Да прашаш гинекологот, според твојата состојба да ти каже. Метил фолат пиев точно месец дена пред инсеменација, до кај 14 та недела и прекинав. Продолжив со витамините и аспиринот.
Е оваа бременост ме исцеди. Дупла доза тотхема, бадеми, месо, какао, семе од коприва(искрено спанаќ и зелени работи не толку) иии пак анемична, железо, хемоглобин, хематокрит нискии.. Тоа малку беше па сега и хипогликемична сум, низок шеќер имам, креатинин и уреа ниски (ама ми рекоа ок ништо за страшно за нив) и алт низок. Се плашам веќе 26 недела сум, се плашам за сила на пораѓај, за доење, за оздравување по пораѓај зошто ако сега сум катастрофа, тогаш што ќе биде со мене.. Да барам инфузии со железо плус? Не знам веќе како. Минимално се осеќам подобро ама уште немам сила и енергија како што имав
Пробај со Малтофер капки или апчиња и со него да пиеш липосумслен вит.ц од 1000мг на братучедка ми и на школска тоа највеќе им помогна за качување на хемоглобин, хематокрит и железо. Пробај некој да ти ги донесе а и гледам на група на фб во труднички муабети жени носат од Бугарија па прашај види
Мене најдобро од се ми дигало железо феррум лек (Ferrum Lek). Има сируп од кој се пие 2 лажички по 5мл, што е еднакво на 100мг железо или таблети (една таблета е 100мг железо). И мене ми паднало, иако докторот рече друго нешто да пијам... јас почнав веднаш со феррум лек таблетите. Тотхемата никогаш убаво не ми делувала, а прегрозна е за пиење. Една ампула ко што памтам е 40мг железо. Феррум лек оди и на рецепта, живо џабе ќе ти дојде.. но и вака е ефтино. Сирупот има сосема ист состав како и сирупот на Малтофер. Со тоа обавезно и вит Ц.
Каде да си најдам удобни гаќи? По можност да се како боксерки кои нема да стегаат. p.s. Хеланките и тие како хеланки/панталона од Oysho се врв.
Зошто да не, ти беше хомозигот на MTHFR? Ако е така, тебе ти треба повеќе метил фолат и не само во бременост и понатаму да пиеш.