Па ти колнеш и посакуваш смрт на деца а говориш за вредноста на еден живот . Децата на кои им се посакува смрт. Човековата психа е непредвидлива работа, и моментите на болка и очај можат да водат до многу дејствија на кои секој здрав разум не би помислил. Ставот дека ако некој нешто ти згрешил, неговото дете треба да плати(или во нашиов случај ти го отрул кучето па да му посакаш смрт на неговото дете) за мене не е исправен и недај боже може да води до уште поголеми трагедии.
ВНИМАНИЕ !!!! ВНИМАНИЕ !!!! ВНИМАНИЕ !!!! ОТРОВ РАСФРЛАН ВО КАРПОШ 3, во близина на Тинекс, градинката Орце Николов и околните згради. До сега знаеме за отруени две кутриња од кои едното (Лусил) успеа да се спаси, но Сиве на сликава која беше стара 8 години, многу питома и со луѓе и животни, нон стоп беше со децата кои ја обожаваа, успеаа да ја убијат. Има и отруени ежиња и мачки во близина на градинката. ВЕ МОЛИМЕ ДОКОЛКУ СТЕ СВЕДОЦИ НА ВАКВО ЗЛОДЕЛО ОДМА ПРИЈАВЕТЕ ВО ПОЛИЦИЈА И АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО ЗА КОНЕЧНО ДА УСПЕЕМЕ ДА ГИ ИСКОРЕНИМЕ ОВИЕ УБИЈЦИ. Спојлер УШТЕ ЕДНА ЖРТВА ВО КАРПОШ 3... Отруена е Тронта, ја викаа куче - човек, по питомо суштество не постоеше во таа населба, тие што ја познаваат знаат за што зборуваме. R.I.P. Отровот е расфрлан во близина на Тинекс, градинката Орце Николов и околните згради во Карпош 3. ВНИМАВАЈТЕ НА СВОИТЕ ДОМАШНИ И УЛИЧНИ МИЛЕНИЦИ, НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ОВИЕ ЗЛОСТОРНИЦИ ДА ОСТАНАТ НЕКАЗНЕТИ, ДЕНЕС КУЧЕ, УТРЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЧОВЕК. ПРИЈАВУВАЈТЕ ВО ПОЛИЦИЈА И АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО !!! Спојлер Напишано од Тоше Д : ОТРОВ Е РАСФРЛАН И ВО РАДИШАНИ И БЕЛ КАМЕН!!! МОЕТО И УШТЕ ЕДНО КУЧЕ ПОЧИНАА, ДОДЕКА ТРЕТО СЕ БОРИ СЕУШТЕ ЗА ЖИВОТ СО ИСТИТЕ СИМПТОМИ - ПРЕСТАНОК НА РАБОТАТА НА ЦРНИОТ ДРОБ!!! ВНИМАВАЈТЕ, РАСТУРЕН Е ОТРОВ НА ТЕРИТОРИЈА НА ЦЕЛИОТ ГРАД. Спојлер ГРЕВ, ГРЕВ ЌЕ ГИ ФАТИ!!! Што душа треба да имаш да отруеш животинче, жива душа воопшто? Каде им е совеста на тие луѓе?? Наместо да се трошат пари за отрови, со тие пари да им купат храна или обезбедат сместувалишта. Не знаат во какви маки се умира од отров. За мене ова не се луѓе, туку стоки, монструми, ѕверови! Помило нешто од животинче нема... Prijavuvajte direktno vo policija i vo agencija za hrana i veterinarstvo. Nikakvo prijavuvanje vo stacionarot Vardariste. Site kupete po doma da imate za sekoj slucaj od humana apteka Atropin, cini okolu 60 denari, se stava vo spric so igla i dokolku kuceto se zatrue vednas se stava vo butot, muskulno da vleze do kraj. Isto mozete i da zemete medicinski jaglen. No ova se klucnite intervencii vo prvite 5 minuti, potoa zadolzitelno da se odnese na veterinar zatrueniot milenik. Страшно се разгневив. Жално, трагично е ова што се случува, за мене несфатливо...
