Турбофолк, хип-хоп! Кич или нова „урбана“ култура?

Дискусија во 'Музика' започната од Boyfromtown, 30 март 2010.

  1. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Дали мислите дека турбофолкот е кич или нова урбана култура којашто ги тресе младите како на времето што беше рокенролот и слично?Дали постои уметносто во турбофолкот,дали музиката е за ниска класа на луѓе,дали турбофолкот ја отсликува државата,поднебјето,системот,менталитетот во којшто живееме или?Овдека изнесете си го своето мислење за турбофолкот како нова култура широко распространета помеѓу младината. какво мислење имате за него ,дали слушате,дали обичате турбофолк и слично.Овдека постирајте ги вашите омилени турбофолк песни,пејачи,албуми,концерти и слично.Сакам искреност,а не муабети од типот мразам турбофолк но сум била на Аца Лукас и слично.
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.675
    Прво мораме да признаеме дека турбофолкот е доста актуелен и кај нас.Го слушаат сите од 7 до 77 години.Трбофолк не слушам.Не сум била на ниедна турбофолк свирка а како ме држи вкусот за музиката се надевам дека нема ни да отидам.Меѓутоа добро,секој си има свој вкус на некого му се допаѓа.Кога ќе слушнам некоја песна прво го забележувам текстот,потоа вокалот и ритамот,а турбофолк песна со сите 3 критериуми по мој вкус не се наоѓа.Кога сум во друштво морам да го трпам сакала - нејќела како што ги трпат моите песни морам и јас другите.
     
  3. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Мала додавка што мислите за рапот,хипхопот како правец во музиката?Јас искрено рапот не го сметам за никаква музика бетер ми е од турбофолот.Дали мислите дека веќе рапот станува издувана фора со те истите текстови и финти у стил мала ај попуши го,мала наведни се доле,леле ама си жешка,ме палиш ти и твоите гради и слични патетични текстови ,а да не збориме за пеењето.Дали дека секој може да прави рап и дека е лесно прифатлива музика затоа и е толку распорастранета или?
     
    На cupcake27a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    680
    Не слушам ниту турбофолк, ниту хип-хоп. не би сакала да зборувам дека е кич или селско или не знам какво, затоа што се работи за вкус. На некои луѓе им се свиѓа и си го слушаат и турбофолкот и хип-хопот. Јас не сум била на турбофолк концерт, не знам ни еден пејач освен Цеца и не знам Аца Лукас и не ме ни интересира што се случува на таа сцена. Сум одлучила да не слушам таква музика и тоа е тоа. А какво влијание има турбо фолкот на млади мозочиња е тоа веќе е случај за испитување :roll: :roll: :roll:
     
    На babylove123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.710
    За турбофолкот се имам изјаснато на една друга тема.
    А за рапот, искрено преку глава ми е од таквите текстови какви што спомна Бојфромтаун. Но морам да признаам дека има некои изведувачи со стварно добри текстови: Еминем и Едо Маајка.
     
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Се што е на балканов ми е мене с....ње , слушам се имам кажано али нема никаков квалитет, турбо фолк е како копи пасте :lol: рапот ништо ново...а да ти и..... спушти се доле..итн абе и јас знам така да ''пеам'' :lol: и обично ниедна песна не дослушувам до крај.
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    jas slusam bukvalno se,sto ke mi pustat toa.po doma retko si pustam turbo folk,ama moram da priznaam deka na turbo folk zurki i koncerti i mn ubavo sum si pominuvala,bas zasto se takvi lesni i veseli pesni.edinstveno ne mozam rok da slusam,drugo se mozam
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.364
    Допаѓања:
    36.957
    Прво, има ваква тема со наслов турбофолк. Друго, викаш кажете си ги мислењата, ама да не бидат од типот тој и тој. Па како да си ги кажеме мислењата кога не условуваш? И сега јас ќе речам еве ја поштувам Цеца, ама не слушам турбофолк и не одам во кафани и.т.н и.т.н, ама ќе испадне дека лажам. И ете битно сум дала мислење. :worried:ilent:
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    што е со темава одлучи се турбо фолк или хип-хоп неможеш во еден кош да ги ставиш :!: :!: :!:
    јас и тоа и тоа слушам....СЕ што ми се допаѓа во моментот слушам во зависност од расположение...и ДА како што останатиите музички правци со себе носат одреден стил на живот така и овие 2 правци :)
    ќе ве замолам без навреди за било кој правец на музика и неговите слушатели :!: :!: :!:
    ...ви се допаѓал или не...ваше право и избор, ама не преминувајте кон вулгарности и навреди кон оние кои не се ваши истомисленици :)
    поздрав
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Не слушам турбофолк,немам некое мислење за таков вид на музика.
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    темата ти е интересна, ама многу принципиелен бе ти :D е ова ти е етичка рамка :D
    а во врска со темата... за турбофолк незз што да кажам едноставно, значи има песни кои ми се допаѓаат не викам не, ама не се од оние ептен сељачките, туку овие понапредниве :D а хип хопот некако ми е во душа заедно со баладите :wasntme: и толку од мене :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.396
    Си сакам хип хоп, не, се извинувам, ОБОЖАВАМ ХИП ХОП :clap: , слушам скоро се' , од Old School, до последните денешни глупави рими. Не се делам строго како некои пасионирани обожаватели на East&West Coast, го сакам и 2PAC и Notorious B.I.G, и Diddy, Lil Wayne, (да не набројувам сега де) и покомерцијала и све! :P

