1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труење на кучиња/мачки

Дискусија во 'Дом' започната од Saya, 16 март 2011.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566

    и кучето било невино.
    по кое правило оно заслужува да биде жртва на искомплексиран идиот кој своите фрустрации ги лечи на некој кој неможе да му врати?


    не ја оправдувам фелиша и клетвите,ама ако гледаме на карта на невиност тогаш да бидеме реални.
     
  2. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Секако дека не ги оправдувам. Што им пречи кај кучињата/мачињата, ако некое куче/маче го нападнал треба да се пожали а не право отров. Мама, тато и јас многу ги сакаме кучињата и мачињата(не заџабе имавме 3 кучиња и 5 мачки) така да нема шанси да ставиме отров абе и без рака да останам од куче не.
     
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ана, утре здравје Боже ќе родиш деца, ќе станеш родител. Ќе тргнат во школо. Таму големи се шансите да има некое невоспитано дете чии родители ем што не го воспитуваат, туку го учат и на лоши работи. Ти како добар родител си го воспитала своето дете да е мирно и културно, па така ова лошово постојано го малтретира и тепа. Ќе отидеш кај учителката, нема резултат. Ќе отидеш кај психологот, нема резултат. Ќе отидеш кај родителите, нема резултат. Ќе им го отруеш ли детето? Детето ли е криво што е такво или родителите? Ќе ги отруеш ли родителите? Што ќе направиш? И немој да ми пишуваш, тоа е дете ова е куче. И тоа има крв и месо и ова има. И тоа е нечиво дете и ова е. Тоа што е животно не му дава помали права на живот од нашите. Тоа ние сме го измислиле и затоа тонеме се повеќе и повеќе, затоа што не знаеме да живееме во заедница со суштества кои не одат на две нозе и не знаат да зборат на нашиот јазик.
     
  4. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    И не не сакам да расправам, но како и да е нема да седам мирна ако некој ми ги задева децата, на крај краишта нема да го отрујам детето што ќе го малтретира моето дете но ќе најдам начин. И сепак не е исто со куче и со човек (секој има право на живот, но кај нас нема закони за кучињата за жал, а закон за човекови права има). И јас имам куче старо 2 месеци, кај мене е 1 месец и го сакам најмногу на свет, но се обидувам уште сега да ја заштитам околината, да не се случи таква случка.
     
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Абе каде сте виделе улично куче да напаѓа човек без да е испровоцирано? Јас искрено многу повеќе имам страв од оние чувани и дресирани како што кажа Росоњерка што понекогаш така ги дресираат за да бидат агресивни и да напаѓаат. Уличните кучиња се далеку помирни, преплашени. Да се приближиш до него ќе избега од страв. Искрено не сум слушнала барем во мојот град за таква случка улично куче крвнички да нападне човек :^) .

    А голем противник сум на труењето и воопшто иживување врз животните. Од проста причина што за мене тоа е примитивно. Па и тие се живи суштества, ако не зборуваат не значи дека немаат чувства. И тврдам дека не се никаква закана за луѓето. Ама баш никаква. Причината за тоа што некои расфрлаат отрови насекаде сеуште не можам да ја сфатам. Сериозно мислат дека во ова денешно време на силувачи, педофили и се најлошо од човековата сорта животните кои не повредуваат никој се проблем? Сериозно или само им сметаат. Според мене тој што ги мрази животните не е човек. Зошто да мразам нешто што е толку невино и препуштено само на себе, тие се оставени на милост или во случајот на немилост на луѓето. Лутаат гладни по улиците затоа што за жал на прст се бројат оние кои ќе се смилуват или ќе им фрлат корка леб.