И едните и другите според мене се невини. Но искрено кажано се сомневам во тоа дека некој ќе посегне по детскиот живот бидејќи ретки се оние луѓе кои ги ценат животните исто како и луѓето , па да биде ти моето јас твоето. Во право си дека таквите моменти водат до непромислени постапки, болка си е болка, посакуваш да му се одмаздиш на тој што ти ја нанел, но каде би била границата ако постојано едни со други си одземаме животи. Ако животното е агресивно и напаѓа а нема сопствтеник или истиот не сака да преземе мерки има организации кои ќе се потрудат да го променат карактерот на животното а ако сеуште претставува опасност ќе го успијат ( и тоа е еден вид на убиство сепак ), бидејќи како што е грозно и неприфатливо да се посегне по детскиот живот во случајов, истото е и за одземање на животински живот.
Мене лично ми немаат отруено затоа што никогаш немам чувано домашно милениче поради мајка ми која не е нивни љубител. Ама имаше период кога масовно почнаа да се трујат кучиња во маало. Комшиите кои воедно ми се и први братучеди чуваа две кучиња - мајка и син. Прво кучката, а потоа и кучето беа отруени. По смртта на кучката, кучето не го шетаа никаде баш поради тоа и ко за беља една вечер го пуштија да се истрча, а тоа се врати кај мене во двор плукајќи крв од устата. Целиот двор беше со крв. Страшна глетка. Да не зборам дека после нив и многу други кучиња беа отруени. Никогаш нема да можам да ги сфатам таквите бесчуствителни луѓе. Се сомневавме во еден стар човек во маало, ама никогаш не можеш да бидеш 100 проценти сигурен.
Луѓето што фрлаат отров отсекогаш сум се прашувала дали воопшто имаат мозок. Кое ниво на размислување го имаат? Дали воопшто знаат дека кога фрлаат отров, а често читам покрај улици, покрај градинки и училишта се фрла, дали знаат дека таму има деца кои кога се играат не размислуваат што фаќаат, каде фаќаат, после каде може да се фатат, дека може да земат со нечисти раце да јадат. Дали треба да се случи човечка несреќа за малку да се развие свеста? Бидејки со убивањево на кучиња и мачиња не се подлежи ни на санкција. Нема никаков начин во државава за да се сопре тоа. Тоа е сосема бесмислено. Се јавуваш во полиција и од таму ти се смејат што ти го отрул комшијата кучето кое ти 10 години го чуваш. До кога не знам со тоа размислување, до кога За жал зимово го имав едно од најлошите искуства со мојот миленик, за среќа не беше кобно. Ете токму еден сограѓанин си расфрлал отров околу својот двор и пред се на улицата, бидејки имало скитници кои му спиеле во неговите мили цвеќиња. Резултатот беше неколку умрени скитници, 2-3 дворски кучиња во близина што беа и единствено мојот Рики преживеа бидејки беше однесен во ветеринарна станица за 15 минути. Дури ако сме закасниле 5 минути ќе беше касно. Не дај боже некогаш да го преживеете тоа што ние го преживеавме. Тоа е стрес, тоа се нервози. А воедно целата фаза на закрепнување траеше околу 1 месец. Со тоа што недела дена беа критични, секојдневно одење на ветеринар, витамини, инекции, паднат имунитет, температура, изнемоштеност. Па не сакаше да јаде, па пари за се и свашта. Помина луѓе 1 месец кога Рики почна да трча повторно. И тој се мачеше и ние се мачевме. Татко ми излегуваше од работа порано, сестра ми не одеше на предавања за да го пазиме. Дечко ми возеше 200 на саат да го однесе во ветеринарна болница. Имал над 45 температура, му пукале крвните садови неможеле инекции да му стават, горел, го ладеле со кофи вода, беше избоцкан лом. А замислете труењето беше за 2 дена откако стана татко на 10 кученца. И среќа што нема последици, бидејки отровот бил доста јак, имаше можност за оштетни органи, но засега е се супер. Да чукнам во дрво. НО