1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труење на кучиња/мачки

Дискусија во 'Дом' започната од Saya, 16 март 2011.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Еден од најголемите проблеми во нашиот град, а сепак толку маргинализиран. Кучињата и мачките - скитници редовно се трујат на различни начини, а никој не одговара за тоа. Се користи отров за глувци, ланате, затруени парчиња месо...и овие кутри животни полека но сигурно дочекуваат страшен крај.

    Сте имале искуство со овие несовесни луѓе? Или пак, ги оправдувате?
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    има ваква тема, во општи муабети, не можам да ја најдам :D
    поназад е, побарај ја, има еден куп мислења :)
     
  3. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Мене не ми е проблем кога станува збор за отровот, бидејќи јас сум дресер на кучиња и моето си го имам издресирано ништо да не лапнува од земја, ниту пак да зима храна од непознати луѓе.
    Затоа никогаш не се секирам околу отровите бидејќи знам дека моето куче нама никогаш ништо да лапне од земја.
    Но оние кучиња што имаат навика да си лапнуват од земја, е за нив отровот е проблем и многу често страдаат од отровот.
    Незнам како може да постојат такви „луѓе„ (нарочно во наводници ги ставив бидејќи тие не се луѓе), али се се враќа се се плаќа, и се надевам дека кога тогаш ќе платат за лошите работи што ги прават.
     
  4. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    јас имам страв најмногу од кучиња ама сепак не го оправдувам тај лош чин...не ми е јасно каква душа имат тие луге кои ги трујат тие животни...
     
    На irenna и sesilija им се допаѓа ова.
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Ниту јас!!! Во ветеринарната каде што јас го носам кучето ми кажаа дека во февруари само, донеле преку 30 отруени кучиња... Незнам што да кажам најискрено. Со кој памет го прават тоа не ми е јасно?????
    На пријатели, имаат самојед, го чуваат во бокс до двор. Некој влегол среде ноќ и им го отрул, сабајлето кога станале, немало никаква шанса да го спасат.
    Да сите сме свесни дека има премногу улични кучиња, ама ова не е начин за да се намали бројот.
    Срамота, каков народ сме ние????
    Туку да ве прашам нешто, дали некој размислувал зошто не можеме кучињата да ги качиме во автобус??? Ако воведуваат европски правила и прописи, казни од по 300 евра за секакви глупости (пр. ако се прави ајвар во двор) зошто за ова да не е дозволиво со закон???
    Мене ми е смачено секој викенд да замарам некого да ме носи до парк за да го пуштам моето куче, со др кучиња.
    Секако некој ке каже, епа ако немаш можност седи дома. Така и правам само мн поедноставно би било да може да го качам во бус и да одам кај сакам. Секој ден би шетала. многу е мирен и мн сака да се вози.
    Ме интересираат вашите размислувања??? Доберман???
     
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Епа нашето македонско размислување во врска со кучињата е на многу ниско ниво.
    Сеуште има луѓе во МК кои што нас кучкарите не сметаат за фрикови и ненормални затоа што чуваме кучиња.
    Мене еден човек дури почна да ми се дере зошто сме чувале кучиња наместо деца :^) (али среќа во тој момент дојде таткоми и убаво го подбра човекот што ми се дереше :lol: )
    Кај нас во МК е проблем да најдеш такси во кое што ќе те примат со куче а камоли во автобус.
    За мојата пудла ми прават проблеми таксистиве и не ме пуштаат да влезам во такси бидејќи сум со куче, и тоа моето е мала раса, а тек замисли со ретривер.
    Пред 2 години бев во Германија и таму секаде пуштаат со кучиња и во ресторани и во хотели секаде, дури имаат и такси за кучиња.
    Али кај нас како што кажав, народот е многу прост и кучињата ги сметаат за којзнае што да се, и тешко во наредните 30 години да ги стигниме европските земји и да можеме каде сакаме да си одиме со кучињата.

    Јас имам само нешто да кажам за овие трујачиве на кучиња и мачиња - Да даде Господ раката да им се исуши на оние што фрлаат отрови.
     
