1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труење на кучиња/мачки

Дискусија во 'Дом' започната од Saya, 16 март 2011.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Еве ја најдов темата http://forum.femina.mk/opsti-diskusii/zastita-na-zivotnite-t2946/
    Сега ќе ги замолам администраторите ако може темава од линкот наместо да стои во Општи дискусии, да ја префрлат во Дом, бидејќи мислам дека тука во Дом ќе се развие повеќе дискусијата, или пак да се спојат овие две теми бидејќи имаат иста содржина.
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Децата да му се иструјат на тие ужасни, скапани,чудовишни убијци на животинки!
    Да не даде Господ,да начекам некој на дело,има цревата со раце да му ги искорнам,се да им е*ам нивно!
    Само тап жилет и да ги дере некој,мајката им нивна ! :swear:
     
    На antonina и Alesii им се допаѓа ова.
  3. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    да убиеш животинче треба да бидеш малоумен :@ се среќаваат многу често такви без мозок кои им наштетуваат на животните , за нив најстрога казна !!!!!
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Труењето на животно никако не смее да се оправдува. Не знам какви луѓе се тие што се решаваат на таков чекор. Бездушници.
    Навистина се потребни соодветни санкции за таквите луѓе.
     
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Знам дека ке бидам осудувана но во случајот кој ќе ви го раскажам го оправдувам труењето (но само во ваков сличен случај).

    Се работи за девојче на наши пријатели кое има 10 години. Секојдневно минува по улицата (близу во комшии и од таму оди и на школо и сегде). Се плаши од кучиња и ако види куче преминува на другата страна да е подалеку од кучињата. Пред година дена има, се шетаат со мајка и и нејзиното мало сестриче и кучето од комшиите им се доближува и скока врз девојчето го турнува на земја, мајката успева да го истера кучето и одат кај газдите да ги замолат да превземат нешто и да го врзат, да им раскажат за случката. Незнам која раса е кучето ама знам дека е некое огромно.

    Поминуваа месец дена девојчето оди на школо само и кучето пај ја напаѓа но и ја каснува, ја виделе други комшии (за среќа) па одма ја однеле на лекар. Одат родителите кај газдите и газдите наместо да се извинат уште па им рекле дека вашата ќерка го малтретира нашето куче затоа ја напаѓа. (Девојчето е бубачка мирно, плус од што се плаши бега, а кучето е поголемо од неа и не е возможно да го малтретира.) Родителите отидоа во полиција, пријавија за случката, комшиите кои го спасија девојчето, заедно со нив ја раскажале цела случка. Кучето остана одврзано да шета по улица, на газдата сестра му била некоја инспекторка :devil: .

    После 2 недели од каснувањето кучето скокна и на помалото девојче кое си возело велосипед, среќа биле децата со родителите. Родителите изморени од тоа децата да им доживуваат стресови и стравови, изморени од неразбраните газди на кучето, од полицијата која не превзема ама баш ништо го отруја кучето и ако мило ми беше искрено. :devil: :devil: :devil:
    Кучето изгледа многу било агресивно и напаѓало, кога го сретнал таткото на девојчињата му викал некој љубоморен на нашето бебенце (а тоа огромно кучиште) го отрул, сигурно сега вие сте среќни. Изгледа не сватил дека ти е го отруле. Девојчињава сега се плашат и од мали кучиња, што е и логично.

    Осудете ме, но јас тоа го оправдувам, јас да сум на местото на родителите и газдата ќе го отрујам, некој така да ми ги малтретира децата.


    А не оправдувам труење на врзани и спастрени кучиња во двор. Имам страв од кучиња, но жал ми е отрујам куче туку така. Е за случкава немам милост никако.
     
    На NikiTheGamer, XstrongerX, demilovato4ever и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Нема да те осудам воопшто.
    Да не се правиме сите блесави - хумани итд. туку да гледаме реално. Недај Боже да биде нападнато моето дете од комшиското куче и јас би така реагирала. Си има начин на кој се чуваат кучиња, дресираат и сл.