никогаш нема да ги заборавам тие црни тажни очиња кога го донесоа дома, таа борба да преживее. Солзи и сега ми течат кога ќе се сетам само. Рики се избори за живот, но за жал секојдневно многу кученца неможат и нема кој да им помогне за да запре тоа труење и тоа умирање на животинчиња. Многу отрови се за скитниците, тие не се крволочни со исклучок ако ги тепаш и напаѓаш (а нормално ако провоцираш и човек и тој ќе те нападне), дури тие на моменти се и подобри и попаметни кучиња од домашните миленици. Погледнете ги некогаш тие тажни очиња што ги имаат. Уште и Коце и неговата компанија од град Скопје ги казнуваат што немале среќа да имаат дом, па нивната смрт им е супер опција, за жал. Инаку дознавме ние кој го отру Рики после неколку недели. Во моментот кога беше Рики отруен да дознаев ќе го убиев мислам дека на лице место. Веќе помина тоа, Рики беше подобар, а ние немавме можност за правда. Кај нас нема ни специјална полиција за животни, а и да се јавевме обично во полиција ќе ни се изнасмееа. Затоа единствена казна за жал е тоа што несакам очите во животов да му ги видам на човекот. Ама за жал тој ако сака и утре и секој ден ќе става отров, милениците ќе си плаќаат, а државата ќе се радува што има помалку животни и нема да се замараат, гајле ќе им е. Затоа спас за домашните животни е добро воспитување, за жал не сите успеваме во тоа па секоја чест на Доберман која е професионален тренер, за жал ние спасот го гледаме во корпа, постојано е со корпа и жал ми е кога го гледам летно време претопло кога сака да ја извади, кога е на терен каде сум околу комшии и познати дворчиња, ама за жал веќе немам доверба во никој, па мора да ја носи постојано кога сме надвор од нашиот двор. И да ич не ми е гајле да кажам дека ги проколнувам сите што имаат гнасна душа да фрлаат отров со цел да убијат животинчиња кои не им се ни криви ни должни. Ќе си платат во животот кога тогаш, државата не ги казнува, јас би рекла дури и ги подржува, ама има еден горе кој ќе им наплати се. Мојот борец кој за малку ќе го изгубев...
Јас чувам мачки и до сега ми имаат отруено 1 и ми беше многу жал, две од нив ми ги имаат згазено.Дури едно од згазените си дојде дома и тоа со скршен рбет го влечеше задниот дел ама си дојде и умре утре дента откако се измачи.Не можев да откријам кој е бидејки се случуваше во сезона на парење да ги нема и по 2-3 дена. Луѓе што убиваат животни не се луѓе.Ако ти не можеш да поднесеш животно го малтретираш и уживаш да убиваш тогаш како можеш да сакаш некого. Значи не си психички здрав.Некој не може да поднесе животни од здравствени причини како што се алергиите или има здобиено фобија како мал од некои животни поради несреќна случка, ама никој не те тера да го сакаш ама и не мора да го убиеш или да се иживуваш со нив. Инаку скоро ми кажаа пример како на еден човек му го згазиле пикинезерот и тоа го направил неговиот комшија намерно.Човекот го однел пикинезерот во вереринарна станица му направиле аутопсија и му издале потврда.Тој пак со документацијата како здравствена книшка и други потврди дека тоа куче е домашен миленик и е убиено го тужел комшијата на суд и добил оштета 2000еу.За него болката останува иста кучето му го нема, ама барем убиецот е казнет и си добил солидна казна и за памет за да размисли дали пак ќе гази кучиња или има вишок пари за да плаќа оштети.Е само овоа му е мајката за да се оправат тие што газат и труат животни.Тужи го па да видеш дали втор пат ке му текне, а обично се помируваме со судбината дека миленикот ни го нема а сторителот останува неказнет.
Еднаш комшијата ми го отру мачето и дури задоволно се смешкаше додека гледаше како ми умира в раце. 14 години имав комшија!