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Така е секаде на запад знам. Братучетка ми е во Франција и ми кажува дека нема никаков проблем, секаде можеш да влезеш со куче.
    Во веро ги молев да влезам со кучето да купам само нешто на брзина и ке излезам, мало беше имаше само 50 дена и го носев секаде во раце, односно во кенгур направен од марама и шал :D покриено беше со јакна и само главчето му ѕиркаше, будала ме направија.
    Во ОНЕ не ме пуштија да влезам да платам сметка, а исто беше кога беше мал и го носев во кенгур. Не го пуштав на земја, па да кажеш ке направи белја. Катастрофа народ сме!
    Истиот период, кога беше мало и го носев во кенгур, сакав од рекорд да се качам во бус, не ме пуштија, ке се исплашеле патниците! Ко горило да носам со мене!!! Идиотизам!
    Во парк, во рестораните не ме пуштија да седнам надвор, имало гости надвор, ке летнело влакно од кучето во храната или ке лаело и ке ги вознемири гостите. Бог да чува, не ми се веруваше кога ми кажаа така.
    Ми кажаа дека лотус такси има спрецијални коли за превоз на кучиња, мини комбенца, имаат корпи за нив во багажник.
    Во парк сите кучкари собрани на едно место кучиња имаше преку 20 и таа со цел памет го пушта детето. Едно кученце му се приближи на малиот имаше дали 3 години и таа почна да вришти. Сакав да и кажам паа што го пушташ детето тука глупа една!
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Да бидеме реални.Кај нас ретко кој ја има таа култура да поведува ред за својот миленик до тој степен да го вакцинира и да го вози во автобус со мрежа на устата,затоа што е живо суштество,во затворен простор,кој е бучен,подвижен и со многу луѓе,не можеш да знаеш како ќе реагира колку и да е мирен кога е во автомобил.A и не можеш да осудуваш зошто не те пуштиле во продавница со куче или во ресторан каде што се служи храна.Има граница,да не забегуваме и да бидеме реални.Јас своите миленици секогаш ги оставам пред продавница заврзани ако веќе завршувам за 5 мин.или воопшто не ги ни носам со себе.
    Јас обожувам животни,на другата тема се имам изјаснето убаво,ама за вакво нешто не се согласувам.Исто како што не се согласувам кога ќе видам на плажа животното како се бања каде што се бањаат и мали деца,а бев сведок како убаво си се искака на самиот брег и водата си го однесе изметот...и јас имам миленици,ама не можам да си дозволам такво нешто никогаш.Не секој сака и не сакам ни себе,ниту останатите да ги доведувам во непријатна ситуација,затоа што не делиме иста љубов кон животните,а друго е тоа што животинче е животинче и она што е добро за него,не е добро и за луѓето.
    И еве ептен оффтопик,не сум газда на миленик кој дозволува да го лиже по лице или да легнува онаму каде што лежам јас,затоа што тие бактерии кои нему му пријаат,мене во секој случај не можат.А ниту дозволувам да јаде она што го јадам јас и кога јадам јас.А ниту се малтретирани или помалку сакани,туку напротив.Сите ми викаат колку весели,разиграни и питоми животинки имам.И навистина се грижам за нив,ги шетам,ги хранам прописно,вакцинирани се,ги четкам и пред се ги сакам и ги чувам од задоволство,но не можам да барам такво нешто од сите останати.
    Се има граници.
    Во општи има ваква тема,таму се изјаснув за темата труење и истребување на кучињата скитници.Најстрого го осудувам таквото нехумано однесување на некој кој е посилен и подоминантен.Го разбирам како говор на сопствената немоќ од многу посилни.
    Нека се префрли темата таму да ги спојам и да ги избришам оффтопиците.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Нешто на коешто најмногу се спротиставувам и секогаш ќе се спротиставувам е се понехуманиот однос на човекот кон било кое животно. Кучињата и мачките ми се слабост, посебно оние уличните и незаштитени. Сите кучиња што до сега сум ги чувала се улични, сите ми ги отепаа во сезона за парење. Првото, го удрил некој комшија со некој стап, кутрото се мачеше цел ден и на крај ми умре во раце. Уште поголема мака ми беше што во помалите места ветеринарите немаат благе везе од ветерина, немаат ни апарати, па ме убедуваа дека на кученцето не му е ништо, само мала повреда.
    После неколку месеци се собра една група кученца околу маркетот во близина на мојата куќа. Им купував храна, ептен беа мили, ни малку агресивни. Исто во сезона на парење, од општината наредле да ги истребат сите кучиња од центарот на градот. Октомври месец беше знам, станувам, одам накај работа и има што да видам. Полуживи кучиња се влечат ппо улиците, тук таму по некое умрено, крвишта, страшна глетка. Сите кученца што беа пред маркетот ги испоутепале со ловџиски пушки. Гадови! Па барем да ги дотепале и да ги собрале, а не да ги остават така да се мачат по улиците. Само едно од нив по некоја среќа се засолнало во куќичката на моето претходно куче и спасило жива глава. И јас така почнав да го чувам. Беше без едно око кутрото. Го чував околу една година и ми го отруа исто комшии. Еј во очи ми призна таа комшиката дека го отрула и ми вика ај да те видам докажи на суд. За жал, многу тешко се докажуваат кај нас такви работи. А и да докажеш, пак ништо. Абе на сред Скопје тој крвникот закла куче и ништо. Сега чувам женка, исто улична и еден мачор.
    Мислам дека треба да се зголемат казните за мачење на животни и треба да се спроведуваат, а не само да стојат пропишани во законите за џабе. Ама треба да се поработи и на свеста на луѓето, да го подобрат односот кон животните воопшто. Јас стварно не разбирам од каде кај луѓето се собрала толкава омраза спрема кучињата. Како можеш да мразиш суштество со толку мили и жални очиња?!? Не, не ми е јасно. Разбирам да не сакаш, ама да ги мачиш бре...
     
