КАТАСТРОФА! Не знам стварно како може некој да го слуша и што гледаат во тие песни. За расположение има и друг вид на музика која може да го постигне тоа а сите слушаат турбофок. Многу жално е што веќе овој тип се распространил и ги заробил и помладите и постарите.. стварно мислам дека е дури загрижувачко. Каде и да има забава турбофолк се пушта, од секаде се слуша и веќе нема место каде би можело да се помине убаво.. Тоа е мое мислење.. јас не можам навистина да ги поднесам овие песни и не можам да си поминам веќе никаде убаво зошто не можам да се опуштам во такви песни и да можам да се расположам
турбофолк воопшто не слушам и мислам дека стварно е жално што речиси на секоја збава се пуштаат такви песни според мене има мн добри рап и хип хоп песни и не се сите со пцуење и не се зборува во сите исто има супер песни за животот и општеството, за љубовта, итн.......... А од песните на СЛАТКАР, ТОНИ ЗЕН и мн др кои во своите песни го навредуваат женскиот пол, ИСКРЕНО МИ СЕ ГАДИ
Што знам...мене ни една музика не ми пречи, не можам сега да паѓам во несвест леле како можеш ова да го слушаш, селско е или не знам какво...или да викам леле овој е сељак слуша турбофолк или види го металец е.... Секој си слуша што сака а јас немам ништо против. Не само фолк песните туку и странскиве во последно време имаат безвезе текстови, Кејти Пери и Ријана се полезбејчија за слава, Гага не знаешто се тоа панталони, секаде е гола ... нашиве уште држат до некое ниво, бугарките одамна се отидени...србинките се топ , ама многу силикони и ботокс , како и бугарките. За квалитетот на музиката може да кажам: брееееее се е плагијат, цел нов албум на Џогани е плагијат и тоа од познати песни, не се ни криеле кога краделе. Јас лично сум повеќе по рок, ги сакам екс ју песните, уствари си правам избор од се што ќе стигне до моево уво.
Турбофолк -постсоцијалистички феномен, настанат при корозијата на тогашното Јуџосљовенско уреџење, луѓето немале друга работа па чик погоди им се видело ко најбоље заебанција. Хип хоп -никад не сум слушала, тешко дека некад ќе прослушам. Се што нема инструменти и не е отсвирено од образовани музичари -не е добра музика. Секако, навелико се слуша нубска музика, ама сега тоа е. Јас лично слушам гранџ, метал, панк, рок, класика, џез, блуз, ска, ама хип хоп/рап и турбофолк -не! И не го гледам задоволството во слушањето на таа музика. Секс, ставање шминка, штикли, тесни фустани... аман бе... Кршење чаши наместо добра шутка? Мешање наместо хедбенгинзи? Не фала. Тоа не е за мене. П.С: Забегав јас, пардона ме.
Турбофолк,хип хоп !Кич или нова “урбана“ култура? Не слушам и не сакам турбофолк! Одвратен ми е тој тип на музика! Најмногу ме нервира кога ќе видам малечки дечиња кои пеат за секс и превари!
од секогаш музиката била продизвод на опшеството, значи дене е хаос, се случуваат работи шо денес се интересни утре не итн, па така и турбофолк песните денес се слуша една песна утре друга.Мислам да се разбериме јас слушам трбофолк, ама нормално прам селекција, кој песни ке ги слушам кој не. а најжално е со денес музиката не се слуша туку се гледа, заради то шо, никој не слуша како пее пеачката/пеачот, туку гледат како изгледа и колку е разголена пеачката позз
Слушам и турбофолк и хип хоп и ар ен би и поп и рок и рок ен рол и секој вид музика. Па?? Немам комплекси од типот „селјаци слушаат турофолк„ и сл. Одам на свирки кај што свират турбофолк и народно, и кај што има забавна и метал... Музика е музика, секоја е убава на свој начин и за оние со слух секоја е добра. По дома си пуштам секакви песни, во зависност од расположението.