Саја незнам колку ја имаш прочитано мојата случка, и кога се ставиш на местото на родителите на девојчињава што би сторила?... dom/truenje-na-kucinja-macki-t5498/20.html#p1209542 Потполно се согласувам дека сопственикот е крив, но тоа не значи дека ако тој и полицијата не реагираат родителите треба да ги остават своите деца на милост и немилост, луѓето се обидоа со фино (првин му укажаа, после со полиција и ништо), но кога не бива јас ги оправдувам, не може да мислат на животот на едно куче пред животот на своето дете. Во случајот кучето напаѓаше без причина, жал .
Кој не чува куче како дел од семејството, неможе да знае колку е тешко истото да го изгуби. Кучињата кои напаѓаат се растени или во лош дом каде се малтретирани или на улица каде не ја добиваат потребната љубов и внимание, па не ретко и ги шутираат. Кучињата имаат неизмерно голема љубов и малце да им возвратите, цел живот ќе ви ја враќаат. Нема ништо помило и почисто од детската љубов и од љубовта на кучињата, зашто во најголем дел од времето, кучињата се однесуваат баш како деца. Ниту јас, ниту било кој од моето семејство никогаш не би се осмелило да повреди животно. Кога човек ќе згреши, му се дава право да си ја поправи грешката, му се даваат шанси за нов живот, а животните веднаш се осудуваат. На човек му се овозможува да си го оправда дејствувањето, да си ги изнесе причините, животните тоа не го можат, да кажат зошто и како нападнале. Брат ми како мал неколку пати бил напаѓан од кучиња, од кои едното го гризнало за глава, а ене го денес сеуште има огромно разбирање и кај и да иде прибира кучиња со себе. Се согласувам со вага, вината е во човекот. И дете растено во лош дом утре може да биде антисоцијално и да навлегува во конфликти со други деца. Дали треба и тоа да се отруе? Да почнеме да пуштаме отров по затвориве каде лежат криминалци, зашто кога ќе ги пуштат може пак ќе напаѓаат... Не верувам дека секој ќе ми ја сфати логиката, зашто не секој има куче како дел од семејството. Ако еднаш се поврзете со ова суштество, ќе стори се за да ви ја врати љубовта и да ви помогне во животот. И јас, и покрај тоа што чувам куче, кое искрено го обожавам, се случува да сум повнимателна со други кучиња. Зашто не сите се растени во топол дом, како моето и не сите лесно ја добиваат довербата во луѓето, кога еднаш веќе биле повредени. Кај мене во маало има само 2,3 бездомни кучиња кои не напаѓаат луѓе, ама едното од нив во секоја прилика пробува да го нападне моето куче. Душава моја има и лузна од него. Во ниедна прилика не ни текнало да го отруеме, пробуваме да го заплашиме за да не и се доближува или ако најдеме прилика да го преместиме на друго место, живо и здраво како што си е. Зашто институциите се глуви кога станува збор за животните. И понекогаш, иако изгледа поинаку, ако куче ви рипне, може само да сака да си поигра со вас, а не да ве нападне, направете разлика и помеѓу тоа. Може да биде страшно, ако е доста поголемо од вас ама во душа е дете и невино и се што сака и дава е внимание.
kravce преубаво кажано потполно се согласувам со тебе. Откако знам за мене чуваме миленици најмногу кученца и знам како е да ги загубиш. Моментално чувам женско кутре, таа е седмиот член на нашата фамилија, ни го разубавува денот, не би ја сменила за ништо на свет. Инаку за мене зборовите улични, џукели... и незнам како веќе ги нарекуваат ми се премногу сурови, груби кога некој ќе ги употреби, најчесто за куче. Тие не се ниту улични ниту џукели тие се само бездомници кои немаат дом да се засолнат, и затоа талкаат по улиците. Поздрав до сите кои имаат домашни миленичиња, до сите кои ги сакаат животните и кои се против нивно труење
Ја прочитав, за твојот случај искоментирав дека можеле во планина да го однесат кучето, подобро тоа отколку да го подложат на еден од најболните начини на смрт што постои. Плус, прилично голем дел од приказнава ти е рекла - казала муабет, а и твојата реакција „мило ми беше“ што се однесуваше на смртта на кучето не ти дава никакво право да судиш на оние што „колнат“ трујачи, зошто те прави уште поужасна личност од нив. Со кој памет бе девојче. Нема оправдување, нема. Секогаш постои начин. Не знаеш колку е тешко да изгубиш куче. Особено како жртва на некој пореметен што расфрлал отров. Искрено се надевам дека никогаш нема да бидеме комшики зошто ќе биде жустро.
