Тужби поради психичко насилство

Discussion in 'Правни совети' started by redlover, Jul 14, 2017.

  1. redlover

    redlover Активен член

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Здраво девојки

    Најнапред сакам да ви кажам дека сум анонимна сега за сега,но доколку постои веројатност во иднина не би било така, бидејки планирам сето ова што го имам поминато,да го пуштам во медиумите. Инаку сум студентка која веќе е при крај со студиите. На факултет е со во ред, но она што го имам поминато кон крајот на средношколскиот живот,не посакувам на никого да му се случи.

    Видете вака, немав пари како средношколка а и уште не ми е подобрена финансиската ситуацијата, па често пати не ми беше средена косата, не се шминкав, одев со еден пар фармерки на школо, еден пар патики и сл. Немав многу, на некој начин го ценев тоа што го имав, позната ми беше ситуацијата а и понекогаш како утеха дека нашето поднебје има доста личности со слична судбина како мојата. И дека сето тоа би било само преоден период, ништо повеќе, па така не го сфаќав толку сериозно сето тоа. Девојки бев психички малтеретирана или на некој начин трпев мобинг година дена од 5-6 мои тогашни соученици. Не ме боли фактот што морав да трпам, ме боли фактот што едноставно не смеев да зуцнам, ме боли фактот што не смеев никому ништо да кажа, ме боли фактот што никому нигде не смеев да с е пожалам. Кај и да појдев на било која врата бев само ислушувана, но никако не добивав помош. Со случајот беше запознаает мојот класен раководител, која иако ја знаеше до детал ситуацијата не преземаше мерки за нивно целосно расчистување, потајно се осеќаше дека е заштитнички настроена кон силиџиите.Но тоа драги мои девојки не е се. Со случајот беа запознаети и дел од наставниот кадар, кои исто така цело време гледаа дека јас сум жртва и не преземаа ништо туку ке ме советуваа кажи на класниот раководител тоа е негова работа, тој за тоа зема плата. Но класниот раководител, воопшто ништо не презема неколку пати беше замолен од мене за расчистување на ситуацијата, и ке ми кажеше зошто баш ти? 25 ве има во класот зошто само тебе тоа ти се случува. А јас еднаш и одговорив професорке 25 не има но зошто тоа не ми го прават сите туку само поединци. На ова прашање не добив одговор туку само завртен грб. Веднаш се упатив кон просториите на останатата служба во училиштетото.Но наидов на заклучени канцеларии. На смена беше само заменик директорката. Таа ме сослуша, И ми рече утре дојди педагогот е прва смена, Дојдов утредната, разговарав со педагогот пола саат, исто и таа ме сослуша. Мислев дека веќе се е решено, но не, дотука беше. Јас и понатаму бев подложна на насилство од истите тие. Кога веќе сфатив дека никој не ме заштитува после неколку дена, жестоко почнував да се бранам самата, Тие едно јас 2, тие 2 јас четири и така донеред доведе ситуацијата. Па ми беше искината облеката, па ми беа искинати книгите, па бев и снимана дур траеше целата ситуација. И повторно кај педагог, но не сите туку само јас. Истата тогаш ми напомена донеси друг ученик да видам што ќе каже за ситуацијата., девојчето беше избрано заеднички и по моја желба и по нивна, односно и јас и силиџиите биравме личност која ке објасни се што се случувало: Сеуште ми звонат зборовитее во глава која таа во тој момент ги кажа: И двете страни има допринос за лошата ситуација но повеќе е од нивна. По овој одговор настана молк од неколку минути. Тие едноставно не знаеа како понатаму или пак како да се заштититат веќе силиџиите.

    Насилството драги мои ескалираше пред нова година, кога моиве дома дознаа, поточно мајка ми, кога и се јави на класната поради која причина, таа телефонот веднаш го исклучи. Следниот ден појдовме кај директорот на училиштетото. Каде што бевме пречакани но ми кажа дека и тој минувал низ истото и ме советуваше да се испишам од тоа училиште. На сето тоа му реков: ајаде ве молам да се испишам едно пологодие пред матура од училиште поради 5 личности. 5 личности ли не можете да доведете во ред. Но бевме иѕбркани од канцеларија. Е таka мили мои, последното пологодие го поминав во најголеми пеколни маки, со јавно нарушен мој духовен мир, со јавно понижување, со нарушување на моето достоинство. Девојки како да ви кажам секој ден се потсеќам на ситуацијата и мислам дека некој би требало да плати, Ми кажаа дека сум можела да поднесам тужба до службите кои требало да го разрешат случајот, освен тоа ми кажаа дека сите тие вработени биле партиски, па сега кога е сменета власта, сум имала најголема шанса за тужба. Исто така имав разговор и со психолог која ми напомена дека сето негативно се одразило на мене и дека ми итно потребна помош од психотерапевт. Денес силиџиите не ги имам воопшто видено. Сите сме на различни патеки во животот денес, секој по својот пат, не се имаме сретнато од матурската вечер. Моето главно прашање гласи бидејки немам другар правник, дали имам право некого да тужам, планирав да се советувам со адвокат, но не сум во државата, моментално сум на летна пракса во странство. Поздрав девојки
     
