Не, чекам уринокултура па ќе видиме. Не е вањда со катетарот да ме заразија Ми покажа мене бактерија претходно, но со катетар земен примерок беше стерилна уринокултура. И после два дена осетив болки доле, вчера и цел десен бубрег како со нож да ме бодеше некој Страшно, да помине со лесно.
Сок од брусница има во Белина, јас порачав минатата недела 500 мл околу 500 денари беше, ептен е кисел ама пијам некако барем по една чаша на ден
Да ти се пријавам и јас, со фатена бактерија од катетар пред една година беше. Нека ти помине со лесно. Можеш и пролом вода да земеш.
Можеш да ги ставаш слободно, некои 3-4 саати барем пред утрогестанот, јас ставав исто околу 21:00 така ми викаше Докторката и барем еден час да лежиш после аплицирање.
Ништо страшнo, и јас не јадам благо. И тоа суви смокви со маслиново прочитав погадно нешто не постоело, па мене не ми беше гадно, а ниту благо сакам, ниту суво овошје, посебно не смокви.
Имате ли болки во нозе,од денес нешто тешко ми е работењето низ дома,а тек сум 16 недела,од што може да биде
Јас пак со глупиве прашања..ненормално се исплашив Затварајќи врата од кола, си го поткачив малку стомакот..не беше силен удар или нешто ама многу се исплашив, со крајот се поткачив во близина на папокот..немам ништо ниту црвено ниту ништо, дали е можно да си направив некоја глупост?
Дај докториве веќе нека се усогласат со ставовите, ако нема докази да не ни шират страв. Веќе не знаеме што смее, што не, целите сме во прашалници и паники. Се ова не ни иде на нас како трудници во прилог. Еве читам за увин, едни се никако, други слободни може. А знаеме колку е корисен при уринарни инфекции. Како може да се толку различни во одредени ставови. Еве јас земав додаток од брусница и читам во составот има и мечкино грозје, читам што е и уствари увинот е чај баш од мечкино грозје. И сега целата сум во недоумица дали да го пијам додатоков или не. Веќе не знаеме на кај да тераме од различни ставови на докторите.
12та недела сум. Вчера имав бел исцедок кој го имам повремено од самиот почеток и ми рекоа дека е нормално. Пред малку после мокрење, како светло жолт. Не знам дали од хематомот ми е или е некој нормален исцедок? Уплав имам после спонтаниот Денес бев за уринокултура, резултати во четврток, исто тогаш и на преглед. Во која недела правевте пап и брисеви?
Пап не се прави во бременост, ако си имала до сега уредни наоди нема потреба да правиш, зошто може да ти покаже неточен наод. Брисевите се прават во 12 недела, секако ако имаш одреден симптом, зголемен исцедок, миризба, чешање порано ќе си направиш.
Исцедок е нормален се додека нема мирис, не чеша и не менува боја. Брисеви се во 12 та недела. Пап во бременост не се прави.
Poradi tie razlicni stavovi koga ke me zabolese grloto proslava zima jas piev pola casa caj Spored mene pola casa caj nemoze da naprai nekoj takov problem da omekne grlo...ama toa site doktori razlicno. A za urinarni infekcii jas zemav kapsuli od brusnica cista od jamieson
@Laura7 @BellaBibi Е сега ме збунивте Овде во Хрватска прават пап на почеток на бременост и после то брисеви. Инаку, јас во јануари(месец и пол пред да забременам) правев пап, брисеви и уринокултура, тогаш се' беше во ред. Ајде ќе видам во четврток што ќе ми кажат. Се надевам дотогаш нема да имам посериозни проблеми Фала ви за мислењето