Тупак (2pac)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од CIA, 4 јануари 2012.

  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.025
    Гледам има многу теми за пеачи,ама за Тупак никаде не сретнав,што многу ме зачуди :^)

    Тупак Амару Шакур (16 јуни, 1971 год- 13 септември 1996 год), познат по неговите уметничи имиња Тупак (или едноставно Пак) и Mакавели беше американски рапер. Тупак има продадено над 75 милиони албуми насекаде низ светот, што го направи еден од најпродаваните музички артисти во светот. Само во САД тој има продадено над 37.5 милиони албуми. Магазинот Roling Stoun (Rolling Stone Magazine) го именува за 86ти најдобар артист на сите времиња. Покрај кариерата како врвно-продаван рап изведувач, тој беше и надежен актер,како и социјален активист. Во повеќето од неговите песни се зборува за растењето помеѓу насилство и за тешкотиите во гетата, расизмот и други социјални проблеми за време на хип хоп ривалството помеѓу Источниот Брег и Западниот Брег. Шакур за започна својата кариера како техничар во придружба на група на турнеја и резервен танчер во алтернативната група Digital Underground.Во септември 1996 година, во метрополитската област Лас Вегас во Невада Шакур беше застрелан 4 пати. Веднаш беше однесен во Универзитетскиот медицински центар, каде почина поради прекин на дишењето и запирање на срцето.

    Според мене,Тупак е еден од најдобрите рап-изведувачи на сите времиња.Преку неговите песни си го раскажувал животот,проблемите и тешко е да не се пронајдеш барем во еден негов стих.Во песните лесно може да се забележат неговите мислења за светот,за општеството.
    Во неколкуте видеа што ги имам гледано на јутуб поврзани со неговата смрт,се раскажува за тоа дека Тупак бил заедно со Илуминатите но тој за тоа си немал појма,или пак покасно сватил што всушност се тие,па бил против нив.Тоа може да се забележи и од неговиот албум со наслов Killuminati (во превод би дошло како Убиј ги Илуминатите-Kill Iluminati).Истотака се спомнува дека бил убиен и од Биги,поради некои несогласувања.

    Поомилени песни од него ми се :California love,Сhanges.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На TheKiketoo и IndieGirl им се допаѓа ова.
  2. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    1.080
    Пол:
    Женски
    Идолот на дечко ми :) па покрај него научив доста работи за 2pac, иако го слушам, никогаш не ме привлекуваше да читнам нешто за него .. No1 песна ми е Changes

    http://www.youtube.com/watch?v=eXvBjCO19QY&ob=av2n
     
  3. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    706
    Кралот на рапот според мене!
    Еден од омилените ми е! :inlove:
    Навистина му се восхитувам за многу работи, највише за текстовите шо ги пишувал и за тоа како ги третирал жените.
    А во врска со илуминатите некои зборат дека прво си ја продал душата ама после откако отишол во затвор решил да си ја врати и почнал да оди против илуминатите и да ги експонира на јавноста...
    Исто иам читано дека не умрел туку дека се одмарал на некој остров :^)
    Имам многу песни негови кои ми се омилени : Never call you bitch again, Unconditional love, I'd rather be your n.i.g.g.a, How do you want it, Do for love, Holler if ya hear me ......
    [​IMG]
    една од поомилените негови слики :inlove:
     
  4. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.025
    Ах,добра е,јас па си помислив никој не го слуша оти од пред една недела и повеќе ми е отворена темава и никој не коментирал и баш се чудев,си викам никој ли не го знае човеков :^)

    Инаку како што напишав,се зборува дека го убиле поради тоа што се свртел против Илуминатите,и бидејќи го изгубиле него,изгубиле и многу пари,а плус тој почнал да зборува против нив во песните и во јавност,па тие го убиле.Ама и пред некое време незнам кој кажал дека неговото убиство било нарачано од страна на некој рапер...ај ако го најдам линкот ќе го ставам тука ;)
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    2.920
    Не го слушам, ама другарка ми неодамна ми рече дека го сака, па преслушав неколку песни.
    Што знам, солиден е бааги.
    http://www.youtube.com/watch?v=FWOsbGP5Ox4
    ^Оваа песна ми е најдобра. :)
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.025
    Знам реков дека ќе ги постирам линковите за неговата смрт ама се заборавив па сега ми текна,еве ги :

    http://on.net.mk/zabava/muzika/se-rasch ... o-na-tupak

    http://on.net.mk/zabava/muzika/paf-dedi ... o-na-tupak

    Што знам,можно е да е точно,а и мислам дека полицијата некој ја заќутува, ако сакаа до сега ќе го открие убиецот и на Тупак и на Ноториус.
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
  8. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    2.920
    А сигурни сте дека навистина е мртов?
    Добро, не знам ни дали е мртов ни жив. Има шпекулации дека е мртов. А има шпекулации исто дека е жив.
    Е сега на што да веруваме?