  2. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Joined:
    May 8, 2017
    Messages:
    106
    Likes Received:
    86
    Здраво
    Како што читам ова (колку што сфатив се случувало во средно училиште). Жртва бев (иако сум машко) на насилници и во основно во најголем дел (последни 3 години интензивно, во осмо одделение веќе стана ептен неиздржливо. А, најлошо од сето тоа е што сето тоа ми се одрази (и кај сите што се жртви на насилство се одразува и на психа). Тоа што го опиша погоре НЕ Е само психичко насилство, туку е и физичко, плус како што видов погоре (искината облека) е и сексуално насилство. (бидејќи може во зависност од таму каде е искината облеката да се гледа некој интимен дел). И да го кажам и ова, ги бираат посиромашните и тие кои гледаат дека родителите не им пружаат доволно внимание. Бидејќи кажа дека си одела во едни фармерки и едни исти патики, тоа што си немала (*претпоставувам) скап мобилен телефон тоа е се она што нив им дава сигнал дека може да се изживуваат и да им загорчат живот некому.
    Како човек кој трпел насилство, можам да ти потврдам дека ретко каде се преземаат било какви мерки против насилниците. Како што пиша и ти и во моето училиште класниот иако се знаеше што се случува, се правеше како да не гледа, а на крај на школска година имаше обврска само да му поправи на некој од насилниците единиците, на родители на деца од кои има корист да ги помине одлични... Во стварност да ти се згрози животот. И уште да напомнам дека секоја од жртвите си набива во себе „кривица“ зошто само мене ова ми се случува, зошто баш мене и сл.
    Јас, дури некој и ден-денес ми доаѓа на некои од тие главата да им ја искршам кои малтретираат како хиени (повеќемина на еден). Плус, како доказ дека тие се штитат е примерот каде јас испаднав виновен кога прв ме удри еден сер** (да извиниш на израз), па јас му возвратив со иста мера, а потоа ем другите машки ме нападнаа, ем кај службите (иако едно девојче кое беше повикано кажа дека јас бев тој кој прв прими јак удар во лице, па возврати) пак јас бев виновен кај службите.
    Е сега, да бевме во Америка, тешки пари би зеле и јас и ти кои вака систематски трпеле насилство со години. Но овде, системот и законите не предвидуваат никакви казни за училишните насилници. А, неформална казна би било секој од нив барем еднаш од некој твој близок да добие добар ќотек што ќе го памети.
     
    redlover likes this.
  3. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Joined:
    Mar 13, 2014
    Messages:
    128
    Likes Received:
    1,635
    Gender:
    Male
    Потполно ве разбирам , знам дека е тешко ова што ке го кажам , ама не се тоа 5 луѓе , тоа е систем , и тоа систем секаде , не само во МК , Баталете осветољубивост и организирајте си го животот немислејки на тоа , оти во тој систем и насилниците знаат дека колку повеке се браниш , толку повеќе пропаѓаш и е потешко за тебе. Жално е , ама вистина е .
     
  4. Someday

    Someday Популарен член

    Joined:
    May 12, 2017
    Messages:
    538
    Likes Received:
    1,773
    Gender:
    Female
    Кај нас драги мои, за жал никој не би земал за сериозно нешто што се случувало пред неколку години, плус без никакви докази. Можеби е точно дека со примената на власта имаш повеќе шанси, но сепак мислам дека не би добила ништо. Можеби јавно извинување доколку се докаже по некоја случајност нешто од тоа, мада ни толку. Тие особи очигледно и тогаш биле на некое социјално повисоко ниво од тебе па веривам дека и сеуште се. Не верувам дека по толку време би дозволиле нркој туку така да ги нападне. Да им го "наруши мирот". Разговарај со стручно лице депак, па ете доколку имаш основ само напред. Секако ништо не можеш да изгубиш. Освен гордоста секако, кока очигледно пред доста време си ја изгибила штом сеуште се навраќаш и те повредува тоа.
     
    Mr.Awesome likes this.
  5. LBC

    LBC Истакнат член

    Joined:
    Mar 12, 2017
    Messages:
    381
    Likes Received:
    4,313
    Gender:
    Female
    Кога веќе си свесна дека никој нема да ти помогне зашто сама на себе не си помогнеш!?
    ФАКТ е дека тоа што ни се случува најчесто влијае на нас онолку колку што ќе дозволиме.
    Велиш не смеев да зуцнам. Зошто? Па да работиш и да трпиш мобинг ај да разберам, имаш фамилија мораш за леб...ама и тогаш има избор. А ти кажуваш за во школо.
    Реткост е кој не трпел понижување во школо од било каков тип.
    Некој повеќе, некој помалку.
    И велиш ете завршило све, зошто сега откако е крај на таа тортура која верувај, ти си ја дозволила, баш сега ти текна да зборуваш за неа?
     