    Е сега... глупо би било да кажам дека Спушти се доле од Г-дин Слаткар е една бедна песна (што е реално), а во исто време да го сакам 50 cent и Candy Shop (секој го разбира преводот, па сеа види), ама тоа е тоа, јас секако го сакам , го слушам и го почитувам повеќе 50 cent, и не сакам да слушнам коментари од типот - сакате се' што е америчко, бла бла бла, не си го поштуваме сопствениот рап и такви проповеди! Мене не ми пречат нашите квази-рапери, иако лично ми се смешни, ми се фураат, не ги сакам, не ги слушам, дали можам да набројам 5-10 нормални, асални македонски рап песни!

    Е сега за турбо фолк-от.... Не можам да се правам дека не сум слушнала за Цеца или Аца Лукас или Бајпас. Излези еднаш во кафана, и да не ги знаеш - ќе ги научиш! :D Порано повеќе се нервирав, сега се олабавив, секој си има свој вкус, а за вкусови не се расправа, нели (по бон-тон). :lol: Факт е дека огромна маса на луѓе слуша турбо фолк, без оглед дали е од село или од град, и без оглед на IQ-то, и е феномен и тоа е тоа. Ајде со друштво, уз пијанка, у кафана, сфаќам некако. Ама да си пуштам јас по дома сама за мој ќејф турбо фолк? :x I don't think so!

    Ама ако морам да пресечам помеѓу турбо фолк и рап... Ма дајте ве молам, хип хопот е уметност!!! Поштено.... ;)
     
    На TheKiketoo и girl1985 им се допаѓа ова.
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    најодвратната музика најглупавата музика без никакво уетничко достигнување
    не сакам да навредам никого со ова, тоа е само мое мислење :)
     
  14. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Не слушам таква музика,не ми се допаѓа ниту малку и не се замарам да коментирам за таквиот тип на музика.Едноставно мило ќе ми биде да исчезне :^)
     
  15. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.006
    Ова ко ја да сум го пишувала.Истото го мислам. :)
     
  16. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    za hip-hopot se izjasniv na edna druga tema
    a za turbofolkot mene navistina ne mi se dopaga toj tip na muzika
     
  17. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Јас и двата жанра на музика не ги слушам не ми се убави. :)
     
  18. prettyButerfly

    prettyButerfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Jas slusam pop mozika...za hip hopot porano mislev deka e za nikade ama ete i toj stana popularen..vo vrska so nego ne mi se promenilo misleneto tekstovite se onaka so bi rekle u stil na gradski faci sejaci i smizli, izrazuvane na najnisko nivo.. bjak..ama nz stana nova kultura ama sepak ki4 se..jas gi znam i peacite i pesnite onaka poprilicno i ne mozam da recam deka ne gi slusam ama nemozat ni od daleku da se sporeduvaat so stranskata muzika koja e dosta pokvalitetna,po so stil i sovremena..za turbofolkot(pot turbofolkeri ne gi podrazbiram site srpski peaci..zosto ima i takvi koj site gi stavat vo ist kos) ima edna dobra rabota vo vrska so nego .Na ovaa muzika se pravi jaka atnosefera zatoa sto pesnite se veseli lesni brzi bas za razveseluvane (mozebi zatoa se tolku slusani) ..slusam znaci se !Spored mene turbofolkot e za pravene dobra zurka..hip hopot i toj nesto sluicno a stranskata muzika e za relaksirane sovremena i moderna...(ama ima i mak pesni i peaci sto se moderni i so stil ne vikam ne :)) );) :P :P
     
  19. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    30
    Turbofolk ne slusham i nikogash ne sum slushala epten nekogash po nekoja pesna i toa premnoguu premnogu retko.
    A za rapot ee toa veke druga prikazna rap slusam i go obozavam nemozam da izdrzham eden den bez da slusnam nekolku rap pesni pa makar i da se od slatkar ;)
     
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе кажам дека се почесто ги слушам младите како велат .Турбофолк не никако. А Кога ќе запее некоја Турбофолкерка сите се на маси и столови во затворен простор .А на отворено во голем број :lol: