Тубуларни гради

Дискусија во 'Тело' започната од Hellobeautiful, 10 јуни 2017.

  1. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Како девојка која што е соочена со овој проблем, а решение никако да најдам се одлучив да ја отворам оваа тема во која што доколку некој се пронајде ќе можеме повеќе да дискутираме на оваа тема и да размениме колку е можно повеќе совети.
    Инаку, тубуларни гради се оние каде што масното ткиво не е доволно развиено во овој дел и градите ја имаат оваа форма.
    http://www.breastreconstructionanda.../files/images/Fat Grafted Tuberous Breast.jpg
    https://www.drberman.com/wp-content/uploads/2015/06/Screen-Shot-2015-06-01-at-6.37.19-PM.png

    Искрено, повеќе се надевам дека ќе се најде девојка којашто повеќе се разбира во оваа област и да ми каже дали има можност за растење и нормално обликување природни или пак тоа мора да биде извршено преку хируршка интервенција.
     
  2. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    6.544
    Допаѓања:
    34.435
  3. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Од искуство или.. :/ ?
     
  4. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    6.282
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат слушам за вакви типови на гради, но според сликата...
    [​IMG]
    Баш фино изгледаат. ^_^

    Не тежат, не висат, само што имаат испапчена форма.
    Знам дека не се бара моето мислење бидејќи немам решение да ти понудам, но го користам просторот да кажам мислење.
     
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за твоето мислење. Сепак, моите гради ја немаат БАШ оваа форма како на твојата слика, малку се позаоблени во долниот дел но сепак се испапчени и никако не можам да носам нешто без прслук, Според мене е одвратно! Желба ми е да имам како петтите односно Small како што се прикажани на сликава, во однос на големина се најблиски до моите па сакав да знам дали има некаква можност со масажи да се постигне такво нешто. :)
     
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    6.544
    Допаѓања:
    34.435
    Така си родена. Никој не може да си ја смени формата или големината природно :)
     
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Офф, фала ви девојки :)
     
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.962
    Допаѓања:
    12.842
    Пол:
    Женски
    Јас имам како првите и јас сакам малечки и средени ама нема.

    Сите си имаме некои желби како сакаме нешто да ни изгледа ама тоа е.
    Некоја па ќе рече сака како моите :D
     
    На anonymous16 и Momichka им се допаѓа ова.
  9. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Барем имаш НЕШТО...моите ни за у бејби дол не се :shake:
     
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.840
    Допаѓања:
    16.295
    Пол:
    Женски
    Сите го сакаме она што го немаме.
    Најголема желба ми е да ги смалам градиве. Отсекогаш сакав помали гради, а мајка природа обратно ме дала - со огромни гради.
    На варијациите во големината и обликот на градите и брадавиците им нема крај, сè што ние можеме е или да се прифатиме онакви какви што сме, или да отидеме во крајност и да извршиме естетски зафат за да го промениме она за кое сметаме дека ни е мана.
    Доколку си ти задоволна со големината тогаш немај гајле. На формата не можеш да влијаеш со никакви масажи, исхрана и сл.
     
    На PaLaVa, Momichka, La.loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    16.834
    Абе цицка си е цицка, како да ви кажам.

    Никогаш не сфатив зошто некои жени се измачуваат со оваа проблематика, па вградуваат импланти и чуда.
     
    На Jane.Birkin, Justicija, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.615
    Допаѓања:
    11.633
    Пол:
    Женски
    Некој има испапчени гради, некој има клемпави уши, некој има криви заби, некој има крив нос, некој е пренизок, некој е превисок, некој со криви нозе.... А пак некој комбинација од повеќе, не би рекла неправилности, туку форми кои Холивуд не ги претставува како убави или секси. За жал убавината се диктира од таму, иако, се би требало да е убаво на свој начин.
    И јас имам делови од телото кои ич не си ги сакам, ама што да правам...
    Може тубуларни гради во иднина ќе бидат најсекси форма, ако излезе некоја нова Шакира со такви гради :)
     
    На Jane.Birkin, duffi, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  13. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    25.078
    Пол:
    Женски
    Јас имам тубуларни гради и си ги викам цуцли:D Шала на страна ич не ги сакам.Решение нема освен импланти.Омилена форма на сликата ми се последните,ехх...
    Тоа е,мајка природа девојче глава горе8)
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Се додека постои: иууу, како бе? , зашо ти е/се такви итн. Нема да бидеме задоволни со тоа што го имаме и секогаш ќе се стремиме за едно Ваууу!!! од околината :).
     