    Куќата спроти мене чува 2 шарпланинца, огромни се и секогаш се на ланец. Насилни се и многу лаат, навечер нема спиење. А такви се, се` што помине или шушне лаат како блесави. Пред некој ден појма немам како се одвржале и скокнале на балкон на една комшивка (прва куќа до нив). Жената од страв дигнала притисок и шлок ќе ја трефнело за малку. Пискала-врискала и чуле некои комшии и викнале и полиција и брза помош. Одам јас од работа дома и си помислив ,,о боже каков масакр се случило,, :?: сокачето беше блокирано затоа што го маваа да го фатат кучето зашто газдата не беше дома и чекаа додека да дојде, а јас дремев со детето во кола под клима :( . Среќа што немало некое дете инаку ќе беше весело. А опоменувани се соседите кога ги сретнеш успат зашто дома нема шанси да влезеш, да си ги тргнат позади куќа и да орбнат внимание на хигиена ама џабе.
    Не само што не ги шетаат, туку и неможат не се вртат по дома, дворот им смрди страшно и многу е прљаво. Или го чувај како што треба или воопшто не го чувај.

    Ги сакам животните, ама се си има своја граница.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Моете куче така си умре, за жал.. комшиите го труеа .. :|
    Почина точно на св.Тодор :( :( Умре на 9 години се викаше Линда..
    Само колку беше мила. Јас бев 6 год. кога таа умре ама сеуште се сеќавам кога ме гонеше низ дворот.. Линда не беше лично наша беше на целата наша фамилија (ние сме 3 семејства) Јас и братучетка ми многу ја сакавме :inlove: .. секој ден прашувавме каде е а, сите ни велеа дека е уште жива и наскоро ќе се врти.. Нејзин газда беше дедо ми .. не дозволуваше човек да влезе во нашиот двор а не па крадец, поради неа луѓето се плашеа да ни дојдат на гости :D
    Ми фалии ;( ;(
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    Не го оправдувам некој што за без причина го труја кучето/мачето ама да има некоја причина и таа причина да е разумна како со примерот на - ана-банана е тогаш го оправдувам ... иначе и мене ми имаат отрујано маченце :( многу си го сакав само со мене беше нон-стоп :( Но нашето маче без потреба го отрујаа ни правеше бељи ни ништо ..:l:
     
    На Ivi05 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    :envy: Какви се тие луѓе што трујат и тие што го оправдуваат труењето?! Прости луѓе до бескрај!
    Ништо не го оправдува убиството!
    Некој има психички проблем - фобија и ајде ќе му го убие на некој членот од семејството само зашто му смета! Место да иде на психијатар да си го реши проблемот и да позборува со комшиите-сопственици на кучето како човек сигурно ќе се најде решение.
    Може јас имам фобија од баби или мали дечишта што вриштат пред зграда...што тогаш? Да земам да ги стрелам од балкон зашто ми сметаат? Тоа ќе го оправдате??

    Да даде Господ на тие што трујат и што тоа ги прави среќни да им се отруе детето од сопствениот отров! Може тогаш ќе се свестат!
     
    На pikachy, andromedae, antonina и 3 други им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Ти бре свесна ли си што пишуваш живти све :^) . Биди жива и здрава, роди дете, стани родител па ќе видиме кој кого ќе труе
     
