Да го поставам најиритирачкото прашање- каде ги има Слимлајн, колку пари се и колку таблети? За Туфбофаст не ми е јасно како уште ги има кога Јака е затворена ? Порано ги фалеа многу, ама после мислам дека ги расипаа исто како што имам читано дека било со Хербафаст- на почетокот супер резултат, после не бидејчи го смениле составот
слим лајн се нарачува преку дистрибутери, ама имам чуено и дека по аптеките го има 1850 беше кога го купив, сега не знам! Aко сакаш купи, ама јас не би, што знам, немаше толку јак ефект ко што очекував, а и сушењето на устата ме уби никогаш нема да го заборавам а и хербафаст сум ги пиела и ништо!
Лудо, не знам зошто ти сметало сушењето, според мене баш тоа сушење те тера да пиеш вода а да не јадеш . Мене ми е некако страв да пијам таблети , слушам од тие што пиеле дека им чукало многу брзо срцето, се чувствувале отсутно и сл., ќе се потрудам без апчиња помалку да јадам А овие турбо фаст ги фалеа, ама сега ми е чудно дека пак ги спомнувате и дека ги има во производство, а Јака не постои- можеби некој друг ги произведува
зашто 24/7 ми беше сува устата,сува ко слива, не можам да го опишам тоа чувство не е само за вода што те тера да пиеш, те иритира! еве прашај и други девојки за устата имаат залихи на Jака80, во аптеките ги има, зависи каде, јас 450 денари ги купив
јас па сум слушнала дека од Турбофаст се јавуваат проблеми со спиење, таа сувост во устата, срцебиење и некоја чудна болка во главата, а за Слимлајн немам слушнато негативни нус појави, не знам, може кај секого различно делуваат...и затоа сега откако прочитав што се пишува, не знам кои да ги купам... а ми се увртела некоја идеја дека треба 3-5 кг да ослабам
Jас од велес ги земав, не знам дали има во Cк, ама мислам дека низ зегин нема... барем така мислам, прашај за секој случај
Го читав форумов и пред да ги земам слим лајн и сега. Доколку ми се јават некои негативни ефекти од нив веднаш ке престанам да ги пијам се разбира. Загрижува фактот за покачен притисок или тахикардија, присуство во нив на недозволени состојки и слично...но се што правиме со нашето тело е на наша одговорност. Никој што не е потполно здрав не би требало да прави експерименти со нив. Се разбира дека физичката активност и умерената исхрана најмногу влијаат на нормалната телесна тежина. Изборот е наш, причините за слабеење се кај секого различни. Но ме интересира зашто толку паника поради потребата за повеќе вода, слабост и слично кога секој што некогаш бил на диета со да речеме некакво гладување знае дека баш така се чуствувал...гладта не прави нервозни и слично Пијам слим лајн, но истовремено јадам салати, овошје, пијам сокови. За ручек јадам што и да е, само да е домашно зготвена храна со помалку масло и без леб.
Туфбофаст kade moze da se najdat ,inako jas citav mnogu za slimline kapsulit i gi probv kaj mene nikakvi nesakani reakcii ne se pojavia nitu pak sakani reakcii bev 73 kg a potoa so javorov sirup namaliv uste 3kg za 5dena i ostanav a od kapsulite totalno se razocarav mozebi ztoa sto prethodno bev na mnogu dieti trudejki se trudnickite kg da gi namala pa od 83kg padnav na 73kg pa se izmoriv i sakav da probam tableti, iako ne jadev mnogu nemase namaluvanje na kg . aj molim ve kazete dali ima efekt od Туфбофаст zosto sakam da namalam 10kg
јас од денес почнав да ги пијам турбофаст таблетите, во производство на јака 80, па ќе видеме колку ефект имаат, па ќе ве известам овде на форумот.
епа вака, до денес имам испиено 6 капсули и баш сабајле здогледав дека стомакот ми е малце помал, а немам вага да се измерам бидејќи не сум дома, туку сум у скопје
јас имам неколку прасања во врска со таблетиве, колку таблети има во едно пакување и како се пијат пред јадење или? милосавлјевски какви се резултатите
Да не ве обесхабрувам ама овие таблети воопшто не се добри. Мора да се пијат со многу вода, во спротивно ќе си предизвикате опстипација и можете да стигнете недај боже до болница. Токму тоа и се случи на една другарка на мајка ми.
јес ги најдов во зегин таблеткиве и почнав да ги пијам ама многу ми се суши устата и пијам вода во енормни количини(на секои 5 мин)
Здраво девојки! Јас ги пијам таблетите Турбо фаст веќе 6ти ден и имам -2кг. Се надевам дека од првата кутија ќе ослабам барем уште 3кг бидејќи треба да симнам мноооогу .