  6. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2017
    Messages:
    318
    Likes Received:
    3,625
    Gender:
    Female
    И јас бев малтретирана во основното а во средно требаше да учам со истите деца. Јас не сакав да слушнам за тоа па ја сменив струката. Веќе во средно заминав со лажна самодоверба а тоа се насетува од далеку.
    Во средно нема проблеми но сепак на почетокот не бев вклучена. Верувам дека причината беше тоа што немав самодоверба, оригинал патики, модни комбинации за секој ден и скап телефон. Ама кој ги е*е (со извинење) важно е да си нижиш успеси.
    П.с. малтретирачите од основното сега каде и да ме видат без здраво не ме одминуваат. Демек се поштуваме де а и од средното исто така. Се прашувам свесни ли се како ми влијаеа па сега како ништо да не било.
     
    eliesaab and LBC like this.
  7. LBC

    LBC Истакнат член

    Joined:
    Mar 12, 2017
    Messages:
    381
    Likes Received:
    4,313
    Gender:
    Female
    Тебе добро ти влијаеле. Можеш фала да им кажеш денес, чим си стигнала до тоа да речеш кој ги е..
     
    Mrs.Brain likes this.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,772
    Gender:
    Female
    @redlover Прво и основно треба да се советуваш со адвокат и тој ќе ти објасни што понатаму.
    Доколку е вистина тоа што го зборуваш, тогаш имаш основ за тужба, но треба да имаш и докази за се што се случувало.
    Сигурна ли си дека имаш сведоци кои ќе сведочат во твоја корист?
    Останува твојот збор против нивниот.
    Влечкањето по судови не е лесна работа. Тие што планираш да ги тужиш доколку имаат појака одбрана и некои врски низ судовите ќе добијат.
     
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    3,462
    Likes Received:
    42,938
    Да, кај нас педагозите и наставниците ќутат нив кога ги млатат истиве дебили, оти нели деца на големци, а па за учениците ги заболе.

    Или деца се, сите така прават... Не, морону, не сите деца се здружуваат у криминална група да злоупотребуваат едно дете, па и да снимаат!

    Затоа имате масовни пукања у школите у САД. Ќе му се собере на детето, па ќе си пукне.

    Мене и брат ми вака ни правеа у новото маало, оти сме нови и плус деца на разведени, па ги затепав се по список, од мушко до женско... Треба одма да се реагира. Ригорозно.

    Во твојов случај е предоцна. Нит имаш докази, нит сведоци, нит на некој му е гајле, а и да му е гајле - си го видела ти нашиов правен систем?!

    Едино ако ги видиш некад, па да им плукнеш у фаца, или да ги ,, погалиш ,, по образ...

    Сеедно, со среќа.
     
    Someonespecial likes this.
  10. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Joined:
    May 8, 2017
    Messages:
    106
    Likes Received:
    86
    Тоа дека ништо не би добила на суд за ова не е причина девојката анонимно да го изнесе својот проблем и се она што и се случувало. Живееме во систем во кој наставниците/учителите ги штитат децата на големците (притоа, секако доколку од нив имаат или би имале во иднина некаква корист). Да се влечка по судови не и препорачувам, а дека останува малтретирањето во сеќавања засекогаш како траума си останува. Треба да се изнајдат начини во иднина како оваа појава целосно да се искорени, а за да се спроведе тоа најбитна е промена во самото воспитување на децата.
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,391
    Gender:
    Female
    Ми треба совет од ПРАВНО ЛИЦЕ
    Дали можам да барам забрана за пристап од одредено лице поради психичко вознемирување?
    Следење, упорно ѕвонење и други работи?
     
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    1,849
    Likes Received:
    5,607
    @redlover жал ми е за се што ти се случило но немаш право на тужба бидејќи е поминат подолг период така да не верувај на се што ќе ти кажат.
    @Feminka22 Прво мора да пријавиш во полиција за вознемирувањето. Кај нас вакви забрани тешко добиваат при семејно насилство така да за вакво возненирување нема шанси, ама полицијата ќе разговара со лицето па доколку е потребно ќе покренат и соодветни акти против него.
     
    Feminka22 likes this.
  13. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    774
    Likes Received:
    2,125
    Gender:
    Male
    Не треба веднаш преку судот, има и друг правен начин, не ми прикажува опција да ви пишам, пишете ми порака за ви објаснам подетално.
     
  14. Dejan0_Skorpija1

    Dejan0_Skorpija1 Активен член

    Joined:
    Jan 30, 2019
    Messages:
    45
    Likes Received:
    11
    Gender:
    Male
    А што ако во случај правно лице или како и да се вика службено лице вознемирува познаничка клиентка жена итн а полициата не превзема ништо тогаш што може да превземе физичко лице ме занима мислење