    На LivingGlam и Lilit им се допаѓа ова.
  10. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    домашно куче не е исто со улично куче и незнам зошто на лугето им смета па и дека некој храни чува кучиња во примерот на доберман што му се развикал овој стариот Боже сачувај...овде па у Сло има повеке кучиња него деца верувајте..нема двор да нема куче ама паметни бе кога ке го видеш црно големо ке кажеш ауу крај умрев а оно не се мрднува издресирано убаво најадено паметно и си уживка си мафта со пашката ако ја има и си кулира ( ке почнам и да ги засакувам на крај ) :lol:

    и да во Мк нема никакви закони бе за луге камо ли за животни...а уште нешто ако куче е добро издресирано неможе да нападне никој и не ми е јасно зошто не смее во автобус кола да се вози или во кафиц (летна шема) да се седи со куче...јас овде полека го намалувам стравот од кучиња на крај ке испадне да си купам некое мало и да си го облечувам во исти бои како мене хахах
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Луѓе,видете,од друга страна малку е чукнато да се повикувате на тоа дека во Словенија повеќе има кучиња него ли деца и дека тоа прави да е тоа во ред.Тоа зборува за друг општествен и социјолошки проблем на државата,па затоа се мачат да соберат интелектуалци од страна и водат борба за наталитетот.

    Кај нас ретко кој газда би платил за дресура или ретко кој газда знае правилно да се однесува со својот миленик.Јас знам дечко кој има страшно агресивно куче и го одгледува као демек од љубов,а го крши од ќотек кога не му е ден.Затоа не можете толку да инсистирате за толкава слобода со милениците.Јас со моите не си дозволувам,искрено,ниту инсистирам некој да ми ги сака,ниту се наметнувам.
    Но,страшно е да се убиваат и мачат...
     
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да и мене еднаш не ме пуштија да седнам со мојата Пудла во кафанчето во парк карши Езерце, инаку таа кафана ја држи таткому на Влатко Илиевски претставникот за евровизија.
    И пази молимте ние сакавме да седнеме таму со кучето и ни вика келнерот неможе да седите со куче, а одстрана имаше еден куп улични кучиња (џукели) собрани околу кафаната :^)
    И како сега уличните можат да седат кај кафаната, а моето дома што го чувам чисто и здраво неможе да седи во кафаната :@
    Инаку ние кучкарите си направивме црна листа на кафани и не одиме во тие кафани во кои што не не пуштаат да си седиме со кучињата.
    Можам да ја пофалам кафаната Буре во Лептокарија, таму секогаш пуштаат со кучиња :clap:
     
  13. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Не е работата за внатре да го внесам кучето во кафаната, туку надвор, на летна тераса, под маса на која седам јас. Ми вика конобарот, врзи го преку улица и седни си, ке го гледаш нема никој ништо да му направи, ти се молам!!!!
    Како што кажав кучето го носев на себе во кенгур, покриено со јакна, никаква белја неможе да направи на 5 мин ако го внесам во Оне, да платам сметка.
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    И да ужасно ме нервираат љубители само на расни кучиња. Ако ги сакаш кучињата ќе ги сакаш сите, а не само оние ,,намирисаните и исчешланите''. Улично или расно, иста љубов пружаат.
    Доберман ова не се однесува на тебе, ама малку ми боде во очи изразот џукела ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    не не тоа воопшто не е во ред што има повеке кучиња него деца јас знам дека не е во ред...нека се срекни што има доста Босанци Македонци и Срби инаку Словенија би имала многу мал број на деца...
    Друго искрено и премногу пари трошат за нега медицински и како ли уште за тие кучиња пасоши дозволи бла бла... а они и премногу ги воспитуват ипак пази недај Боже да те апне куче добиваш добра оштета плус државата го казни газдата со незнам колку париќна казна
     
