Почнав со трчање деновиве. Во план сум да купам и некои патики за трчање. Сакам да стигнам до 5 километри да истрчам, за сега сум на пола од ова. Временски за сега не ми е нешто битно, за старт да стекнам навика да трчам. Цел ми е да се затегнам во делот на нозете и да намалам во обем на бутови. Предлог некоја плејлиста за трчање?
Ај да ја активираме темава Или некоја друга за трчање, пошто има неколку За годинава засега две трки ми се сигурни дека ќе трчам, 10ката во мај и полумаратонот на Визер во октомври, ама ќе бидат повеќе секако. Зимава трчам послабо зашто работам преку недела до 4, после по темница не ми е безбедно, а и плус загаденово ми смета на дишење. Ама минатава година особено летото, ментално изградив добра основа да издржувам, па и после пауза кога ми е ослабена кондицијата, брзо да се враќам во форма. Сабајлево трчав кратко оти немав трчано некое време. Баш и ради што немам многу кај да трчам преку зима, малце стагнирам, ама си симнав и план па од понеделник официјално ќе одам по планот. Сакам и барем убаво време да извадам, не само така да ги истрчам.
Ок каснам малку ама ајде 21.05 Денес Теренов шо го трчам е тежок околу 2.5 км угорнина … ќе видиме како ќе биде после два месеци на рамно
Ќе умрам ако трчам повеќе од 30 секунди. Сериозно. Можам да пешачам долго не сум (многу) дебела. 67 кг ама трчање човече мислам дека ќе се задушам. Можам ли некако да си ја зголемам кондицијата? Сватив дека не сум кондиционо ок кога на клиника ск ме пратија да се качам на 7ми спрат. Ќе паднев снемав воздух. ај некој да ми помогне сериозно од кај да почнам? По колку трчање дневно колку пати во неделата колку намалување во време и интензитет.....
Симни апликација Start running или една друга Just run:zero to 5k. Двеве се со многу едноставни планчиња - трипати неделно трчаш, првата недела имаш наизменично минута трчаш, минута одиш, и така пример 7-8 пати. Следната недела е минута ипол или две. И постепено се зголемува времето на трчање секоја следна недела. Јас со овие почнав, а бев со нула кондиција, еве ме трчам без гајле по 15 км. Ама никако она брзо летање него ќе почнеш со многу лесно, бавно трчање. Ако сакаш да трчаш, прво и прво е битно временски да изградиш кондиција и тоа споро, брзината и дистанцата не се битни.
Прв пат ќе трчам на wizzair маратонот, но искрено не сум некоја физички активна. Дали има некое ограничување на пр ако дел од патеката ја поминам со брзо одење и сл? Знам дека има околу 2000 учесници и со тоа се тешам дека сигурно има и бетер од мене, но сепак не ми е пријатно
Полумаратон ќе трчаш? Временско ограничување знам дека е 5ипол саати така да... А за колку брзо треба да се движиш, нема ограничување.
За 5км временскиот лимит е 1час. Просечно време на поминување со лабаво трчање е од 20-40мин. Така да и со брзо одење имаш време да го поминеш. После тој час веќе си дисквалификувана и не ти следува ваучерот од 20евра од Wizz Air. Со лесно.
Епа значи 5к ќе трчаш. Оти спомна 2000 пријавени, затоа мислев полумаратон, таму има толку. За 5ката гледам се преку 10000. Инаку да, веќе ти кажале, 1 саат имаш ограничување