  15. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    25.078
    Пол:
    Женски
    A ако се секираш цел живот за ваауу, ќе ти помине во кукање и лелекање,незадоволство и разочараност.Ќе престанеш и самата себе да се сакаш.Затоа уживај,твое тело твој храм,грижи се и негувај го,битно е да е во хармонија и здравје;):*
     
    На realGirl, cresa-jagoda, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Не реков конкретно за мене, општо за коментарот погоре за незадоволствата. Кај мене е лично незадоволство, не заради другите :)
     
    На Paprika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.079
    Мала дигресија за сликава...

    Јас имам нешто помеѓу виснати и ,, совршени ,, гради, и се сложувам дека последните, ословени како совршени, се естетски најубави..
    Ама не се совршени. Совршени гради се сите оние кои си ја вршат работата - да го хранат детето.
    Значи секоја града е совршена.

    И се додека посојат вакви поделби, ќе постојат и искомплексирани девојчиња.
     
    На piglet1, BlackNight, realGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    23.351
    Пол:
    Женски
    Секои гради се убави на свој начин. Твоите се такви какви што се и нема потреба да посакуваш поинакви. Цени си го тоа што го имаш. Не изгледаат лошо. Барем во денешно време имаш избор на голем број градници со кои може да го постигнеш саканиот изглед. Нема потреба од никакви интервенции.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    17.437
    Уфф, мене сериозно ме нервирате кога некој ќе побара мислење и ќе почнете со совети од типот - најубави сме така како што не создал Господ, фунцијата на градите е да го храни детето, или абе убави ти се што има врска не се занесувај.

    Значи девојчето сподели проблем, нешто што е нејзина лична фрустрација или комплекс, нешто што ја прави несреќна и незадоволна.
    И не, не значи дека некој е површен доколку му е битен физичкиот изглед, и доколку сака нешто да смени на тоа поле.

    Градите јас не ги сметам за инструмент со кој ќе дојам дете. Тоа е нешто што го краси женското тело и знае да направи една жена да изгледа навистина женствена.
    Потполно го сфаќам незадоволството на девојчето. Не знам колку години имаш и дали си сеуште млада но јас би те советувала ако си доволно возрасна и ако имаш средства да побараш стручно мислење дали може да се среди овој проблем со импланти, со операција.
    Далеку од тоа дека изгледаш грдо, само ете те разбирам дека не си задоволна и не сакаш да изгледаш така.
    21 век е има решение за се па така и за ова. Мој совет ти е во консултација со твоите, секако доколку си возрасна да го решиш проблемот со интервенција.
    Денес од хир и бес ставаат импланти, воопшто не се замарај.
    Се надевам дека ќе најдеш начин да го решиш ова и верувам дека ќе добиеш повеќе самодоверба и ќе си задоволна од својот изглед.
     
    На Nausicaa, WarriorAngel, IronLady и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу! Имам зборено дома секако. Но, не го гледаат тоа како проблем. Имам зборено и со други луѓе и истиот одговор го добивам - "ништо не ти е, кога ќе раѓаш ќе ти пораснат па после ќе си ги сакаш вакви". Свесна сум дека со помали гради е полесно, ама не и кога истите отстапуваат од нормалната форма. Се надевам еден ден ќе можам да прогледам низ ова незадоволство и ќе си носам маичка по прерамки без прслук, кога сакам и каде сакам!!:rofl::rofl:
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.