Се надевам и јас. Доколку успееш да си ги прифатиш недостатоците кои всушност секоја од нас ги има, ќе биде најубаво за тебе. Ама млада си, доколку во иднина гледаш дека сериозно ти смета и не можеш да го надминеш незадоволството, сепак има решение. И имплантите сега не се толку скапи како порано, и закрепнувањето е брзо. Како и да е ти посакувам да го решиш проблемот на најдобриот начин за тебе.
Значи тубуларните гради според некои се проблем голем. Боже ме сачувај. Јас пак мислев дека да ми фали една града од мастектомија е проблем,или да сум родена со една вишок па да одам да барам решение. Јас сум имала проблемСпоред @manja666 секоја трета со мали гради треба да се шета со силикони оти сме нели 21ви век Нека се информира за операцијата прво,какви ризици има!
Каде тоа кажав дека ако некој има мали гради треба да иде под итно да стави импланти? Значи не се играј со моите зборови и не ги превртувај. Доколку некоја девојка смета дека градите и се проблем и комплекс и доколку може да си дозволи операција, јас го поддржувам тоа. Ако може некој да си го надмине комплексот на тој начин зошто да не ? Мора ли на сите работи да гледаме само право, ниту лево ниту десно. Девојчето пиша проблем, побара мислење. На темава освен мене никој не и даде конкретен одговор како да го реши тоа туку само тапшање по рамо у стил ќути си има и полошо. Има девојки кои ги намалуваат своите гради зашто не се задоволни од својот изглед така. Јас не кажав дека секоја која има мали или големи треба да иде под нож, туку само дадов мислење за проблем, девојчето побара совет. Ќе те замолам да си го задржиш твоето мислење за себе, јас почитувам туѓ став ама не ме мешај во него и не ги испревртувај моите зборови.
Точно дека уште полошо е загуба на града и дека тоа е дупло поголем проблем од ова што јас го имам. Фала Богу сум жива и здрава! Но, јас се родив со вакви гради. Тие за МЕНЕ се проблем...барем засега.
Јас знам личност со вакви гради и сакам и јас да имам такви оти барем раат ќе бидам. Исто, оваа форма баш ми е убава. Јас имам нешто помеѓу оние најдесно и оние најлево. Имаат сосем добра форма, ама големи се и не можам да ги поднесам понекогаш. Најискрено, тешко ми е во животот со нив бидејќи ме боли грб, не можам да носам најобична маица и да не изгледам вулгарно, сите ме зјапаат во нив, не можам да трчам кога има луѓе наоколу, не можам да си најдам асален градник, а за седење по дома без прслук не станува збор. Не можам да носам убави, слатки фустанчиња со гол грб или без небитно, бидејќи секогаш барам нешто што ќе ги држи во место, нема да ми паѓа надолу и да нема деколте. Поради овие причини и уште многу други не можам да замислам како е да посакаш да си ги зголемиш, ама ако имаш поминато пубертет и ако стварно толку ти смета, не гледам проблем за да не си ставиш. Почни да си собираш пари и готово. Јас пред година две голем филм ми беше да си направам намалување бидејќи кога ќе дојам огромни ќе станат, ама гледав слики од операции пред и потоа и некако кај повеќето жени скроз им беше изгубена формата и не изгледаше убаво. Така да, се одлучив да не правам операција за да не си ја изгубам формата, која што многу си ја сакам и сега си ги чувам и си ги нејќам ама тоа е, генетика или дал Господ, не знам. Знам дека офф топик, ама морав да си кажам маки.
Големите гради прават проблеми како што спомнаа погоре и го поддржувам решението за операција заради тоа,малите никаков проблем не ствараат освен незадоволство.Мислам дека не вреди да си ризикуваш живот заради тоа.После операцијата има големи шанси телото да го отфрли имплантот како страно тело и да се инфицира,или во иднина да ти пукне па да се најдеш во животозагрозувачка ситуација.А да не спомнам редовно менување на секои 10 години,или веднаш после операцијата ако има потреба.Треба да си имаш дупло вишок пари за секој случај ако има потреба. Само ја информирам @Hellobeautiful ако не го знаела ова.На крај ти ќе си одлучиш што ќе правиш,твое тело си е
Јас пак не гледам ништо лошо во тоа да му кажеш на некој дека е убав каков што е!!! Ако не му се свиѓа одговорот, има опција скрол, нели. Ама на некој може и ќе му даде поттик, или ќе му го смени мислењето, па ете ќе направиш добро дело.
