Со една кутија феро на почетокот го качив на 18 ка. И после секоја наредна крвна слика ми паѓаше и еве го сега 10 ка. Среќа залиха имам од нив и ептен ми помага. А ова семето е ептен добро. Имам цело пакетче. Да измешам и јас да зимам не е лошо.
И мене ми рече др да почнам со Ферозомал. Ќе си почнам одма.. имам лошо искуство од слабо железо во првата бременост и после раѓање не е лесно ич. Подобро да го опраиме со време
Мене 24та нед ми беа 1070 некаде и пишуваше на горна граница. Значи твоиве се баш височки. Ќе треба изгледа терапија за ова. Види баш што ќе направиш..
Тие што се боцкате клексани, дали ви се случило да ви продолжат Фраксипарин наместо Клексан? Димерите ми се 2355 во 31 недела, па сега не знам дали заради тоа ми дала докторката Фраксипарин зошто е појак од Клексан или зошто нема клексани по аптекиве (а јас веќе купив клексани пред да го прочитам извештајот, зошто не можев да чекам).
Мој совет да се консултираш со некој постручен. Матичниве имам чувство дека повеќе паничат и даваат клексани. Јас би се консултирала и со трансфузиолог и со гинеколог паралелно. Секако и протоците се многу важни.
Од 01.04 до 30.04, поднесени на 07.05. Многу чекаш ти, да не има грешка некоја. Јас на 02.04 што ги поднесов, при крај на април ми ги рефундираа.
Па добро, пред 10 дена не е многу време поминато. Сигурно било се ок. Најдобро со Јани, сепак негова стручност е хемостазата.
Аптт ниско и ддимери високи незнам дали примаш клексани ова е зс веќе терапија антикоагулантна. Сигурно ќе те прати дс ти препишат и да почнеш да се боцкаш ако до сега нр користиш терапија. Баш пиши што ќе ти кажат гинеколозиве