Па и не би рекла баш дека злоставуваните кучиња се агресивни, Ете ја мојата комшика, имаат присвоено тако звана џукела, која цел живот јадела ќотек ко што е тешка, од предходните газди лудаци, па срце и пол е, мила душа, а мојата галена пазена мазена, па агресивна е и каса. За домашните агресивни кучиња, ете баш како моето си има и лек, нема да ја пушташ без каиш да шета низ маало, до знаење ќе им дадеш на луѓето дека е лоша и да не им се доближува.Криви се газдите за тоа куче што го оставале така, ама труењето и не е баш некој лек нели? и наместо да се трујат и уличните, нека им отворат еден саглам шелтер, или како и да го викаат, нека ги чуваат таму, по 2 оброка на ден им се доволни, и малку внимание нели? Тоа е веќе јасно, на крај краева со тој отров не се само кучињата во опасност, туку и децата,недај боже па и некое дете да дојде до контакт со отров, после Коце нема да знае на која стана да си ја почеша ќелаицата. На крај краева, некој да сака моето да го отруе,само зашто ми лае по двор затворено, Мене лично ќе ме има по весници!
Затоа и велам дека родителите биле приморани на тоа за да ги заштитат децата колку и да не се такви луѓе по природа.
потполно се согласувам со Лудото...има толку многу џукелчиња шо порано биле злоставувани..па сега со нови газди се срциња..А моево поише чувано и пазено од некои деца па пак ..скока по деца со топки,р'жи,гризе....Мислам дека уличните кога ќе ги згрижиш пружаат дури и повеќе љубов...бидејки се благодарни што сега се чувани и згрижени... А не дај боже да ми го отрујат моево куче и да дознаам кој па незнам шо ќе му направамм.. ..куче ти е исто ко човек (воопшто сите животинчиња)и тие имаат душа и нив Господ им подарил живот..а не некој да им го одзема..(конкретно зборам за животните)Ако не можеш да им помогнеш(згрижиш,да им дариш љубов,храна и вода)не им одмагај со смрт(труење)-.-
Jaс да си кажам искуство дека еднаш ќе не испогризаа кучиња. Зошто? Зашто сестра ми сакаше да погали малецки кученца и одеднаш ни излезе мајката, да не беа неколку луѓе во околината да ги избркаа сега ќе бевме може и изедени. Тоа беше крволочно напаѓање, без последици за среќа. Е сега дали требаше ние да ги утепавме кучињата ако не изгризаа? Ах бре луѓе тоа беше нормална реакција на една мајка, дал е жена, дал е кучка. Секоја мајка си го заштитува своето дете, на начин на кој може. Друг случај. Не еден имам неколку пати поминувано покрај луѓе кои ги заобиколуваат скитниците 10 метри, кои мавтаат и ги бркаат скитниците. Случајов е со една "дама" додека неколку скитници си спиеја покрај улица на неколку метри од тротоарот почна да ги удира со камења и да мафта со кесите. И одеднаш кучињата почнаа агресивно да лаат. И тука имаше вриштење, барање помош, доаѓаа луѓе ги бркаа. И таа цела исплашена леле ништо не им направив, сами почнаа да доаѓаат, ќе ме изедеа, цела испотресена вода и даваа да се смири. Јас само поминав и и реков Доста лажеш! Ме погледна убиствено! И таа група на кучиња испровоцирани не би ме чудело да нападнат друг невин човек. Затоа напаѓаат. Зашто се испровоцирани, тепани, мавани, дал во тој момент или претходно сеедно. Никој неможе да ми докаже дека кучињата се лоши суштества, тие не се убијци, тие не се како тигри, лавови и други групации на мачки кои убиваат пленови. Кучињата се најмилите суштества, тие може да се агресивни поради луѓето. А воедно и сметам дека домашни кучиња има повеќе агресивни него скитници. Колку има луѓе кои ги воспитуваат кучињата да бидат лоши, да го чуваат дворот, да те распарчат ако влезеш. Јас познавам неколку случаи на каснувања, сите од домашно куче. А само до весници знам за касање од скитник. Има лош сопственик, лоши луѓе, а лошото куче е само последица на тоа воспитување или таа околина. Ако одиме на таа линија да ги убиваме лошите кучиња тогаш ајде да ги убиваме и луѓето кои прават прекршоци, кои напаѓаат, кои крадат, кои убиваат, кои силуваат... сите тие имаат втора, трета, 10та шанса, такво е општеството и казнувањето во светот. 