Женички 32+ па од вчера имам тапи некој болки во кичма (половина) и вчера само чим мрднеше бебо после 2-3мин осеќав како штрекање доле на голема десна усна па ставив перница под мене така полежав па го снема и денес еве до сега исто нема. Дали бебо удираше доле што е работата стварно незнам.. дали некој имал вака а и болките во кичма? Се надевам дека е нормално
Да мене за тоа мие јас фарбата што ја користев секогаш била без амонијак и од после прочитав и ептен ми беше погодена, јас сум смеѓа а бојата која ја ставам е карамел и многу ми го отвараше лицето ме правеше бела нежна сите ми ја сакаа бојата, сега немам многу бели неколку само ама ова што се познава на слики на се коренот темен долу осветлено ужасно ме нервира плус кога ќе се исфарбав некако ми ја правеше свежа и не ми се мрсеше толку често затоа се изнервирав..а да не се лажеме и тие без амонијак имаат друга хемија и самиот фризер ми рече нема природна фарба освен кна што е многу тешка потоа останува и ништо не ја покрива вика ако покрива бели влакна и го менува пигментот на влакното како сакаш речи ама е хемија..ама ајде ќе речеш неможеме денес да избегнеме се е загадено ама кога ќе ми текне дека на коренот треба да стои 30мин е тоа ме фаќа шубе и еве неможам да се решам да се изфарбам..
И да пукне и да фатат тоа не се случува толку брзо, ваљда знаеш. Имаш време за сѐ па и да почекаш некој да дојде и да ја средиш таа ситуација. Да се случува и за два часа да се породат но сепак мислам дека се поретки тие случаеви. Јас сум со бебе од годинка и за тоа воопшто не му ја мислам, со неа ми пукна во 9 а бевме во болница во 11. Си се бањав, бричев, средував спремав, со мм лекции каде што стои ако ми притреба нешто. Сега кога ќе се случи тоа ќе контактирам некој, некој ќе дојде бар дур ме однесе мм во болница, или нека ме однесе некој друг а он нека седи со малата. Мене ме плаши одпосле што следи со малата и бебето
Обични фарби и без амонијак имаат хемија. Јас оваа ја купив на Biokap. Најпиродна фарба, 98 проценти е од природно потекло, затоа е и скапа, околу 670 ден е. Така да оваа без страв слободно можеш да ја користиш.
Де бе ако гледаш така хемија има и во дезодорансите, во гел за туширање, сапун,шампон,сјај за садови во се има. Оти се мачиш до толку психички, еве јас и во првата и во оваа бременост сега се шатирав со бланш, па со фарба прелив после па шо ми фали. Има и фризерки шо се трудници шо работат до крај, сега не дека намерно треба да се изложуваш на секакви токсини ама до толку да се стегаш за едно фарбање еве не можам да разберам, ако е така и ко ќе доиш после нема да сакаш да се фарбаш и ај запаѓај психички две години плус од шо неможиш да се гледаш во огледало. Ова е мое мислење, не дека те напаѓам само пробвам да ти олеснам да не се стегаш до толку, не е убаво.
Јас правам цело време. Да не имаш бактерија некоја? Обично трудници имаат повисока pH и пониска специфична тежина, така да може да е и нормално.
Сосема ја разбирам иста сум и јас. Но едноставно е карактер во прашање и посилно е. Лесно е да се каже абе опушти се ајде но психата е страшна работа и кој не ја доживеал нема никогаш да сфати. Затоа ако нешто ја мачи или има страв подобро да не го прави зошто па после ќе се јаде од грижа на совест. Плус тука сме сите различни трудници, на некои им њ втора, трета бременост но на некои им е прва после долги години борба со неплодност и едноставно со ништо не би ризикувале и разбрилив е тој став.
Јас за малку ќе завршев на инсулин, среќа што отидов на Клиника за второ мислење... Се чудеа кој е тој што сака да ме стави на инсулин со нормални вредности за шеќер на ОГТТ... Кај мене инсулинот беше покачен, а шеќерот нормален и докторката на Клиника ми рече дека е нормално инсулинот да е покачен во бременост исто како седиментација на пример. Така да на крај може ќе испадне дека немаш ни гестациски.
Да на пример јас не се плашам толку од вируси и чуда ама за козметика на природна база последниве две години се опседнав на пример ми требаше време додека си најдам соодветни део стикчиња без алуминиум и без глупости на по природна база ама што стварно ќе ми држат, тие теми за органска козметика цели ги изчитав исто и гел за туширање барам секогаш по природен, ете има девојки познавам се плашат од вируси ова она јас пак се плашам во последно што ставам на телото, и део стиковите ги сменав и лосионите за тело гледам да е се по природно и пред да ги купам читам на пример..ете може некој ќе рече неможеш од се да се заштитиш и точно е тоа воздухот водата се е загадено ама каде што можам да имам влијание зошто да не, ова е мое мислење, јас порано шлакав секакви глупоси што ќе стигнев, последниве години се сменав..
Исто, стик со алуминиум веќе со години не користам, си купував органски, а сега во бременост само често се мијам и ставам сода бикарбона под пазуви помршана со кокосово масло. Гелови и лосиони бебешки користам. Не може од се да се заштитиме и храната е со пестициди, ама барем од тоа што можам ќе гледам да тргнам хемија од мене.
Лаш од аромако, и овие два додека сум бремена многу добри ми се покажаа не ме изневериле до сега, најдобар во мирис и во трајност бен и ана единствена мана што брзо се троши
Охоо каков проблем имав со психата во првата бременост, стрес пред секој преглед, на две недели на прегледи и ред други работи за да после тоа ми се јави анксиозност. Од искуство зборам дека не е убаво до толку стегање и стрес овој период а и општо. А и ти можи се имаш прифатено таква дека нема да се фарбаш и не ти е проблем, и таа или нека се прифати таква каква шо е или нека се исфарба, оти да се мачи психички за банални работи тоа ми е зборот. Појќе штети стресот отколку едно фарбање на два месеци. Па ова е најлесниот и најубавиот период уште од сега ако не уживаме тек после шо ќе биди.