Живеам на 6ти, последен кат во зграда без лифт со 17 скали од кат до кат, вкупно 102. Вообичаено кога доаѓам од некаде ги качувам со некое побавно темпо, но некогаш кога сум во филм за физичка актвиност ги трчам во неколку серии па пауза, па пак. Мислам дека вечерва не ќе да е лошо да си истрчам горе-долу.
А, инаку, дали има некое правило за трчање по скали? Нели, стапнувањето е на прсти т.е пола пета, а дали дишењето треба да биде исто како при трчање на рамно т.е еден подлабок инспириум и 2 пати краток експириум? Од вечерва планирам сериозно да почнам со трчање по скали ама сакам тоа да биде правилно за подобар ефект.
Квадрицепс, задна ложа- задник, листови на нозе и сите останати мускули се таргетираат како и сеекоја друга активност но најмногу тие и кога телото слабее се губат масти на цело тело шо значи ке ти ослабне лицето, рацете, грбот, задник, нозе и се останато- не може да слабее на одреден дел на тело без разлика која активност и која дел го вежбаш, шо значи можеш да играш и шах но ако си у калориски дефицит (Трошење повеќе енергија од шо внесуваш(храна)), ке слабееш во задникот поточно насекаде.
И јас почнав од денеска и баш ми е некако интересно Само малку ме нервира што од време на време ке помине некој комшија и малку чудно ке ме погледане ама ми е гајле некако чуството ми е поубаво отколку кога ке вежбам некои класични вежби.
Мене постојано чудно и преплашено ме гледаат комшиите, затоа што по скалилата ( поради клаустрофобија ) одам цело време и само ме прашуваат: „Лелееее, не работи лифтот ? '' А трчањето по скали е одлична кондициона вежба.
Јас откако знам за себе трчам по скали... Дури понекогаш и прескокнувам преку една!!! Еве, скоро се ближам до 50-ката ама таа навика никако да ми „помине“!!! Можеби тоа и допринело да ја „држам“ килажата во права линија со години !!! А целулит... што е тоа ???
Од кога е карантинов трчам по скали околу 30 мин( до 5 ти кат) ... На почеток ми бесе напорно но по два месеци сум во кондиција и без проблем трчам...
Кај мене има многу ефект На секој организам различно можеби одговара, но кај мене стварно делува Сега сум 55кг,172 цм... Дури и се осеќам "слаба" сега
Со паузи... Со постепено зголемување на минутите во активно трчање..Почнав од 10 мин. Се до 40 мин во тек на месец дена. Пазуа од минута до две