Од кога до кога го примаше дабростонот превентивно? И зошто ти го преќинаа? Јас сум на утрогестан па ме интересира до кога ја даваат прогестеронската поддршка.
Појасни што мислиш со екографија... Ехо преглед обичен е тоа или? Како екографија прв пат се сретнувам, па гуглав и ми наоѓа дека тоа е специјален преглед за срцето на бебето.
8ми месец го примав, сега сум 9ти веќе, ми рече нема потреба веќе. Јас немав некоја индикација, крварења или скратен цервикс, туку ми го даде превентивно ради болките. Инаку и мене ми дадоа утрогестан ама тој период немаше нигде, па затоа дабростон
Мајки дали ви се случило на некој ова,бев кај матичната на ехото виде циста некоја во мозочето,ми рече дека не е страшно се губела понатака,јас се изнервирав малку имам пренатален направено нема ништо
Која недела си? Кај мојте бебчиња така се појави кога бев на втор скрининг,исто ми кажаа ќе исчезнат.Бев на неколку мислења,сите исто ми го кажаа.И јас правев пренатален тест. Некаде околу 26 та недела немаше ништо. Бев загрижена многу,ама ете се среди.Така да,уживај во бременоста.
Не, ништо. Во првата бременост примав утрогестан до кај 5ти месец ама имав крварења пд полип тогаш. Ти кој месец си?
20 недела плус некој ден. Од почетокот сум со утрогестан, ќе видам на наредна контрола што ќе ми каже до кога треба.
Не сум во Мк и тука оди малку потешко, имам закажано на 12ти преглед па тогаш ќе ги кажам сите симптоми. Инаку пијам и јас од почеток Дабростон 3 пати на ден. Се мислам да не ми е од Ешерихијата, еве овие денови осеќам пак печење долу.
Од малата префатив вирус со зелен секрет и од нос и од грло, знам скоро ништо не смеам од лекарства ама ме фаќа страв што кашлам, дали може да влијае пошто има притисок постојано долу на цервиксот? Цела бременост лани без кашлање поминав и сега тек 25 ме фати. Ми се зголеми и исцедокот долу ама си викам нормално е при настинка, кога не сум трудна исто сум приметила ми се појавува или зголемува. Почнав пак по два три пара гаки да менувам на ден Ох маки.. Следна недела 26 сум и здравје планирам и јас за скриен шеќер да одам. Ќе местиме и ние домашен базен ама не планирам да влегувам ќе се ладам под клима хаха. Има време и дајбоже да е се во ред до тогаш, но 9 август влагам во 9 месец и имаме тогаш можност за одмор, претходно не и имаме свое сместување во Охрид, сите ме прашуваат би иделе ли и 50/50 сум. Мерак ми е за малата прв пат да ја носиме некаде, лани викавме море обавезно ама не знаевме дека ќе останам трудна, лани само лежеше на плажа мала беше. Не е далеку некаде па да е ризик толкав, и да пукне водењак за 3ч директ во Чаир сме ама не ми е ни сеедно, би иделе вие?
@gothchick, Alpenkraft сируп е дозволен во бременоста. Мене ми помагаше за кашлањето. За другото прашање, јас во поодмината бременост не би ризикувала. Мислам те читав и за крварење пред некое време.
Здраво женички.Јас денес влегувам во 35та недела но од предходна недела ми тежи стомак ме боли кичма на прегледи и цтг завчера се е во ред. Дега бев излезена до продавница 700 м и назад едвај дојдов до дома едвај два реда скали искачив.Болка во стомак доле и како тешки нозе нешто како да ме влечи се преуплашив дали ке стигнам или ке паднам. Само лежам веќе месец дена сум тешко вака подвижна. Потешко не сум се осекала а сум слаба и не сум поправена па да е проблем тоа.
Штом имаш зелен секрет да си напрајш брисеви од грло и нос? Инаку кашлањето не смета ништо, јас кашлав скоро 5 месеци праев брисеви имав обичен упат, во микробиологија ми го сменија со шифра за трудница и ништо не платив.