    Да не бегам многу од темата. Кажав, го осудувам и ќе го осудувам тој чекор. Не е тоа никакво решение за ништо. Ако се случи некоја трагедија а верувам, дека шансите за тоа се никакви. Просто, приказни се тоа, дека животните се агресивни и треба да се истребат |( . Може некои се агресивни токму од тоа мачење и иживување врз нив како што е кажано претходно. Нема куче што е природно агресивно, тие можеби стануваат такви поради околината и начинот на кои луѓето се однесуваат кон нив. Иако повторувам дека досега барем на сопствена кожа не сум осетила улично куче да е опасно по живот, баш напротив.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    секако дека не ги оправдувам да се отруе едно куче ли од мерак ли од омразата на кучиња или од било што тоа не е убаво така но нека му ја мислат бидејќи господ гледа па враќа
     
  7. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    На нас ни ја отруа кучката,Линдра се викаше ...како и да е бог да ја прости.
    Додека умираше јас ја гледав...мајка ми зема топла вода и шеќер да и даде за да ја спаси,иако ништо не бидна барем се обиде.
    Клоцаше ,се стегаше ,пена исфрлаше од устата ...од што сум толку чувствителна пуштив и некоја солза,
    а за мајка ми да не зборам таа се раплака.

    Луѓе бе што ви се криви кучињата па да ги труете не ми е јасно и тие имаат душа и се...
    Премногу сум против труење на мачиња и кученца ,зар тие што труат немаат совест срамота стварно..
     
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Веројатно ја прочитавте приказната за мачката која умре пред околу еден месец.
    Да не се поворувам и да не бидам досадна,сакам само да кажам дека можам во целост да се согласам со ludoto19,kravce и saya,дека решението не треба да го бараме во труењето на кучињата.Јас, сфатив што сакаше да каже kravce,и да,така е логично,ама не,нели човекот е најинтелегентното суштество на планетава(а воедно и најкрволочното суштество),па затоа зошто е најмоќно има право да прави се,буквално се што ќе му падне на памет(ова е размислување на повеќето).
    Да не мрчам и да се повторувам,ама само тој што искрено ги сака животните и барем некој период чувал миленик кој навистина го сакал,знае како е да се изгуби.Јас кога ја изгубив мојата душа,врескав,буквално плачев од гнев,од тоа што неможам да и помогнам,затоа што јас задоцнив,јас згрешив,зошто се потпрев на ветеринар кој поим од животот нема..
    Патем Smileeee,незнам како издржа,незнам навистина,секоја ти чест.Не сметам дека љубовта се докажува со тоа дали ќе пуштиш солза или две,ама силна личност си.
    Сеуште ми се солзат очите,и еве сега додека пишувам,додека се навраќам на сликата.Ужасна глетка беше,како само умре,барем да не се мачеше,барем да ја успиевме,полесно ќе и беше..
     
  9. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    порано чував 2 мачиња, и комшивката ми го отру едното ;( ( мачињата имаа месец ипол,стварно незнам што и сметаа,подалеку од прагот мој не одеа) кутрото се мачеше цела ноќ,вујко ми е ветеринар го однесовме кај него му дадовме лекови ама не се спаси,после 1 ден и другото ми умре,ама не беше отруено,многу беа блиски не се двоеа и дека едното мртво,другово неможеше без него и тоа почина ;( а комшиите ми се невозножни,скоро сите чуваат ловџиски кучиња ( загари) и дека едново побрзо,подобро од другово и му го отруја на комшијата,и овој за да му врати го отру неговото,е не разбирам што беше криво кучето.И јас си чувам кучка ( не е загар,мелез е од пит-бул и лабрадор) не дај боже некој нешто да и направи :punch: :shake:
    ако ти смета кучето/мачето кажи ќе се реши некако проблемот, а не вака со труење :x
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Evdoxia

    Evdoxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Јас викам народски кажано РАКАТА ДА МУ СЕ ИСУШИ!
    АМА
    страшно ме нервира фактот што некои луѓе се прават "душогрижници" а животинчињата цели денови им се останати по улици. :fubar: Така да ако сте еден од тие....ВЕ МОЛАМ поправете се веќе кога сте решиле да ОДГЛЕДУВАТЕ некое милениче еве конкретно маче...куче(или било кое друго). :) ;)
     
