Дијареа и јас имав претходната недела и помислив дека е од магнезиум директ и еден ден не го пиев и добра бев. Ама сега еве овие денови пијам и дупло по две на ден и во ред сум. За другото немам искуство.
Јас земам без рецепт, никој не ми побарал. Јас и кога не рефундирав приватно си ги купував, никогаш никој рецепт не ми побарал. Еве нека кажат и другите како ги купуваат. Валда не сум единствена. Во различни аптеки низ Ск сум купувала.
Не ти требаат рецепти, со извештајот од специјалист одиш во аптека, купуваш клексани, ти даваат сметкопотврда и фискална и толку.
Пред царски, дали тие што сте имале 105 хемоглобин сте примиле кеса крв? Во понеделникот ми беше 112, денес 105.
Мене никој не ми побарал рецепт. Идам во аптека си кажувам 30 клексани и ми ги даваат. Ни извештај не ми бараат.
Девојки , 15+3 втора бременост Пред малку осетив на десната страна како превртување во стомакот дури болно и некако не очекувано ми беше бидејќи не сум го осетила бебуш до сега дури чудно зошто знам како е на почеток И сега вознемирено се чуствувам
Ете секаде различно бараат а од истиот фонд се исплаќаат парите терај си како шо ти пишат девојките од Ск пошо таму ке ги поднесиш документите.
Не знам колку е нормално ова ама морам да прашам. Дали после јадење имате чувство дека ви тежи стомакот и дека го притиска бебето? Јас се плашам дека го повредувам со огромна тежина, што од килажата моја (над 100), плус храна и вода, уште па и притисок ако имам... Како еден тон да има врз бебето... Може ли да му стане нешто? Јас едвај дишам колку сум тешка сама на себе, а не па тоа..
Колку видеа се вртат по рилс насабајле што прават споредба со навечер каков им е стомакот после јадење ... Мислам дека немаш простор за паника. Гледај почести и помали оброци, мене тоа ме спаси од тоа тешко чувство. Особено што ретко успевам да јадам, и коа ми прифаќаше храна желудникот се прејадував па после одвај дишев...и ме стегаше стомакот...
И јас го имам тоа чувство. Мислам бебево и органиве низ папок ќе ми излезат. И 3,4 дена навечер розев цел ми е стомаков од што тежи и влече напред, а уште 2м имам Но не би требало да тежи над бебе, сепак не зезај не е толкав желудникот па се што јадеш да е таму од цел ден... се вари тоа, си оди. Тоа што влече е и мускулите... сабајлечки секако одморен стомакот, нема мака. Ама како поминува ден, си влече тежи и нормално дека затежува, потешко е..
Знам ама си викам и мојава килажа плус... Мислам две чаши вода да испијам како 20кг да сум потешка после тоа
Тоа повеќе е од стоење и движењето... и ништо да не јадеш, истото чувство ќе го имаш. И помалку и повеќе да јадеш, пак исто ќе те завлече до вечер..
Мене па најтешко ми е да седам. Пре би стоела или лежела Во седење камен ми е стомаков, ми лежи на скут и ме тегне... плус папокот ама ми е надвор, скроз испрчен цел..
Хахаха, убаво ми е да лежам ама коа треба да станам... А уште колку има до крај... Сеа бев до продавница 3 на саат сум се движела. Незнам зашто ми се прават тие лажните контракции чим почнам да движам... Имаш искуство со ова?
И јас не седам долго, еден саат најмногу можам да издржам, после морам да легнам да ги опуштам мускулите
И мене ми се прават... Прееска до 8ми септ бев за димери и се паркирав во Борис Трајковски и пешки до таму. Ај за натаму океј, за назад грч еден едвај до кола стигнав со офкање. И мислам дека се поврзуваме со матка, а може некогаш се само лигаментите и мускулите... Како си седнав во кола, ми се потсмирија. Вчера и до Ремедика пешки бев и назад, дома кога дојдов мислиш маратон сум трчала Препотена, задишана, по пат (мн долгиот пат), седнав и на клупа да одморам
Постојано си мислам така. А не дека сум нешто голема. Мислам сум 15 кила поправена, ама дека ептен слаба бев, не се ни приметува. Јас па во спиење забегувам. На страна ќе легнам и нормално стомакот натежува на таа страна и ми се вртат во глава филмови да не го смачкам бебето Од вечер активно со трудничката перница ќе почнам да спијам ( ќе пробам де).