацетамол. За забоболка најмногу што ми дозволија беше аналгин/беналгин. Можеби ќе треба да пиеш антибиотик ако се во прашање бубрезите. Најдобро консултација до гинеколог да знај, па упати се интерно или инфективно.
Бев вчера на дежурен, уринарна инфекција. Ми дозволи парацетамол, кетонал и аналгин за болки. Почнав и со антибиотик. Фала ти
Мене какви видеа ми искачале на инста, јутуб... екстремно апла, лево десно шета стомак, се гледа цело бебе како прета мрда Може зависи и од јачина на мускулите, кожата итн... Мајка ми вика со мене и сестра ми ќе и отишол цел стомак лево или десно и го фаќала сама го враќала напред Јас не ни сакам нешто толку екстремно, арно си е вака. Битно нека мрдка само
Ги купив овие, ја консултирав и матичната рече може и биле многу добри. Ма да и ова е мешавина некоја за уринарни инфекции, покрај брусница има и мечкино грозје, екстракт од зелен чај и златица. Но штом го дават гинеколози значи ок е составот.
Јас инфекција добив после пораѓај, од катетарот 99%, исто со болка во бубрезите бев, па ми дадоа антибиотик. Ти кажаа од што е?