Во случај докторот да се обидувал да те утеши или да те предомисли дека се е во ред со твоите гради, не го оправдувам тоа. Доколку докторот во себе знае каков вид на гради имаш, требало тоа да ти го каже и да ти предложи методи со кои можеш да го корегираш тоа. Исто така ме изнервира кога прочитав како ти се обратил Навистина срамно и непрофесионално ! Од другата страна пак, и нема да ме зачуди ако тој не ја знаел разликата ... Освен тоа, сметам дека не ти е потребна никаква конфирмација од доктор штом ти јасно гледаш дека имаш тубуларни гради. Мој совет е да не се нервираш и да најдеш соодветен градник кој ќе ти одговара
Да ја активирам темава пак . Мене постојано ми се менува формата на градите, значи секојдневно. Еден период ми се баш така "тубуларни" друг, ми ја имаат скоро таа нормалната, идеална форма. Дали и се случува на некоја друга форумџика истово?