  16. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Епа да де, јас за надвор правам муабет, надвор не те пуштаат да седнеш со куче а камоли внатре.
    И морам да кажам дека еднашка еден се обиде да ми го украде кучето додека јас бев внатре во продавницата.
    И искачам и гледам го одврзува и му се развикав јас, му викам алооо што прави, и он ми вика го одврзувам сакам малку да го прошетам :o
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Епа тогаш не можеме да осудуваме зошто кај нас не ни дозволуваат да ги внесуваме во ресторани,продавници и слично.Затоа што ниту ти како газда,ниту сопствениците на тие објекти,ниту не дај боже некој оштетен и засегнат може да извади ќар или заштита од евентуални непријатности.
    Не можам да сакам животно повеќе од човек,во секој случај.А плус,според Хасап,тврдам дека не смеат да пуштаат животни во објекти каде што се служи храна или каде што се подготвува или продава храна,затоа со ваквите захтеви полека малку.Ако се случи утре да има влакно во храната или не дај боже болест се појави,а причинител е животното газдата ќе го тужат,а не вас.Мора да си се заштити себе и своите гости.
    А тоа што има крадачи од животни,тоа од двор ќе ти го украдат,а па не од улица.Мојот мачор,фин,скоцкан,реши да брка жени,хитно му било на чоекот,не можеше да се стрпи уште два дена жена да му донесам,виде отворена врата и трк надвор...и ко шо беше убав и лепршав,некој го здиплил,а не дека глуп беше,па да не можел да се снајде и друг пат бил пуштан надвор,па си знаеше до кај може,а кај не.


    Има право Боа Виста во однос на расните кучиња и тн џукели...
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Добро бе со кој памет??? Што им е на луѓево?? Какви болни има, да не ти се верува...
    Инаку моето го научив кога одиме во продавница во маало не го врзувам, ме чека пред врата и знае дека кога ќе искочам ако е умен добива храна (ако носам во џеб) :D
    Имам мн одвратен чичко кој мрази кучиња зошто внуците се плашат. Ми вика добро зашто си го купила кучиштево, што ќе ти е? Што да му одговорам, за што ке ми е ?????? За бунда??? Глупак невиден. Од него ми беше најмн страв дека може да ми го отруе кучето кога е во бокс (беше во бокс месец дена и пак го внесов дома). Не дај Боже за такво нешто, да направи, незнам што се не би му направила!!!
     
  19. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да, баш затоа јас зборот џукела го ставив во заграда, бидејќи многу луѓе уличните кучиња ги нарекуваат џукели, а мене тој израз воопшто не ми се допаѓа и јас таквите кучиња ги викам нерасни / улични кучиња.
    Ехее, јас колку улични кутриња си хранам пред влез, сите кучиња ме познаваат :)

    Баш сега скоро отруја едно куче кај мене во маало, а многу беше мирно и добро кутрето.

    Него ова сакав да кажам, пред неколку години кај мене во маало се породи една кучка и ние љубителите на кучиња направивме куќичка и таму си седеа малите кутриња.
    И замислите некој поминал и ги затворил кутрињата во куќичката и ги запалил :sweat:
    Мислам дека тој ден ми беше најстресниот ден во мојот живот и многу плачев и цело маало што ги чувавме кутрињата плачеше за нив.
    Едноставно незнамкако може да постојат такви идиоти да запалат невини суштества.
     
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Иако се плашам од кучиња односно имам фобија од нив сепак ме ужаснува фактот дека постојаат луѓе кои така без грижа на совест фрлаат отров за да ги отрујаат.
    Е сега ме нервира и кога ќе прочитам во Франција вака,во Германија така а демек во МК сите се прости назадни кога станува збор за што е дозволено а што не за куче.
    Јас живеам во Австралија каде бројот на домашни миленици е скоро еднаков на бројот на жители,нема шанси во затворен простор да влезе некој со куче освен ако не е куче водич,на плажа е дозволено со куче после 20:00 часот и тоа со маска и на синџир,си има посебни паркови за кучиња и сопствениците кога им врши нужда кучето си го собираат не го оставаат како во МК секој да стапне во него :swear:
    Надвор од сопствениот двор мора да е секогаш со маска и на синџир и ако нападне некој веднаш го одземаат и го успиваат а башка и казна.