Каквии силикони какви бакрачи бе за гради никогаш тоа не би го сторила поубаво цврсти кренати помалечки отколку спуштени надолу а на старос да не праиме муабет по мајка ми знам грозно изгледаат иако природни и се башка неможе да дише од нив се би дала да се оалободи од нив и жал ми паѓа како да и тежат баш па во горниот дел. А силиконите се најгрозно нешто уште полошо на старост ќе скапат градите и недај боже болести се добива. И не ми биле ништо посебно гради пффф јас само задникот си го гледам природен што ми е многу си го сакам а градите никогаш не сум гледала колкави ми се ниту пак прслук намерно потпунки да носам глупости не ме исполнува едноставно. Инаку имам нормални гради ни многу мали ни големи и битно кренати ми се и затегнати и многу е посекси такви гради да се носат сега како што е во мода маичиња без прслук но само за помали гради е тоа, големи не ги личи за така и срамота би било паѓаат надоле се слекуваат. значи знам ван темава сум бидејќи се зборува за проблем со тубуларни гради но дека читав и други работи силикони и сл. Онака пишав
И јас имам вакви гради, но мене не ми е проблем нивниот естетски изглед...Единствено на плажа во купачи понекогаш знае да ми засмета, но си ги прифатив како дел од мене тоа е тоа. Истражував малку повеќе, бидејќи и научници имаат истражувано, плус ја обожавам медицината и со мерак изначитав статии и слично. Е сега не е проблемот во изгледот, туку мене ми е дека прочитав дека можело кога ќе родиш дете со вакви гради, бидејќи не се доволно развиени, можело да се нема млеко за да го храниш детето... Тоа искрено стварно ме загрижи...
Може и да е точно,не знам,и јас имам вакви гради а ниту ми пораснаа во бременоста ниту отпосле имав млеко.
Среќа е 21 век, па има купечко млеко иначе идните деца ќе ми испоцркаат за храна хаха Шала на страна, читав навистина е до тоа, сите со вакви гради немале млеко
Најдобро консултирај се со доктор за ова прашање, можеби има решение без импланти. Може постојат некој вид вежби, некакво затегнување, зошто сватив тебе формата ти е проблем, а не големината. можеби имплантите би биле решение, ама убаво утврди каков вид, кои се придобивки, последици, било што. https://www.drkolker.com/breast/tuberous-breast-correction/ Ова е за пример како се решава ова прашање во светот. Само фрагмент. Но од ова ќе видиш дека е различен пристапот. Затоа, најдобро зборувај со доктор, можеби ќе се наплати консултацијата, но гради се, не се играчка.
Сестра ми има такви гради па имаше млеко на претек и за првото и за второто. Ама ете може била една од милион
Неделава бев на торакална, а од таму ме испратија на ехо во Румунска. Одговорот на двајцата доктори беше дека такви гради уствари биле нормални. Јас со тоа не се согласувам. Што мислите вие што сте исто соочени со ова, дали нашите гради се нормални или не?
@Hellobeautiful јас и покрај тоа што немам тубуларни гради, сакам да ти кажам дека не треба да дозволиш да ти се намали самодовербата само поради тоа. Некои мислат дека хирургија е најдоброто решение во овој случај но јас мислам дека не е. Процедурата за промена на изгледот на тубуларните гради може да биде посложена од редовната процедура за зголемување на градите кои се нормални. Знам дека никој не е совршен но треба да настојуваме тоа да го решиме на што поздрав и полесен начин или со некои едноставни но ефективни трикови. На пример, некоја жена која нема изразени колкови се препорачува да носи здолништа кои се пуфкасти или пак ако има црвено лице или акни, лицето го поправа со шминка. Така сметам дека и за тубуларните гради има решение - градници ! Се што е потребно е да го пронајдеш вистинскиот модел... И немој да се чувствуваш лошо откако ќе го извадиш градникот, никој скоро не е целосно задоволен кога не е тип-топ среден. Тоа го гледаат и жената која нема изразени колкови, гради, или таа која нема совршена кожа на лицето. Најважната работа е да се прифатиме онакви какви што сме без притоа да очајуваме и да бараме драстични нездрави решенија, туку ефективни трикови со кои можеме само да си намигнеме (P.S. - во мојот пост секако зборувам за мали несовршености кои можат да се средат без никаква потреба од хирургија, а не за несовршеностите кои не можат да се корегираат на друг начин освен хирургија. Има разлика ... )
Абе овие певаљкиве го пореметија редот и мирот со нивните силикони , што навидум "изгледаат совршено" што им фали на овие гради ? Како што би рекол еден мој другар Да полни раката Според сликата јас ги имам како првите најдов вежби за намалување и подигање на градите и има ефект . Девојче немој да се замараш многу со оваа проблематика , и не посегнувај по хирушки зафати ке те упропастат ... Малите и дигнати гради ми се совршени , но секој вкус е различен.
Се согласувам со двете, но овој пат проблемот беше друг. Проблемот беше што доктор ми кажува дека ова е "нормално", дека формата е "нормална" а очигледно е дека отстапува од нормалните стандарди за тоа како изгледа една дојка. И врвот на се беше кога докторот се дрзна да ми каже "Ееј па шо сакаш ти, шо ќе ти се ма толкави дојки" и тоа пред неколку медицински лица во просторијата, а јас си стојам и вријам во себе.