21 век сме нели, му се дава на секој шанса. Секој греши. Ама на животинче не му се дава. Се убива за жал. Сето тоа е последица на ниската свест кај нас. Има лоши луѓе и лоши сопстевеници на миленици. Казнување од двете страни треба да има. За ако касне миленик човек има огромни казни. Сосед мој казнија зашто кучето не носеше маска, полесен е за неколку 100тина евриќи. Во парк слушнав казнувале за несобран измет. Треба да се казнува и пиење од чешма на кучиња, ама прво направете бар неколку чешми низ градот и за миленици, како во секоја нормална држава. А веќе кога се казнува за несовесен сопственик на миленик, казни кои јас подржувам максимално, тогаш ако ми го отрујат миленикот или малтретираат не е фер јас да бркам пријатели во полиција за да не ми се смејат, да барам документи, да бркам јаки адвокати, за да подлежи некој на минимална казна. Кај е општеството еднакво за сите? Кај?
Како да му помогнете на отруено куче и маче од SPAS ZA ZIVOTNITE - zdruzenie za vdomuvanje na zivotni во сабота, 21 Јули 2012 во 12:10 · Знаците на труење кај кучињата и кај мачките се јавуваат 10 – 30 минути од земањето на отровот, во зависност од количината храна која се наоѓа во моментот во желудникот. На почетокот се јавува тресење на мускулите на целото тело со грч на џвакачките мускули, повраќање, појава на пена од устата, зголемување на телесната температура, пролив, крварење од устата и носот. Доколку не се лечи, скоро секогаш завршува со смрт. Доколку видите куче или маче со вакви симптоми, можете да му дадете чаша топла вода измешана 2-3 кафени лажички готварска сол или пак зашеќерена вода (шербет) кои треба со сила му да се дадат на кучето или мачето да ги испие, но со препазливост, за да не внесе дел од содржината во белите дробови. Исто така можете да му дадете и Carbo medicinalis (медицински јаглен во таблети) кој можете да го набавите во била која хумана аптека. Истиот може да се даде како цели таблети да се дадат на кучето да ги проголта или пак да се растворат со вода и при тоа да се даде на сила на кучето да ја испие содржината повторно внимавајќи дел од содржината да не заврши во белите дробови. Најдобро е како превентива за време на прошетките да си носите неколку таблети медицински јаглен или пак да ги растворите во некое помало шишенце со вода за да можете да реагирате најбрзо што можете. Од кога ќе дадете медицински јаглен вашата работа е завршена, се што преостанува е НАЈБРЗО што можете да го однесете вашиот миленик на ветеринар, бидејќи кога се работи за труење, минути се во прашање. Постои можност за излекување, но од големо значење е да се однесе затруеното животно веднаш на ветеринар или да се повика службата за домашни посети. Со изминување на времето се намалува можноста за излекување и неминовно доаѓа до смртен исход. Затоа ако приметите некои од горенаведените знаци, особено ако вашето милениче изеде храна од улица, веднаш обратете се до најблиската ветеринарна установа. За крај, како превентива најдобро е да не го изнесувате вашиот миленик без носна корпа на него со што би спречиле да внесе било каква содржина во неговата уста , но сепак не е исклучена можноста животното дел од отровот да го вдиши преку носот. ЗАПАМТЕТЕ: Со изминување на времето се намалува можноста за излекување и неминовно доаѓа до смртен исход кај миленичето!!! ОТСТРАНЕТЕ ГО ОТРОВОТ СО ТОА ШТО КЕ ГО ФРЛИТЕ ВО КАНАЛИЗАЦИЈА НИКАКО ВО КОНТЕЈНЕР ЗА ДА НЕМА ПОВЕКЕ ЖРТВИ
