Имам како боцкање кај срцето како да ми споро чука Страв ми е некој удар да не е Осолив домат и сега легнав
Антибиотиков осеќам ќе ми направи кандида, почна јазикот да ме пече од солено и доле како да почна да ме пецка. Пијам пробиотик и ставам пробиотик вагиналети. Но ако ми се појача да бидам информирана. Дали сте користеле и дали смее канестен вагиналети во бременост? Или полигинакс? Знам ги користев порано, само тие имаа и антибиотик внатре.
Не се сеќавам за колку време го земав ама кога ќе го земаш нека ти стават и печат. На мојот пишуваше електронски валиден ама прашав завчера во Чаир ми рекоа да одам за печат дека морало да има. Инаку мене ми се свртело бебето не е веќе карлично Се утепав од вежбање две недели се надевам само нема да се врати пак дека и воспаление имам веќе Докторот кажа нема толку плодова вода не би требало да се врати како што беше цела бременост 2700 сме пораснале, веќе може да почнам да јадам и ананас и урми Контролен брис за уреаплазма ќе правам во понеделник (12 дена поминати после антибиотик) па се надевам сум се откачила од неа веќе..
Јас ставав Канестен 3 маст за внатрешна употреба на почеток на бременост, по препорака на гинеколог. Исто пиев и вагинален пробиотик 10 дена, ја снема кандидата и не се врати, 9ти месец сум.
А да не експериментираш со домати по дома, него трк на дежурен. Се сомневаш на сериозно нешто како удар, имаш успорен пулс и седиш дома. Да не излегува дека те карам, ама иди провери се барем мирно вечер ќе спиеш.
Шеќерот ти паднал... Мене јадена сабајлето, ми падна пред ручек и страшно ми се слоши... Ама ако сеуште не се осеќаш океј, на лекар..
Срце ни боцка, ни боли пред удар. Смири се и не паничи. Нормално е да ти се слоши во бременост. Два пати во ред чекајки во маркет ми се слоши. Смири се пред се, си правиш дополнителен стрес.
Имаше едни вагиналети, ама ич не ми текнува на името. Вагинален пробиотик се. Побарај во аптека. Јас обавезно ставам кога пијам антибиотик.
Јас полигинакс ги користев 6 дена додека пиев сумамед тие ми ги препорача гинекологот како замена за пробиотик баш за превенција од кандида
Пред месец дена ми препиша мојата едни вагиналети, биле баш за трудници. Xaluron. Е вака се викаат, сега видов. Една знам дека ми остана.
А овие се со хијалуронска киселина, на поприродна база се, за заздравување на слузницата. Може ќе помогнат и за кандида, таа си бара нешто појако.
Ми ги даде зошто и кажав дека понекогаш имам секрет како жолта боја. Прашај др или во аптека, ќе ти понудат нешто соодветно.
Нее удар да беше скраја да е немаше да боцка туку одма удира Мене ми се слоши така пред еден месец па цел ден в кревет лежев и три дена после тоа ми се гадеше, лежи одмарај сега и не се плаши.