И мене ми е полесно да стојам. Кога седам грбот ме боли. Вчера окапав на клиника. Сите ми се нудеа да седнам, ама одбив. Ме гледаа чудно, ама како да ме разберат дека ме боли и грб и што сум потсвиткана кај желудникот ме боли. Туку приметив кога сум активна повеќе, имам како на жолто исдедок, а брисеви и се друго е ок.
Девојки можеби глупо е прашањево али морам да прашам, дали градите после доење ви се вратиле во првобитна состојба. Ареолите ми се многу зголемени и потемнети знам дека е нормално но воопшто не ми се допаѓаат...имав баш розови ареоли и мали сега кафени огромни..дали после доење ви се намалиле..
Од хормоните нормално е да бидат темни и зголемени. Кога ќе преќинеш со доење, ќе се намали и пролактинот, ќе се намалат и ареолите и се ќе си дојде на свое место. Е сега самиот облик на градите после доење малку тешко да бидат исти, но тоа е што е .
Јас уште спијам на грб и по малку се навалувам на страна, ама и така мислам дека го тормозам бебето... Ќе забегаме скроз до крај
Можеш да замислиш , цел живот спијам на стомак. И сега тоа неможам. Неможам да спијам, се будам преку 15 пати навечер, се од сецкање дека тргам за на стомак да се свртам. Му викам на мм да ми надува гумата, да легнам малце врз неа, да дремнам убаво
Аа и јас спиев на стомак порано, ама морав да сменам на грб заради градите, а сега и стомакот на сѐ ќе се навикне човек
Мене најубаво ми е кога се движам или седам. Кога ќе легнам најлошо ми е, а па кога треба да станам од легната положба, се мачам. Исто кога се движам имам повеќе исцедок и јас.
Ареолите да ама градите зависи од многу фактори јас со првото доев до 40 дена виснаа малце ама ок у глобала се вратија не како што беа малку беа шашави ама па ист број градник носев како и пред бременост ако ти е за утеха
Ареолите можда ќе се вратат ама градите тешко. Мене после година дена доење како издишани балони ми беа, помали ми станаа од пред бременост. Со пумпа уште бетер се прават, виснуваат.
Јас спијам на страна ама повеќе доаѓа на стомак, сигурно 2/3 од стомакот. Матичната ми рече дека на бебето не му пречи и можам така се додека мене не ми пречи. Ако сум на лева страна и претерам си клоца, па се превртувам На почеток многу внимавав ама сега не се ни осеќам дека така спијам.
Вчера сабајле станав и пак исто притисок осеќам долу и кога одам во тоалет осеќам како ме наболува стомакот. Пак се јавивме во болница и пак истите прашања дали имам крварење и дека болката е сигурно од претходниот царски. Потоа се согласија да отидам да ме видат, ме легнаа и ме пипаше по стомакот кај ме боли сестрата и со доплер го слушаше срцето. Вели добро е, сигурно од царскиот претходно и сега бебе притиска и се осеќа болка. Прашав дали ќе ме гледаат на ехо, вели нема потреба ама ќе кажам на докторката па таа ќе одлучи. Оставив урина и кажав дека имам проблем со печење ме боли Дојде докторка исто прво ме пипаше за стомак и рече ајде да го видиме и на ехо да не ти е премисла. Вака што гледаше рече добро е, има доволно плодова вода бидејќи напоменав дека доле на гаќите нонстоп сум мокра имам исцедок. И истото го кажа дека лигаменти се шират и вака изгледа добро, само шубе ми е што не ми измерија цервикс. Вели имаш ли контракции, реков само лажните и рече нема зошто да мерам цервикс Ми дадоа веднаш да пијам антибиотик бидејќи кажав дека имам Ешерихија и ме пече многу, ама ако уринокултурата испадне во ред да ги прекинам И така малку се потсмирив ама искрено премисла ми е цервиксот... И претпоставувам од што се менуваше времето па и од нервози главата вчера ме болеше во тилот ќе ми пукнеше. Притисокот беше во ред. Потоа почнаа коските на раце, нозе убаво да ме болат абе цела ноќ не сум спиена како што треба. Само мисли и премисли
Мене не дамо што не ми се вратија во првобитна состојба, туку и полоши ми беа, смалени и свиснати. Аеролите ми се средија а градите апсолутно полоши од порано. Може дамо кај мене така, не знам, ваљда индивидуално е
Добро цела бременост ли ќе се осеќам ко помочана? Брисеви чисти пред неполни две недели правев. Денес се осеќам посебно ко помочана, нит ме чеша нит има мирис ништо. Ставам утрогестан, знам дека и од него е, ама па некад е многу повеќе.
Како за утеха. Не ставам ништо вагинално од терапија, ама како помочана сум. Па ако сум повеќе активна… Пола сушара само мои гаќи е.
Ништо не можам да облечам… ни секојдневни не помагаат ќе треба да ставам обични улошки, и да си докупам гаќи.
Те читам за цервиксот веќе некое време зборуваш, а што им е толку тешки да измерат? Што антибиотик ти дадоа?
Ако треба да искочиш подолго негде стави си. Да се утешиме дека е период и дека ќе помине. 14 клексани како за почеток, па ќе видиме после две недели вредностите. Клексан наутро, навечер да си продолжам со аспиринот. И не прашав. Во точно време се боцкате ? Со минута, саат?
И јас сум иста. Мислев од утрогестанот е кога ставав, ама еве долго време не ставам и пак сум исто... јас без секојдневни не можам. Пробав без, ама за брзо и до пантолони, хеланки ми оди исцедокот (а неам толку хеланки и пантолони што ме собираат веќе). Пред некој ден па ама се исплашив, ми падна така поголемко парче кремасто ко мрсулче.. го осетив буквално како шлупна И личеше малку на делче од чеп. Ама еве ништо не сум имала со денови, може само некој исцедок беше... За спиењето повеќе бев на десна страна. Ама постелката ми отишла накај десна страна и сега ми е шубе. Спијам 2,3 дена повеќе на лева и чат-пат се наоѓам и на грб