    Како и да е, приказната со 7 day theory ми е забавна, иако немам појма дали е вистинита. Интересен ми е начинот на кој се поклопуваат работите.
    За да не раскажувам, зашто денеска се утепав повторувајќи го видеово цел ден, еве ви го:
    http://www.youtube.com/watch?v=m-c6nguztpY
     
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    15.944
    Пол:
    Женски
    Ах, мојот миленик во рапот. А и за глума го бива(ше).
    Порано премногу се занимавав со него, сега некако стагнирав. Ќе прочепкам, може ќе откријам некој нов детал. Гледам шуќур на Википедија му го ставиле вистинското име Lesane Parish Crooks, а до пред некое време ми викаа дека немало шанси да е така... |(
    Инаку Seven day theory е шит. Шит е и дека е убиен од Орландо Андерсон бидејќи припаѓал на Крипс или Бладс па дека тие се замешани, Тупак не припаѓал на ганг.
    Шит е и теоријата дека убиствата на Пак и Биг се поврзани. Обидот за убиство во 1994 е само алиби на вистинските убијци од 1996 преку кое мислеле дека само ќе го насамарат Биг за убиството на Пак, за потоа да може да го убијаат и Биг и така да ги отстранат двата највлијателни рапери на Источниот и Западниот брег, а притоа да изгледа како крвна одмазда.
    Сликата од аутопсијата е дефинитивно лажна и имаше и едни ко демек го беа снимиле два пати. Типот стварно личеше, ама не, верувам дека мртов си е човекот.
    Сето тоа е едно испревртено и изрежирано сценарио за да изникнуваат различни теории и претпоставки со кои ќе се прикрива вистината.
    Тупак никогаш не бил со Илуминатите, напротив, од негови блиски извори знаел многу за нив, дури и премногу и поради неговата намера да заврши со рап кариерата и да заплива во политичките води, морал да биде ликвидиран, бидејќи познавајќи ја неговата природа, ќе „издадел“ многу работи кои биле(и уште се) чувани како огромни тајни. Од друга страна сакал истовремено за во слободно време да отвори своја издавачка рап куќа што би значело пропаст за Шуг Најт бидејќи Пак му носел најголем профит. Сомнително е и како при атентатот Шуг поминал само со гребаница на келајцата, сигурно убијците не внимавале кај пукаат во таа брзина. Има теории дека е пукано однатре, ама ко демек полицијата нема вештаци кои можеле да увидат од кој агол иделе прострелните рани, ама ај...
    Имаше и видео каде самиот Снуп Дог изјавува дека се сомнева во Најт, мада и самиот Снуп ми е сомнителен бидејќи секогаш потајно сакал тој да биде најдобриот рапер на западниот брег.
    Шест месеци по неговото убиство е убиен и братучед му Јаки Кадафи (заедно биле членови во The Outlawz) бидејќи бил единствениот кој знаел нешто, и таман пред да проговори пред суд, демек при игри со пиштоли несакајќи бил застрелан.
    Брее, почнав да расправам за убиствово до пм и назад...
    Од песните со тешко срце ќе издвојам бидејќи сите ми се онака нај, а во последно време кога слушам, барам ремикс траки или ептен ретки некои, ама тематиките на Hellrazor, Komradz (so so krazy), Blasphemy, Brenda's got a baby ми се посебно дирливи, Me and my girlfriend ми е врв за метафорична песна, а Gridlock'd една од омилените комедии.
    А да, освен рапувањето, бил и одличен басист.
     
    На LittlePinky и CIA им се допаѓа ова.
  10. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    2.920
    http://interesno.com.mk/muzika/49-muzik ... zivee-2pac

    > http://www.youtube.com/watch?v=gZTmJeVY5VA

    Патем, не сакам да оспорувам жив е - не е.
    Ама нели, и така не е разјаснето, па може да се дискутира и фантазира.
    Значи, 2пак ако сакал да биде политичар, би ги издал сите тајни на илуминатите, со што тие ќе бидат уништени. А Тупак и во killuminati (kill + illuminati) всушност кажува дека сака да ги ’убие’ .
    Значи, Тупак за нив претставува закана.
    Епа сега, доколку 2пак се крие, он го испланирал тоа. И по сите тие песни, логично би било сите да мислат дека е убиен од илуминатите.
    Ама ајде, да не му ја тупам, можеби е мртов, па нека почива во мир.

    Инаку, и 2135453 години да поминат - пак ќе биде еден од најдобрите рапери. :)
     
  11. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    7.281
    Пол:
    Женски
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    2.920
    Царе, Легендо светска, Среќен Роденден. Или да си имаш вечен живот во рајот, или нека идат побрзо деновиве кога ќе те откријат дека се кријат. Друго не знам шо да кажам.

    Битно, си го прославив со другарка ми роденденов, во 00:00 си изедовме едно mars 2pac(k). :D
    [​IMG]
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.407
    Пол:
    Женски
  14. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.366
    Пол:
    Машки