Незнам зашто, не сакам да правам предрасуди, ама од секогаш сум мислела дека малите кучиња, оние со низок раст, како чивава, пекинезер.., се полоши од големите, можда затоа не ме чуди коментаров на лудо Патем, не станува збор за моето, вашето, туѓото, на комшиите, бездомното куче или маче, мислам дека до човекот е. До карактерот и психата на човекот, до сфаќањето за животните. Ако умееш да го доживееш животното како посебна личност со карактер и емоции, нема да го убиеш. Ама ако го гледаш како нешто врз кое си супериорен, нешто кое или го има или не, сеедно ќе ти биде, зашто утре нема да го носиш на душа. Сепак, кој си ти да одземаш нечиј живот, било на човек или суштество. Незнам зошто убиството на куче се разликува од убиството на човек. Зошто истото не е осудувано? И тоа е убиство нели? Зарем си помалку убиец ако убиеш животно, а не човек? Мене некако тенка ми е границата овде. Јас да отрујам некое животно утре нема да можам да си заспијам бре. Па дај така, ако некој не нападне на улица, одма вади пиштолот стрелај. Децата во школо што се тепаат и по автобуси, дај им пиштолот одма нека ја реши работата, зошто некој да ги напаѓа нели? На запад е далеку поинаку. Агресивните кучиња ги ставаат во засолништа, ги рехабилитираат и тоа често успешно. Погледајте некоја емисија на тв. Им се дава шанса да се променат и потоа истите се вдомуваат во други семејства. Кога бездомното куче ја нападна нашата кучка, мајка ми во сиот гнев, пцуејќи рече -Е веќе не и давам леб на таа-. Тоа го рече, во ниедна секунда не стана збор да се отруе или повреди тоа куче. Можеби вас ви има разлика, зашто тоа куче не ме повреди мене или брат ми, ама нашето куче е како наше дете, па на нас оваа споредба не ни има разлика. Погледнете им во очите, толку многу ќе дознаете за нив, и дали се среќни, тажни, болни, злобни, се може да им се прочита од очите на кучињата. Тој што би повредил куче би го поканила на неколку дена кај мене дома, да живее со моето куче, да гледа како му светкаат очињата кога ќе земете некоја играчка, зашто знае дека ќе му посветите време, како ќе ги свие ушите наназад кога ќе го мазите или карате, како се смее кога е среќно, зашто навистина се смее, искрено и преубаво, и ако почнете да кривите со нога, да офкате, да паднете или да се карате со некој, самото ќе застане меѓу вас, ќе ви се шуња меѓу нозе и ќе ве гледа со натажени очиња, зашто неможе да ви помогне а толку многу сака. Кога ќе доживеете таква блискост со животно, можеби ќе ви се променат мислењата.
Како прво прочитај го мојот прв пост во оваа тема и свати ја поентата, сигурно до толку можеш, паметна си. Пролистај ми ги мислењата па ќе видиш дека и јас чувам животни и не оправдувам убивање и носење на крзно-природно. Да имаше дете нема да посакуваш смрт на дете на тој што отрул животни. Јас тука ти се скарав, да не поистоветуваш дете со животно. Јес да повеќето ЛУЃЕ се кучиња ама дете, немој молим те, искрена душа до коска безгрешна. Немам коментар ако нависитна така мислиш за децата
За ова баш денес се нервирав http://www.popularno.mk/граѓаните-во-паника-распространет-е-о/ (значи имам проблем со линковите ) За животните глеаме дека не ве е гајле. Ама за децата бре? Морони некои!