Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Турбофолк, хип-хоп! Кич или нова „урбана“ култура?

Дискусија во 'Музика' започната од Boyfromtown, 30 март 2010.

  1. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    за турбофолк имам да кажам само ова -> :puke: :puke:
    a рап слушам, повеќе слушам странски изведувачи отколку наши но има и наши кои се доста квалитетни а не им се сите текстови за секс и незнамсишто. Да не набројувам многу и да не го тупам , толку од мене. :)
     
    На ELIDavor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MarcheloGirl

    MarcheloGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    13
    и Марчело и БС :) :)
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Јас ќе бидам искрена. :) Понекогаш слушам турбофолк затоа што песните ме развеселуваат, и секогаш кога одам во кафана со добро друштво убаво си поминувам. Да не ме разберете погрешно, не слушам цело време, кај мене тоа зависи од расположение. И не мислам дека сите вакви песни се простачки, малограѓански и слично...
    Човек не треба да се гледа и да се проценува по музиката што ја слуша, сите си имаме различен вкус и различна претстава за тоа што е убаво а што не.
     
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Добро, а заедничкото меѓу турбофолк и ХИП-ХОП ?
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Недоволна упатеност во музиката од страна на обожаватели и „плукачи“ на правците. Тоа е заедничкото. :)


    Турбо-фолкот го слушаат оние неупатени кои по игра на судбината израснале во семејство/опкружување кај кое Пинк/ДМ/Планета телевизија биле вклучени нон-стоп. За нив, тоа е единствената музика со која се запознаени и буквално се крстат пред срцепарајучите, жалопојно-развлечени стихови кои тесно ги поврзуваат со делови од својот живот. Иако не ја сфаќам поентата на постоењето на турбофолкот и за мене е само труење мозок со безвредни лигавења кои ја оштетуваат и намалуваат сивата мозочна маса, неможам сите турбофолк „љубители“ во глобала да ги земам и да ги наречам простаци, пошто ете, некои едноставно слушаат секаков вид музика, па и оваа.. Мајке ми, вкус. Но на страствените турбофолкери, никогаш не им ни текнало дека постојат други музички правци, а недај боже пак други музички правци на странски јазици. :o
    Е тука станува збор за неупатеност и незаинтересираност од типот „Што е тоа бе клатење наркомански глави/црнчишта во широка облека, пушти си златен Аца да скршиме некоја чаша за душа.“, кога ке пробаш да им ги прошириш музичките хоризонти.

    За хип-хопот како прво е навреда да се стави во ист кош со кичерајскиов турбофолк. Но, пак, недоволната информираност околу него, како и „придонесот“ на „раперите“ од Македонија, хип-хопот е претставен како нов правец и во многу лошо светло. И искрено ме иритираа коментари во кои Тони Зелен и Шлапкар се спомнуваа како прва асоцијација за хип-хоп. Убаво е барем што повеќето не ги сметаат за рапери, пошто не се, но треба и да се слушне вистински рап, па тогаш да се донесе заклучок колку оваа музика и култура се „кич“. А нашиве ванаби раперчиња...па виделе ли тие нешто од уличен живот? Сигурно. Живееле некогаш во гето во кое не биле сигурни дали ке се разбудат сабајлето, и се буделе со звуци на пиштоли и сирени на полициски и амбулантни возила. Riiiiight. Овие ги будела мамичка со појадок во раце, пробале марихуана 3 пати при што се посрале од страв да не ги фати некој и готово, он ми ти бил хип-хоп, my ass!
    Да не должам: Турбофолк = кич! Хип-хоп = урбана култура со прилично долга традиција, никако нова, но за жал неприфатена и недоволно сфатена за да би била почитувана како што заслужува.
     
    На Sara123, TheKiketoo и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Калиопе, се согласувам за неупатеноста..
    Хип хоп е култура. Стил на живеење со филозофија.
    Рапот како жанр во музичката индустрија зема се поголем замав во светов.
    Е сега во Македонија, зошто прва асоцијација е Тони Зен ? А кој да биде ? Никогаш не го разбрав плукањето по Зен, најсериозно.
    Почна хип хоп револуција и успеа. Во ни еден наврат, од тие што сум го следела не се мавал в гради дека хардкор рапер кој нема кеш, жртва на насилство и слично.
    Напротив, цело време укажува на тоа како му се може. Никогаш не се претставувал поинаков од тоа што навистина е .
    Одговорно го ставам на ниво на светските рапери. Моќен е. Кога може Фифти, може и Тони.
    Слаткаристика ? Болна тема. Посебно се иритирам од плукање по него, без да се знае неговото дело. Се ужаснувам.
    Толку од мекиот рап во земјава.
    Тврдиот рап, оној вистинскиот рап не е ни малку за потценување.
    Имаме премногу екипи,премногу емсија, кои заслужуваат почит. Пола од нив немале шанса, па затоа ќе останат андерграунд..а другата половина остануваат верни и хардкор во душа.
    Но, тука се и уана би раперите.
    Ги имае во секој град, во секоја населба а среќниците со повеќе пари и на телевизија. Рецитираат за тоа како немаат кеш, а со тимберлендки на нозе.
    Е не иде тоа така..
    И да, грев е хип хопот да се нарече кич.
     