    На Srekicka, ana-banana, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Аааа извини Славица, ама и ти не си у право. Прво, најголеми штеточини овде сме ние, а не животните. Второ ако по некој сплет на околности сме општо „прогласени“ за најсвесни суштества на планетава тоа не ни дава право да одлучуваме за туѓ живот. Зборам ЖИВОТ и тука е проблемот што 90% под тоа подразбираат човечки род. Не, не е така. Сите сме на планетава поради одредена причина и наша цел е да научиме да живееме во симбиоза. Да го правевме тоа планетава ќе беше 1000000000000000000000 пати поубава и подобро место за живеење. Тој човек кој фрла отров се уништува и себе и своето семејство САМ, без потреба од додатни клетви. Верувај, не сум баш побожна. Ама верувам дека се се враќа. А и да не заборавиме дека оние кои фрлаат отрови многу често ги фрлаат по градинки и паркови кај што врие од деца. Што ако тоа дете падне на земја па ги стави рачињата во уста, што ако си игра со топка или со било што па пак некако заврши тој отров во неговиот организам? Што е најтрагично сега фрлаат толку јаки отрови што е доволно да се вдишат само, не да се внесат преку уста.
    Така да за тие луѓе кои се решени тоа да го прават, јас немам потреба да ги колнам бидејќи секако се ќе си дојде на свое место за некое време. Не и се сипувај на девојкава која во револт го пишала ова, туку учи го своето дете дека сите сме рамноправни без разлика дали имаме две или четири нозе.
    П.С. ниедно животно, особено не куче или некое припитомено животинче ако не е бесно (болно), не напаѓа ако не е предизвикано. И не мора да е во моментот предизвикано, доволно е пред тоа еднаш некој човек да го истепал и истрауматизирал за после од страв да нападне некого без потреба. Верувај не им е нив во крвта да се крловочни, ние им го правиме тоа. Не ја барај вината во уличното куче што гризнало нечиво дете, туку во „надлежните“ кои ни ги кастрираат како што лажат, нити ги вакцинираат. Да беше секој од нас малце поразумен место да ги клоца и шутира, ќе им фрлеше корка леб со која ем ќе преживеат уште два дена, ем ќе научат дека не се сите луѓе лоши, ем нема да нападнат од глад. Ама не, нас ни е полесно да мрзиме се на светов што не може да збори.
     
    На BoaVista, andromedae, antonina и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Има многу похумани начини од труење. На крај краева, можеле да го земат кучето и во планина да го однесат. Јас да дознаам дека комшии ми го отруле кучето, кожата ќе им ја одерам дур ги гледаат децата. Немаат они жал, немам ни јас.

    Ееее, преку таквото од мајка Тереза правење. Не сум светица, се најлошо им посакувам на таквите. Клети, скапани створења.
     
    На JoxyTheFreak и TennisBabe им се допаѓа ова.
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Никако неможам да го разберам , а уште помалку да го оправдам овој чин .
    Ми имаат отруено неколку мачки и едно куче кое што после некое време дознав дека ми го отруле комшиите и од тогаш не збориме со нив . Ако некои луѓе можат да бидат толку сурови и да немаат трошка милост за такви невини суштества неможам никако да ги жалам и ништо добро не им посакувам.Речиси секој ден гледам по улиците отруени мачки , убиени кучиња и навистина е време да запре сето ова . Многу сум изреволтирана зашто и за животните треба да има некој закон во оваа држава . До кога ќе бидат третирани како обично ѓубре ? Па уште и ги оставаат така отруени да скапуваат по улици , никој нема грам човечност барем да го тргне или да го закопа некаде . Ахх колку би сакала да има Animal Police и во Македонија која што би работела професионално па после јас ќе им се смејам кога ќе плаќаат и ќе скапуваат по затвори .
    Беден народ сме , многу беден .
     
  14. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Моето мислење за суштествата кои вршат вакви дела сум го кажала многупати.

    И не само со труење, со било каков вид на малтретирање и убивање на животните. Не е до нив, до нас е. Тоа е факт. Ама што да се прави, колку повеќе време поминува се докажува дека човекот е грешка на природата а не украс на светот !

