Значи вака, сестра ми полагаше испит за државен службеник и јас и ги дадов моите скрипти. Додека одела на испитот сретнала некоја жена која и ги побарала. Сестра ми се согласила дека ќе и ги даде откако ќе и помине испитот. Договорот бил сестра ми да ги однесе во некоја фотокопирница каде што работи другарка на жената и од таму таа да си ги земе скриптите. Бидејки сестра ми немаше време, не ги однела. Сега женава се заканува дека ќе тужи. Искрено, јас не можам да се изнасмеам на глупоста. Па на интернет ги има не само скриптите туку и прашањата што и требаат за да полага. Прашањето ми е, може ли оваа жена да тужи. Иначе се заканува со тоа дека некој близок роднина и е судија. Спојлер Ма да и сестра ми има блиски кои се занимаваат со тоа, односно една од најдобрите пријетелки и е судика, и има пријател адвокат,не се работи за тоа кој кого знае. Не ми се верува на простоста, глупоста и мрзеливоста на некои луѓе.
Да беше тужењето така лесно, сите ќе се тужевме . Не може да ја тужи, пред се тоа е пре-пре-пре-пре банална работа, а после кога нешто нема написмено напишано, заверено значи она тоа неможе да го докаже- неможе да тужи. Роднината нека сака и Бог да е неможе да ја тужи.
За мобинг не секогаш се нафаќаат за водење процес, дури и кога има докази/снимки, не па за ваква смешка. Нека проба да тужи, ќе ја лае цел суд.