    На Sara123, FortuneTeller.xD и Phyramide им се допаѓа ова.
  7. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    кич. Турбофолкот и хипхопот, по мое, го слушаат луѓе што немаат музичка душа, и очигледно не се разбираат од музика... да се разбираа, немаше да слушаат кич покрај толку многу прекрасни музички приказни.. но сепак, тоа е релативно, како и се друго, и ова е само мое мислење... јас не поднесувак ваква “музика’’
     
  8. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Турбофолк-- дефинитивно кич
    Хип -хоп и рап :Down: , но сепак тоа е вкус, секој има различен :)
     
  9. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Турбофолк или порнофолк??? :^)
    иначе да мрзам турбофолк...нека не се навреди некој,но за жал нашиве турболки се поише и поише прават порнофолк! :x :x :x :x
    http://www.youtube.com/watch?v=gA1tXQgL ... _embedded#!
    што е со женаваааааа????????????/ :x :x :x :x :swear:
     
  10. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Се слушам освен сарфошки песни и такви срања. :D ама слаба страна ми е рапот. :lol: 8)
     
  11. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Малку е да се каже дека турбо фолкот е кич.Тоа за мене не спаѓа во музика. :puke: :puke:
    не слушам и не планирам да си го оштетам мозокот со тоа :puke:
     
  12. Yours5forever

    Yours5forever Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    обожавам таква музика!...

    ‘_____‘
     
  13. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Музиката што доаѓа од западната хемисфера на светот како хип-хоп, РНБ, електронска, рок, метал, панк и најновото сељачко латинско лудило наречено регаетон се исто ѓубре како турбо фолкот. Гледано реално и објективно. Иста деструкција, прости мелодии, повторувачки зборови, глупи спотови, голотија, секс.

    Песните на Цеца немаат никаква помала уметничка вредност од песните на Бијонсе, Рихана, Мадона, Адел, Дрејк, Ed Sheeran, Тиесто. Не слушам турбо-фолк воопшто.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.626
    Пол:
    Женски
    Што, што... Молам?!?
    Е ти честитам Жак, веќе нема ниедна категорија во која не си ми направил епик фејспалм со некој пост :clap:
    Адел и Ед Ширан, па и Тиесто ги ставаш у иста реченица со факинг Цеца, немала нивната музика поголем квалитет од нејзиниот турбофолк?
    Тиесто е еден од основачите на електронската музика. А дали Адел една строфа си ја слушнал во живо како пее, и дали еден текст од Ед Ширан си прочитал (на The A Team, Photograph, Give me love...)?
    Сериозен ли си? (facepalm)

    [​IMG]
     
    На Lella, *Amethyst*, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А ти па што слушаш баш ме интересира?
    (facepalm)
     
    На elimkd, Nausicaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Зошто мислиш дека оваа песна е лоша? По кој критериум песните на Адел, Ед Ширан се “продуховени и длабоки“, а на Цеца кич?



    Или песната на Џеј?



    Не го бранам турбо фолкот, туку исто срање ми се.
     
    Последна измена од модератор: 23 јули 2017
    На elimkd и carangigia им се допаѓа ова.
  17. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    јас мислам дека цеца е вејке претеризам, јас ја слушам цеца само кога ке се погодам да моите приатели слушаат цеца,а дека ке станам да играм на тоа бррр нема шанси јас слушам турбофолк ама не некои тешки што би се изразил"шабанерии" ме нервира и некако ми нема живот таа музика јас никого не напајгам секој си слуша тоа што му прилега а ако напајгајне е тоа што кажуваме што мислиме за еден стил конкретно за овој мислам дека никого не напајгаме
     
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @Jacques си ги слушал ти уопште песните на Ед Ширан, Сиа, Авичи, Колдплеј или си се фатил само за безобразниот спот на Кети Пери и одма цела странска музика е катастрофа..?
    Цеца со нејзината музика ако воопшто може да се нарече тоа музика, не може на нокт од прст да им се фати на наведениве.
     
    На simonka93, Ketchup, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тиесто го споредуваш со Цеца? |((highfive)
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.626
    Пол:
    Женски
    Во една тема се фалеше колку имаш чувство за естетика, убавина, уметност. Епа јас сеа ќе те прашам како @Tan4ence, што слушаш ти со твојот толку истенчен и продуховен вкус?
    Не, за другите не коментирам дека се најнај, ама Адел, Ед Ширан и Тиесто да ги споредиш со Цеца - значи дека НЕМАШ ПОИМ ОД УМЕТНОСТ, најискрено ќе ти кажам.
    A aко и во ова и во ова не наоѓаш квалитет и посебно ако наоѓаш нешто што ти ги повредува твоите „високоморални“ гледишта, тогаш навистина ти нема помош.
     
    На *Amethyst*, simonka93, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.