Супер. Не беше толку лоша гликозата. Некако и времето брзо помина. Сама во посебна соба си бев. Дома малце ми се слоши ама ништо страшно.
Нормално е сите ги имаме, некој на почеток, некој покасно, некој цела бременост. Ако бараш виновник- хормонскиот дисбаланс, особено високите нивоа на прогестерон кој ги имаме за време на бременоста(го опушта мускулниот сфинктер кој не се затвора правилно помеѓу желидникот и хранопроводот и киселината се враќа назад) притисокот на бебето како расте на желудникот исто така. Пробај да јадеш мали оброци неколку пати на ден, избегнувај процесирана храна, кисело, цитрусно, еден саат после јадење не легнувај, пробувај што ти прави што не киселини, нема правила, еве викаат јогурт да се пие, јас а се напиев до повраќање одеше работата, некому помага млеко, некому грицки, јаболки..... Мене ми помагаше само сода.
Пред 10 дена поднесов, чекам сеуште. Не би требало да ти прават проблем за тоа.Мислам дека сите се свесни дека само се боцкаме.
Јас за крвна група си јадев, не менува тоа. За ддимери и хемостаза мислам дека можеш да јадеш и за тоа. Уште не сум испитувала тоа.
Не наплаќаат, пред две недели носев во институт за јавно здравје, ми земаа крв и за торч, ни тоа ни тоа не ми наплатија.
И јас супер бев додека го правев тестот, а дома ми се прислоши Ваљда нормално е... сум слушнала кај повеќето така да се случи. @marama Те видов од кола, во некое цветно фустанче беше (зеленкасто мислам) и чекаше на семафори да поминеш улица (близу Џеваир) Ваљда ти беше Ведра и насмеана, убава трудница си
Со среќа, јас 2 недели се опоравував од шербетот. Инаку нема врска храната. Јас денес давав крв за тие испитувања. Имав сабајле кафен исцедок и денес матичната ме пушти да испитам ддимери и хемостаза првпат во 32гн. Накај 12 бев таму. Никој ништо не спомна за нејадење. .
И мене ми е таков цело време млечен бел некогаш малку жолтеникав или како вода ама нема мирис или чешање, докоторот последно кога ми мереше цервикс со сондата виде и ми препиша вагинални како пробиотик и ми кажа само да намалам со благо..
Овие 3 дена осеќам некако како нелагодност, непријатност доле ниско кај стомакот. Посебно на станување и седнување кога се свиткувам. Некаде долу кај царскиот кај што ми е правен. Пијам магнезиум ама пак е исто, а плус имам и дијареа и јас од магнезиумот претпоставувам. Ајде велам нормално е, ама кога ќе прочитам лоши искуства и само се плашам Денес и доста послабо го осеќам бебе за разлика од вчера.
Јас ги имам исѕо од кај 8ми мес. Ми рече докторката нормално е, работено е внатре, сврзно ткиво има, се шири. Јас и како менструални имав, правеве и цтг ништо нема. 36та нед сум сега, никаков проблем.
Така си функционираш најнормално со менструалните болки? Или само период ти беа? Мене скроз ме паничат ама па скоро цела бременост ми се тука.
Мене ми се јавуваа, кога бев уморна. А одморам ги снемува. Сега при крај ќе се јави некоја на 2 3 мин и поминува. Не ме фаќа искрено паника, имам осетено контракции, знам дека не се ова
Ама јас сум 22 недела и затоа ми е страв некако. Значи кога лежам нема ништо, ама на станување, седнување осеќам некоја чудна нелагодност, дури и болка накај десен препон. Колку сакам да знам колку ми е цервиксот... Наредна контрола ќе се пожалам на болките може ќе се смилуваат да ми имзерат.
Не си во МК? Зашто ако си тука, можеш на ГАК да си отидеш, не мора матичен да чекаш. Јас пиев Дабростон еден месец превентивно.