Мислам дека само докилку навредуваш јавна личност која извршува јавна функција или се закануваш тогаш можеш да нае*еш инаку неисплатливо е поединец да бара податоци, ангажира адвокати... само за да те тужи за нешто за што казната е премногу мала. Ако прашуваш дали може, секако дека може да те пронајдат без оглед од каков профил си пишала нешто. Искрено јас сум за тоа да се има одговорност што се пишува без оглед дали е тоа фб, форум.... Апсолутно ми е неприфатливо јас некого да наплукам затскриена зад лажен профил и да за тоа не одговарам. Одговорност за јавно кажан збор треба да постои.
Да знаевте дека можете да тужите, може и ќе бевте. Еве дека и доказ се соочуват со опомена од тужба, па морале да си објават демант http://www.dokaz.mk/demant-so-zakana-za-tuzhba-do-dokaz-od-tsvet-kompani/ и не ми се бара повеќе, ама сигурно има. За ФБ препуцавање бев во судница и да судот донесе одлука, ако ја најдам онлајн ке ти ја пратам во ЛП.
Просто да не му се верува на човек до кој степен фејсбукот им е дел од животот, уште да почне народ да пријавува и се тужи за непожелено poke како молестирање. Богами... Делото се случи пред месец и пол во првиот пост, во наредниот пред три месеци... има некој црна дупка(пардон, ама не таква де) околу направијава што кај мене вика темата е стара два дена само.
http://libertas.mk/жарко-трајановски-казнет-зашто-го-нар/ aли миленко е поврзан со власта, а овој што го навредил ваљда е од сдс. Али дал изјава јавно на телевизија и цела држава го слушнала тоа, а ти тоа што си го пишала колку луѓе го прочитале? 100? http://it.com.mk/veleshkiot-sud-ja-izreche-prvata-kazna-za-navreda-na-facebook/ еве ти за навреда на фб
Да бе, вмешај политика Новинар од сдс беше во случајов мој каде слушав ко практикант кој зема пари за навреда на ФБ Кога веќе те интересира политичка припадност. Ја најдов пресудата, се работи за статус на ФБ во кое името на новинарот не е ни кажано Иначе ТВ само пензионерите гледат, сите други се онлајн, има поголема публика таму. Во една секунда една вест може да има од 1000 до 2000 клика.
Oва е офтопик али види ја анкетава од ИРИ од пред 2 месеци, страна 57 http://www.iri.org/sites/default/fi..._macedonian_public_opinion_june_6-15_2015.pdf Страна 57 од анкетата на ИРИ, види колку си грешка дури 90% одговориле дека за политика се информираат од ТВ, не верувам само пензионери да прашувале.
Надвор сме од темата, ама ИРИ вртат на фискни телефони, кои во последно време ги нема во младите семејства, освен кај страците кои немаат мобилни и некои ретки исклучоци. Како и да е 2000 клика у секунда не е мал број.
за закана да така е , но за навреда и зависи од навредата колкава е , секој може некого да тужи за било што , но дали ке се докаже е поентата .
Еј аман не се замарај со тоа ја колку лажни профили сум имала,слики превземани сум се карала, ме уценувале дека сум пријавена во полиција ехее до сега требаше во затвор да бидам.
Интернетот по правило е место со потполна слобода на говор. По ни еден закон не може некој да те тужи за твое мислење и твој став ОСВЕН доколку немаш вреѓано во ситилот: „Петко Петковски магаре едно кретенско матер ќе ти ебам ќе ти ја запалам фамилијата“ и сл. Тогаш имаат право да те тужат за закани/клетви и слично. Не се сеќирај шансите да те повикаат на разговор ако било само твој став и не навредило никого се сведени на 0. Во 2009 имаше еден скандал дека на еден бивши македонски форум имаше туторијал како да направиш бомба, кога беше тоа пријавено во Сајбер Криминал одделот на Р.М, министерство за информатика излегоа со став дека се додека тој што го напишал не ја напрајл таа бома ништо не му можат бидејќи он само кажал свој став/мислење.
девојки ме интересира една работа. Доколку се скараш со службено лице а тоа тие каже навредливи зборови и го тужите, а во меѓувреме и да го снимите разговорот доколку го приложите на суд како доказ дали би можеле да добиете
Дали си сигурен во ова? Мене спротивното ми го кажаа. И дали под снимање се подразбира снимање со камера на телефонот или само со voice recorder?
Ме интересира, доколку некој тужат за навредливи коментари на интернет, каква и колкава казна би добил тој што ги напишал навредливите коментари?
јас сакав да тужам една на форумов , се консултирав со адвокат и тој ми рече батали бидејки ке трае долго време ке искинеш нерви за едни 200/300евра ! е сега ова мене ми го рече адвокат ,е сега ти види
Досега се донесени 2 пресуди, мислам дека малце пари земаа, еден новинар на сдс тужеше, доби 100 евра, а другото заборавив што беше.
ова сериозно ? Само пишав дека го имам истиот производ ако сака дечкото ќе му го испратам за цена на каргото види реферат
Ова се гледа дека е само да те заплаши. Стварно да земал 4000 евра од некој нема да е вака изнервиран, па уште и те вреѓа демек бизнисов негов легитимен е, па некој на суд со него ќе се замара.