Da ne ste pravele skoro pedikir, ili da ne znaete kade pravat, da e čisto sterilno vaka kako za nas trudnici, posebno medicinski pedikr, Centar nekade? Ne možam da si gi sredam nozete, katastrofa so navednuvanje sum haha
Хетерозигот- F13 и FGB Хомозигот- PAI-1 и MTHFR 1298 И ден денес не ги разбирам што значат Незнам од што се овие мутации како дошле дали моитe браќа сестри ги имаат Сестра ми има родено 4 деца никогаш не и барале мутации и д димери Ги пиеше тие труднички витамини и железо плус дека се намалува и толку А јас заради штитната и јодот во сите труднички витамини енд. рече да не ги купувам туку одделно И само за витамини давам по 100 ев. А прва бременост пиев фолна од алкалоид обична и прегнакер труднички А оваа овие ги пијам Витамин ц 500- 1600 ден Магнезиум + б6 - 500 ден Метил фолна 1000- 1650 ден B12 1000- 987 ден Витамин д 1000- 619 ден Прегнатол дха - 611 ден И плус железо од странство ми ги носат Од овие горе само фолната секој ден ја пијам а другите не секој само кога ќе се сетам дека мн има и заборавам
15та недела… ужасни киселини и болки доле кај интимата. Спиев и се разбудив, како пулсирање, језиво… Дали е нормално?
Работи телото, се шири матката, протокот на крв се зголемува.Напиј се магнезиум и легни си. Нема простор за грижа.
само што се напив прееска и заспав. Сега ми се намалиа болките, ама пак осеќам нелагодност. Фала ти, ми олесна, се надевам се е ок, во среда сум на гинеколог.
Чим ги имаш ти ги имаат мутациите и брат ти и сестра ти само среќа на неа не и направиле проблем во бременостите, наследни се од родители хетеро е од еден родител а хомо од двајца родители. 100€ што даваш е добро еве јас да те израдувам дека месечно за терапија давам 14.500ден. може ќе ти биде полесно дека со помалку си. Искрено не гледам колку давам иако сум на патолошка со 70% плата, кредит и крпиме крај со крај секој месец ама нека е само се како што треба до крај, а пари никогаш доста барем ова е мое мислење бебо ми е поважно од парите дадени. Метил фолатот и метил б12 се поскапи но секако се по 90-100 апчиња значи за два месеца имаш од купено едно за 1700денари и да со мутациите се пијат до крај на бременост а на некој им кажуваат да пијат и месец дена после пораѓај зависи за кој мутации.
Нека се живи и здравии Со царски беше? Како се чувствуваш? Јас со спинална бев, со обична игла и дури сабалје ќе ме стануваат, после 24 саати..
Честитки и кај тебе. Инаку да цраски во Чаир кај док. Илиевски. Со спинална бев и јас.Супер поминав.Илиевски си со екипата си ја заврши работата безпрекорно. Некаде околу 13.30 не донесоа во интензивна нега,ама станување прво дури во 6ч сега ќе имам,бидејки многу крварам,бебчињата како за близнаци мн.тешки,па треба што повеќе да лежам. Имам болки да,ама си примам и лекарства,ќе биде се во ред. Ни ги донесоа бебињата за 5мин само....кога ги земав во рацe,рацe полни среќа,солзи сами ми текоа,се заборава и на болка и на се'. @CarrieBradshow Ти кај се породи?
Јас имав лани еден спонтан, гин. рече на времето на секоја трета и се случува ништо тоа не е и јас сама после испитував дека нема шанси така без ништо да се случило, сега викаат дека или заради тие или штитната нез ни сама, оваа бременост ми е и таква под ризик дека бев 2 месеци со клексани и ми ги прекинаа со чести еха прегледи на 2 недели и на месец д димери и хемостаза, сега веќе ми се крш рез. Ама рече ај после 20 јуни пак да проверам па за клексани пак изгледа, Здравје само, да помине се во најдобар ред Јас не работам, знам и со 2 плати на оваа скапото се живо едвај па и не се стигнува, што да се прави. На се живо дигнале цена, како на народот да им паѓаат пари на глава Еве за клексани вчера пуштиле пари за 60, 9300ден И на тоа ќе земаат се уште малце, некој не се во можност ни да купат
Има ли некој со мигрена во бременост да каже што и помогнало? Ја имам од поодамна, во предходната бременост ми ја снема ама овој пат не, ужас од вчера боли не поминува, парацетамол испив вечерта пред спиење еве денес уште боли а не смеам ништо појако да земам
Јас имав мигренозни главоболки во првото тромесечие многу ми беше тешко од што трпев повраќав од болка на докторот кога му кажав ми рече да не трпам болка никако и дека може аналгин или бруфен
Девојки ај хелп, малку се испаничив со резултативе од урина. Крвта супер ова.. Што е сеа ова соливе? Бактерии ретко… налет. Страв ми е да чекам до понеделник да направам ли одма утре уринокултура? Што да пијам во меѓувреме? Смеам да јадам брусница? Немам никакви симптоми при мокрење… само што ставам утрогестан друго ништо не осеќам ни печење ни болки… може ли да е страшно?
На истата мака сум и јас веќе 3 дена трпам болка и ме тера на повраќање од што боли но се немам напиено ништо за болка, со облоги на глава само
Ништо страшно не е присутни аморфни фосфати. Се покачуваат од одредена исхрана или повеќе вит д внесен. Ок ти е урината, со тоа што имаш малку покачени леукоцити, што може да е знак на инфекција. Направи уринокултура обавезно, да бидеш мирна. Во меѓувреме купи си прашок д- маноза, по едно на ден пред спиење и прави чај од брусница.