    Во никаков случај не би го оправдала труењето или убивањето, прочитав пример погоре за куче кое ги напаѓало децата од улица а СОПСТВЕНИКОТ се противел да го врзи. Кој е крив тука? Повторно човекот, ако бил тој совесен и свесен дека ако не го стави прстот на главата некој ќе преземе мерки на своја рака немало се така да се заврши.Тој може да земе друго куче и пак да тера по свое, џабе ќе се убиваат животните кога конците се во рацете на човекот.

    И да, немора да ги сакате, немора да ги храните, ниту да ги галите само не повредувајте ги бидејќи и тие имаат душа, и нив ги боли и тие чувствуваат среќа, болка и тага....И ТИЕ СЕ ЖИВИ СУШТЕСТВА БРЕ ! Можеби за некој изгледа глупаво ама ич не ми е гајле, но како што некој ги сака децата некој друг си ги сака животинчињата и при нивна загуба не страдаат само тие туку и луѓето ама на кој безумник да му објаснуваш ?
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право.Човекот да беше свесен немаше да уништува се околу себе, а не пак животни кои не можат да се одбранат себе си.Јас не разбирам како може труењето на кучиња да биде постапка на свесен човек? Зарем свесност е да уништиш некого? Ако човекот беше свесен, немаше земјава да пропаѓа, за која луѓево си прават филмски сценарија дека ќе било крај на светот.Некои работи ни се пред нос, а не ги гледаме и за истите бараме причини кои ни дале конкретен одговор.Сум била сведок на отруено куче и сум видела што маки си доживеало, во случај каде немало шанси истото да преживее. Ниедно животно не напаѓа, ако истото не се почувствува загрозено.Инаку се согласувам и со останатото што го пиша.За човек да не се повреди себе си, а и околината, треба да внимава што прави, а ако внимава и не прави лошо, тогаш може да се рече дека е свесен човек.
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.122
    Целосно се согласувам со славица999.

    И стварно не можам да ја сватам човековата логика која како жртви ги гледа само животните, кои во случајот како невини и беспомошни во целава ситуација се отруени.
    А да посакам смрт за децата на трујачот, демек да види он како е, да го доболи :^) :x

    Демек животните се душички не заслужија да умрат, ама на децата така им треба оти има ненормални родители.

    Ме чудат различните аршини во проценката, а не дека едниот требало а другиот нетребало да биде отруен.
     
    На slavica999, MSkorpionka и starbucks им се допаѓа ова.
  17. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    slavica999 потполно сум свесна што пишувам! Ти треба да се свестиш што оправдуваш убиство!
    Зошто си толку сигурна дека немам дете? И да сум родила и да не сум родила дете моето мислење е тоа! Ти ни никој друг немаш право да убиеш живо суштество!
    Тоа го пишав за оние кои убиваат, да им се врати на нивна глава истото.

    Има луѓе што кучињата ги сакаат и чуваат како деца! Само некои плитки и себични луѓе тоа неможат да го разберат. Мислат дека они се најбитни на планетава и се што не им е по кејф треба да се уништи.

    Кучињата не напаѓаат без причина!


    Нема постои причина која ќе го оправда малтретирањето/убивањето на животни!
    Тоа се психички пореметени луѓе кои треба да се сместат таму кај што им е местото на такви.
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Оние шти убиваат животни ги ставам во ист ќош како и овие како тебе кои фрлат клетви и посаkуваат смрт на невини деца. Ако сакаш навреди се, ама за мене и првите и вторите за еднакво ненормални.
    На крај краева секој ден има убиства па никој за тоа не коментира.
     
    На Srekicka, slavica999 и ana-banana им се допаѓа ова.
  19. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    А кои се другите жртви освен животните во таквите ситуации?
     
  20. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    danichap кој рече дека некој треба да умре а некој не треба да умре? Муабетот е дека никој неможе да си дава за право да одземе туѓ живот!

    За стравот на децата од кучиња криви се родителите. Ги слушам како им викаат на децата "Ете сега ќе дојде кучето да те касне"; "Бегај брзо иде кучето" и слични такви фрази. :envy: