Кои апликации ги корисите за трчање и дали сте задоволни од нив? И, дали имате болки во потколеници и кога трчате континуирано? Како го решавате ова? Претпоставувам, не сум надвор од темата.
Болки во потколениците имав на почетокот, откако имам подобри патики за трчање не ме боли веќе, ама не знам дали е до патиките или телото ми се навикна. Инаку страва и mapmyrun.
Дали трчаш на прсти при доскок, или со цела петица? Читав дека и ова било важно за болката во потколеница. Инаку, да, подобри патики се важни, особено лесни и со поголем ѓон.
@Vikktorr Сопругот е спортски активен, трча и по трки. Пред спиење навечер зема магнезиум само и нема мака.
Мислам дека болката во потколеницата има врска со стресот врз коските, несоодветни патики, несоодветна тврда подлога, начин на трчање, на пример ако си премногу наведнат нанапред (и не трчаш со цела нога, или доскокот ти ѝ е лош), но ме интересираше другите ентузијасти тука како тоа го надминуваат. Јас сѐ ова менував и пак имав болка. Можеби треба да намалам со интензитет, или километри, постепено да ги зголемувам.... Магнезиум има врска со опуштање на мускулите повеќе... Но, фала ти што се заинтересира. И со лесно на сопругот, да продолжи да трча.
Ajде некој искусен трчач да ми даде совети, почетник сум во оваа активност Вежбам активно веќе 6 месеци, почнав прво 3 месеци со ATG што доста ми помогна за мобилност, издржливост на зглобови и од пред извесен период почнав да трчам по 2 пати неделно бидејќи правам 3 тежински тренинзи во теретана неделно. Првото и второто трчање беа трчај-пооди ама ептен се изненадив колку кондиција имам со оглед дека никогаш не сум трчала. Последниве неколку трчања имам пејс околу 6:20-6:40 и без проблем трчам по 5-7 км. Џпт ми дава совет барем еднаш неделно да трчам во зона 2- со пејс 7-8 или интервали- 2 минути трчање 1 минута брзо одење, ама луѓе за мене тоа пешачење е какво е тоа трчање во зона 2? Дајте некои совети на овој тазе трчач Навистина преубава енергија имам после трчање цел ден.
Прво браво за тоа што си почнала да трчаш, те охрабрувам да продолжиш, едно нешто ке ти дадам совет, не се замарај со пејс, со бркање време, и бркање километражи, трчај онолку колку што сакаш, само слушај го телото, ако ти бара лонг ран, пукај лонг ран, ако ти бара 5км за брзо време да кажеме 35 мин, терај така, почетокот на трчањето телото ти дава знак дали си за брз пејс, спор пејс, и така ке осетиш какво ке ти биде трчањето.Батали инста ''Атлетичари'' батали филмовите по инстаграм, трчањето е предолг процес и начин на живот.Комбинирај трчање со тежински тренинзи, зашто е ова битно? Бидеќи само со трчање ги трошиш мускулите, а со тежински ги зајакнуваш. Јас трчам активно скоро 3 години, за да стигнам до пејс 3:50,4:30 на 10км, во овие да ги наречам 3 год, имам истрчано над 7000км, трчањето сака трпение, многу работа и дисциплина.