Да,жанрот кој ќе го слушаш е прашање на вкус. Меѓутоа,да го карактеризираш хип хопот како турбофолк,кичерај итн. е производ на НЕЗНАЕЊЕ. Ве молам,за почеток сите што го карактеризирате хип хопот како НОВА КУЛТУРА гуглајте малку И кажете му збогум на црнилото. П.С. насловов на темава,е нешто најмногу што ме насмеа последниве денови.
Bob Dylan had a terrible voice but gave us some of the greatest songs of the last century, Freddie Mercury managed to sing like a lady while being a rockstar, Carl Wilson was about 16 when he became a star, Steven Tyler totally looks like a lady, But somehow if you mix all of it you end up with Justin Bieber.
Ќе кажам само дека во насловот на темава и зборот „култура“ требало да оди во наводници. Со тоа, мислам дека е јасен мојот став околу ваквите квази-музички стилови.
http://www.youtube.com/watch?v=Lmb5E_Qr ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=g0_2vmkTmf0 http://www.youtube.com/watch?v=WgJvF3f2 ... re=related Aко ми речи некој дека ова не е урбана култура и дека нешто повеќе се сработило во рокот/џезот/блузот/класиката нека оди да се убие! Ах бе жени, жени... Квази ако било хип-хоп културата..ела испуштај 3 различни звуци во еден глас да те видам. Епа дојди !!!!!!!!!!!!!11
Епа нека пеат и свират истовремено од уста да ги видам!!!!!!!!!!11 Навистина е кич хип-хопот. Кич е ова(мислам каде е уметноста во ова?) Па и баба го може ова.
да да да турбо фолк слушав на времето порано , сега имам друг вкус други места на излегување , а кога ќе споредам двете со сигурност тврдам дека турбо фолкот е мнооооогу некакао уназадувачки на народот , што знам катастрофа ми е сега
Турбофолк - производ на три ноти од една скала ,безвезен ритам во стил чакија на мозокот и безвезен текст кој нема допирна точка со полезно литературно дело , правец (т.е. кривец ) во музиката на кој се веселат луѓе без сенс за уметничко дело . Ни сум слушала ,ни ќе слушам ,презирам од дното на душата се што спаѓа во оваа класа ,презирам дигање на РУКЕ на Цеца ,Аца ,Стоја и не знам уште која ,презирам локање и сечење вени на вакви песни а најмногу го презирам тој Громот на Цеца од истоимената песна поради тоа што уште ја нема стрефено ,неа и таквите ко неа ! Малограѓанштини ! Хип Хоп - Респект за сите што не опишуваат сексуални активности во песните . Најјак музички стил !
Па да кај нас за жал хип-хопот е нова култура! требаше да се јават Стаклар и компанија штетници на сценава да вегетираат и да продаваат муда за бубрези! Жално е што младинава е у филм ги подржува тие квази нумери безвредни текстови и сл..не дека сум против хип-хоп,напротив ама ова кај нас што се дешава..секој ќе земе микрофон у рака и ајде мамооо јас сум рапер,хип-хопер! чекераут! смешно! да не коментирам за турбофолкот крива е државата што дозволи до толку да навлезе кај нас тоа кобно срање! затоа као последица ќе имаме 3000 души на Џамироквај а цела Борис Трајковски на Боки 13 и звезде гранда! фуј
Турбофолк! Од каде да почнам? Дали од нивните ајде да ги удостојам со назив -песни, кои имаат мелодија која мава во мали мозак и текст кој посакувам да го избришам од мојот ум ведаш ИЛИ од нивните аутфити каде на виделина ги имаме 99% од нивните гради и само ни фалат брадавиците? Моите врсници и општо младите треба да слушаат друго. Џез за опуштање- не Цеца. Револтирана сум од тоа колку млади слушаат ваква музика. Хип-хопот е во ред. Според мене, ги прифаќам песните каде не се зборува за пари,жени и коли. Тони Зен не се нарекува рапер според мене. Во ист кош ги ставам и Џеј Џеј и компанија. Вистинскиот рап не е за голи груди. Врчак мене ми е рапер, тој е хип-хоп? Доказ за тоа е нивната „квалитетна песна“ - Пази се од мене. Срам. Ви благодариме за вниманието, трба една кампања: Што е музика?