Како што пишав настината сум и кашлам. Од кашлањето ме боли мнооогу пупакот, многу. Има ли опасност за бебето, цервиксот, одлепување плацента? Читав бебето е вознемирено од стегање на матката, кај некоја па се одлепила малку плацентата, друга па се отворила долу прст два. Ќе спобудалам. Знам многу биле настинати, зар така лесно се прави проблем
Луѓе јаболки ствараат ли киселини ? Вчера за да не трпам глад додека правев ручек каснав една јаболка. Прво повратив па киселини ме утепаа, буквално плачев и јадев од ручекот од што ме болеше. Саат ипол јадев залак по залак. Се напив и гастрогард после тоа ама само малку ми помина. Не знам што од храна да одбегнувам, само макарони можам да јадам
Јаболки, цитрусни овошја одма повраќав. И тоа со болки во желудник. Само банана ми пријаше. Пробав и јагоди пред некое време, ама малку иначе ако каснам некоја плус и тогаш киселини ми прави. Јас благо не можам ништо да ставам во уста, нагони на повраќање имам одма и киселини. Бонбонче буквално не можам да лапнам.
Ако си го изела со кора има шанси за таков ефект поради составот на надворешниот дел или па пестициди. Инаку лупено јаболко е сунгерче за киселини специфично недозреано жолто јаболко, спас.
Јас на зелени кисели јаболка живеев прв триместар. Ама обавезно ги лупев. Не знам дали има врска тоа. Немав никакви киселини тогаш. А, имам проблематичен желудник. Сега скоро ми се појавија киселините, ама пу, пу не се секоја вечер.
Ај просветлете ме Сонував свое женско новороденче така слатко мило насмеано на пораѓај , што може да е
Ако ти е за утеха, јас кашлав 3-4 недели пред да се породам. Престанав еден ден и ме врати. Цела бев затната. Закажан царски… ама ниту се отворив, ниту некои проблеми имаше. Јас кашлав ептен. Ми помогна сируп и инхалации. Со лесно
Здраво. Дали со извештај од гинеколог специјалист од ГАК може да ми рефундираат клексани? Или мора да се оди на трансфузиологија?
Инаку кога сме кај клексани, денес има исплата за клексани кај мене, за 30 клексани платено 7500 ден, ми пуштија 4751 ден, 63% рефундираат
Јас оваа бременост прв пат поднесувам за 30, малце ми се видоа. Прошли пат дека со Рогам инекција заедно поднесував, повеќе ми се фати.
Дали за овие вредности Хемоглобин 10 - реф граница 12-16 Хематокрит 32 - реф граница 37-54 Железо 11 Би требала да пијам нешто? Некако од минатиот пат тргна надоле... минатиот хемоглобинот 11, а хематокритот 33, железо 20. А сум 29+3. А ми се вртка периодов, се задишувам брзо. Ќе и јавам баш и на матичната... Да се дигнам пред раѓање, кај сеа му текна да паѓа..
Ке ти дај матичната нешто сигурно, низок е хемоглобинот а и железото, ама посебно за пред пораѓај нели хемоглобинот го пратат.. И со премамата ти паднаа толку?
Толку е, еве веќе 6 месеци толку ми исплаќаат. За грев се не дека секоја има 3000 секој месец за инекции, а мора да ги прима