    На kikkki и Dog-lover им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Иако чувам мачки, до сега (фала богу) не ми се има случено ова. Но многу се нервирам и многу ми е жал кога ќе чујам ми го отруја кучето. Какви се тие луѓе? Болни? Психопати? До толку да се нема душа и да му се одземе животот на едно животинче. Таквите луѓе се без срце. ;(
     
  12. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    За жал некои од нив се деца... :(
    Тие деца кои малтретираат животни, по професија ќе станат убијци. Како мали тие се иживуваат на животните, а потоа на луѓето :| :worried:
    Но некои од нив се псохопати или хејтери на животни, на пр.
    Мојата пријателка имаше мноооооогу мила пудличка, но во нивниот влез живееше една жена која мразеше кучиња, и на оваа и сметало кутрево, земала леб го намачкала со лепило и отров за глувци. А, сега како го отрула... Мојата пријателка само што се преселила во станот оваа им дошла да им честита, замолила да му до даде лебот на кучето и си отишла! По 1 минута кутрето си умрело, а женава, магла да не ја фати полиција! :x
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Таквите суштества(намерно ги нареков суштества,луѓе да ги наречам не можам,затоа што нормален човек тоа не би го направил) преку глава ми се дојдени...Кој им дал дозвола како прво да му се доближат на животното? И како со сиот памет послуваат на такви работи? Што толку им смета јас навистина не знам...Рацете да им се исушат на таквите,идиоти ретардирани...На едни мои роднини им го отруја кучето,сигурна сум дека беше од љубомора поради тоа што кучето беше преубаво и сите го препознаваа во градот кога ќе се споменеше неговото име...Колку беа само тажни кога тоа им се случи... :/ За таквите трујачи гилотина треба!
     
    На Lella и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  14. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    И јас сум против труењето на животните. Треба да има повисоки казни, но како за трујачите, така и за сопствениците. Има случаи кога делумно и самите сопственици се виновни што им е отровено главно кучето. Постојано е пуштено, агресивно кон други луѓе, а поплаките не ги сфаќаат сериозно. Па луѓето си ја земаат работата во свои раце. Мислам дека доколку некои луѓе си ја зголемат грижата за миленичињата ќе се намали колку толку труењето. Да не сум сфатена погрешно, не сум за постојано врзано куче, но доколку нема двор или нема ограда, овде се почестите прошетки.
    А тровењето на мачки навистина не го сфаќам, што може да смета една мачка? Веројатно тоа е резултат на себичноста на некои луѓе.
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Ова само нелуѓе, монструми го прават.
    Мало, невино суштество туку така да го отруеш.
    Многу ми е страв моево куче некогаш да не изеде нешто од надвор, го пазам најмногу што можам ама пак ми е страв.
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Сочи за зимските олимпииски игри ги труеле кучињата. (Божем сметале)
    Но мој став за труење се знае. Кои глупаци трошат пари за да убијат, ич не ми е логично. Прости …
     
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Шо!?НЕ салам работа што да кажам друго...
    Иако не сум љубител на мачките и кучињата не е баш добро да се трујат,тоа е грозно.Занам една комшивка имаше куче и на 10 метри од кај нив има една стара баба и неа демек кучето и пречело,па зеде внук и,му го отруј.А кучето не беше излезено од дворот за да не му напрај нешто на некој,си се шеташе во двор..А бе болана работа// ;( :?:
     
  18. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Мачката моја 2-3 пати ја имаат труено ама фала богу на време иам приметено и одма во болница го носев и жио здраво ми е сега :)
     
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.030
    За таквите створења само доживотен затвор!

    Се прашувам уште колку време ќе помине додека мнозинството луѓе сфатат дека и животните имаат право на живот поеднакво како и ние. Не се наша сопственост, немаме право да ги убиваме!
     
    На Lella и Emotional123 им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Да даде Господ секој што ќе отруи животинче да му се случи истото нему.
    Нема збор кој може да ги опише таквите, ако кажеш животни, ги навредуваш животните, ако кажеш будали, ги навредуваш будалите.
    Одвратни суштества! :puke: